Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Се форсира образование за да се одложи проблемот со невработеноста. За некоја година. После ќе видиме што ќе биде модерно. А тоа што некому не му се работи: па во ова општество што во секоја смисла на зборот се распаѓа неколку децении тоа не е многу чудно. Не само што недостасува мотивација, нема дури ни надеж дека нештата ќе се подобрат во догледно време. Смешни ми се тврдењата за мрзливоста кај народот и прашањето зошто не кревал глава, или не дај боже рака :) . Лесно е денес да исплашиш и да замолчиш човек, посебно ако имаш средства и начини за такво нешто. Механизмите за заштита на тој што се буни се во рацете на оној што е обвинет. Да се најде пристојна работа кај нас денес е ретка можност, па го немаме луксузот како во некои многу поразвиени држави, ако не ни се допаѓа работата да заминеме, убедени, и тоа со право, дека за недела-две, ќе најдеме исто такво, ако не и подобро работно место. Ете една причина многумина да стекнат послушнички навики.
Па и младиве не се глупи (или се? којзнае?). Се виде дека во мешање малтер и лепење плочки нема некоја пара, а изживувањето на газдата+12 часа работа на сонце или на ветар не е за занемарување. Се виде дека парата претекува во некои други сектори, каде што полуписмени, недоносени за година спечалуваат повеќе од она што двајцата родители на „мрзливото“ дете не го заработиле цел живот. Тоа раѓа фрустрираност, отпор, незадоволство. Ако можат тие, зошто да не можат и другите да си ја испробаат среќата? Барем на спортска? Се следи „успешниот“ пример, не советите на очигледно финансиски неуспешните кои го величат трудот и работливоста. Вистината кај нас е поинаква. Ретки се кај нас оние што чесно, преку било каква дејност се збогатиле. Главно се тоа транзициони тајкуни, политичари, современи феудални господари, тендер-мајстори и криминалци со избелен образ.
Оттаму, се` додека кај нас не се изменат состојбиве, тешко дека трудот ќе биде вреднуван. Зошто, она што се вреднува, тоа и се плаќа. Ако некој заклучи дека поисплатливо му е да седи дома, тоа е негов проблем. Ама ако половина народ така се однесува, тогаш...
И да, ако во Скопје не е баш најрозов животот, каков е во другите краишта? Во Берово на пример, во Македонска Каменица или во Дебар?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Македонија е земја на парадокси !
Од една страна имаме 30% невработеност и исто толкав процент на сиромаштија, а од друга страна пак во блиска иднина ќе треба да увезуваме работна сила од некои земји од Азија, Африка, Лат.Америка...
Во последниве неколку години секоја година на факултети се запишуваат преку 90% од завршените средношколци(матуранти) а интересот им е најголем за медицина, информатичка технологија, економија, правно, странски јазици, политикологија, новинарство и.т.н.
Не е ни чудо што повеќево градежни работници(мајстори, тесари, армирачи, фасадери, ѕидари и.т.н.) се лица постари од 50 год.
Никој од помладава генерација(освен оној кој е во голем зорт) не сака ни да помисли да фати чекан, тесла, даска, цигла... со рака, а камо ли па да се качи на високо скеле на ХХ спрат !
Точно е тоа дека во оваа професија условите за работа се тешки, нередовни примања, прекумерна работа(повеќе од 8ч), работни викенди и празници, немањето на соодветна заштита на работното место(висок ризик), неосигурувањето и.т.н. но ипак мислам дека и покрај се на младиве таа работа не им е примамлива, па дури и да се даваат повисоки и редовни плати и да се работи нормално(8ч/слободен викенд и празници) пак нема да прифатат !

П.С. Во една држава неможе сите да бидат ’’господа‘‘: доктори, хирурзи, професори, економисти(менаџери), правници, информатичари, инженери, преведувачи, политичари, бизнисмени(газди), новинари... мора да има и некој кој ќе ги работи оние подолните(мачни и нечисти)работи: чистач копач земјоделец сточар
продавач ѕидар чувар/вратар/избацивач шофер/таксист/превозник/добавувач и.т.н. и.т.н.
Кој ќе ги работи тие понеугледни работи во иднина ? откако сите ќе имаат диплома во џеб ? Зарем мислите дека некој кој завршил некаков факултет: медицина, економија, правно и.т.н. би зел да работи со земја, стока, бетон, ѓубре и сл. не верувам, ќе мора во иднина да увезуваме работна сила од некои други држави, бидејќи кај нас ќе ја нема, а пак од друга страна сме земја со скоро третина незапослено работоспособно население ! Парадокси
:tapp:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
за физикалец не ти е потребно школо
едноставно само добра физичка кондиција-и празна глава -психички да не е оптеретен и да му е во главата рааааамно од тука до Војводина- за него ќе биде песна да работи и на минус и на плус 40
ако веќе некој решил да си го „уништи“ животот , да не заврши високо образование, да не се надградува во текот на животот , да нема некакви високи цели- кратко кажано tabula rasa- тогаш и чираштвото е некаков успех за него- атек мајсторлукот - тоа би било ВРВ на успехот
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Учете за дереари.Повеќето дреари се пред пензија и во блиска иднина ќе има недостаток.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
па сигурно некој не се разбудил и решил да биде гробар.
некој треба и тоа да го работи нели или ке ги оставаме по улици умрените или во некој џбун онака ке ги фрлиме.
јас нејкам ова нејкам она, сакам вака сакам така.
демек некој гори од желба да копа гробови или да се пентери по скелиња. сигурно животна желба му било:facepalm:.
инаку жива вистина. другар мој кој почна како амал баш во градежништво сега има 15 вработени, своја фирма и ке речам сам свој газда. да и два стана и три возила. едно онака за шетња и две за кршење. и да биди работата поинтересна мајсторите кај него можат татковци да му бидат. ама ете не им делиле. не се прави од секое дрво свирче.
и да со средно е, башка матурата јас му ја полагав. јбг другарчиња.
значи пак ке речам не е битен факултетот за да успееш во животот. ако не ви делиле пет факултети завршите ако сакате џабе ви е.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Се форсира образование за да се одложи проблемот со невработеноста. За некоја година. После ќе видиме што ќе биде модерно. А тоа што некому не му се работи: па во ова општество што во секоја смисла на зборот се распаѓа неколку децении тоа не е многу чудно. Не само што недостасува мотивација, нема дури ни надеж дека нештата ќе се подобрат во догледно време. Смешни ми се тврдењата за мрзливоста кај народот и прашањето зошто не кревал глава, или не дај боже рака :) . Лесно е денес да исплашиш и да замолчиш човек, посебно ако имаш средства и начини за такво нешто. Механизмите за заштита на тој што се буни се во рацете на оној што е обвинет. Да се најде пристојна работа кај нас денес е ретка можност, па го немаме луксузот како во некои многу поразвиени држави, ако не ни се допаѓа работата да заминеме, убедени, и тоа со право, дека за недела-две, ќе најдеме исто такво, ако не и подобро работно место. Ете една причина многумина да стекнат послушнички навики.
Па и младиве не се глупи (или се? којзнае?). Се виде дека во мешање малтер и лепење плочки нема некоја пара, а изживувањето на газдата+12 часа работа на сонце или на ветар не е за занемарување. Се виде дека парата претекува во некои други сектори, каде што полуписмени, недоносени за година спечалуваат повеќе од она што двајцата родители на „мрзливото“ дете не го заработиле цел живот. Тоа раѓа фрустрираност, отпор, незадоволство. Ако можат тие, зошто да не можат и другите да си ја испробаат среќата? Барем на спортска? Се следи „успешниот“ пример, не советите на очигледно финансиски неуспешните кои го величат трудот и работливоста. Вистината кај нас е поинаква. Ретки се кај нас оние што чесно, преку било каква дејност се збогатиле. Главно се тоа транзициони тајкуни, политичари, современи феудални господари, тендер-мајстори и криминалци со избелен образ.
Оттаму, се` додека кај нас не се изменат состојбиве, тешко дека трудот ќе биде вреднуван. Зошто, она што се вреднува, тоа и се плаќа. Ако некој заклучи дека поисплатливо му е да седи дома, тоа е негов проблем. Ама ако половина народ така се однесува, тогаш...
И да, ако во Скопје не е баш најрозов животот, каков е во другите краишта? Во Берово на пример, во Македонска Каменица или во Дебар?
ОК јасно ми е за во приватните фирми, но слушам од блиски луѓе дека во последно време(задниве неколку месеци) и во државната администрација(здравство, школство и.т.н.)платите многу им каснеле, што не било случај порано, порано земале плата да речеме до 5ти или макс. до 10ти, а сега почнаа да зимаат и после 15ти, па и после 20ти ! Уот ис д прабл’м ? Дали државниот буџет е во колапс(има огромни дупки), па државата нема пари дури ни да им исплаќа редовни плати на административците/буџетарите, како и редовни пензии на пензионерите !
~150 илјади административци/буџетари и ~300 илјади пензионери не се мала шала, а плус и социјалците(~50 илјади соц.семејства) !
Иако од година во година буџетот е се поголем, од година во година се помалку има пари во државната каса, па мора да се зимаат кредити/заеми од странски држави, банки, фондови ...... за да им се исплатат платите на администрацијата, како и пензиите на пензионерите, а сето тоа води кон Грција(дужни ко Грчка) !
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Малку и јас да се умешам во грдежништво пошто сум од таа струка - ПЛОЧКАР - работам повише од 20 г. еве неколку последни случувања барам по огласи, во златна книга адреси и секаде кај што ќе ми текне. Сега брзо - Се сретнувам во Скопје со еден предузимач и се договарамо за условите , за плата и се др. Ми вели ќе дојдеш со 4 мајстора и со 1 физикалец, тоа не е проблем не има доста во Куманово ми вели пензиско и социјално ќе не пријави, еднаш годишно ќе ни даде радно одело, алат његов и плата 25 000д. месечно а за сето тоа он на нас ни бара 250м2 месечно секој од нас да му излепиме плочки тоае 10м2 на ден а кога ќе работимо по некоји маркети каде што е веќино подна таму да лепиме по 20-30 еден мајстор за истата плата.
Сега да израчунаме превоз 25 x 270 = 6750д.+ јадење колку ќе ни останат.
А сега вака 250м2 x 4евра = 1000евра тоа се 61 500д. он сака со половина од мојата цена да ме плати а плус тоа он има уште две евра по квадрат.
Многу градежнициве се понижени работат во мизерни услови на големи вруќини на големи студови на лоши времиња каде имат уредни мензи за јадење и многу други недостатоци --- мафијата цвета во градежништво.
За таа плата што он ја нуди боље да биде човек овчар него плочкар.
Друго што многу убаво се сеќам 97г. јас сум работел 7 марки тоа се сегашни 3,5 евра. дизелот тогаш чинеше 22д. а сега е 75д. струја тогаш плаќев 450д. а сега 2000д. и
Денеска мисла дека многу се редат предузимачи од изведувачот ја зема еден предузимач па од него друг па од тој трет и на крај работникот највише настрада.
Има још многу али достае за сега.
Епа друже биди поспособен од предузимачот и најди си ја сам истата работа.

Кај мене во фирма запослив дреар.Кога го виде обемот на работа одма побара 30-40000 денари плата.Му кажав,,Друже евети го дребонгот'',ако сакаш работи тука ако не носи го кај тебе дома,мојата работа завршија,а ти што ќе работа што ќе си најдеш земи си ги сите пари.Не поминаа две недели се врати со се дребонг и работи за 12000.Има работно време 8 часа,а по потреба или ако сака и по 10-12 + пријавен,осигуран и добива екстра бонуси ако исполни норма.
Сите сакаат преку леб погача
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
ОК јасно ми е за во приватните фирми, но слушам од блиски луѓе дека во последно време(задниве неколку месеци) и во државната администрација(здравство, школство и.т.н.)платите многу им каснеле, што не било случај порано, порано земале плата да речеме до 5ти или макс. до 10ти, а сега почнаа да зимаат и после 15ти, па и после 20ти ! Уот ис д прабл’м ? Дали државниот буџет е во колапс(има огромни дупки), па државата нема пари дури ни да им исплаќа редовни плати на административците/буџетарите, како и редовни пензии на пензионерите !
~150 илјади административци/буџетари и ~300 илјади пензионери не се мала шала, а плус и социјалците(~50 илјади соц.семејства) !
Иако од година во година буџетот е се поголем, од година во година се помалку има пари во државната каса, па мора да се зимаат кредити/заеми од странски држави, банки, фондови ...... за да им се исплатат платите на администрацијата, како и пензиите на пензионерите, а сето тоа води кон Грција(дужни ко Грчка) !
Па администрацијата, чија дејност е колку што разбирам (а искрено во економија не се разбирам премногу, но некои работи не може да не се видат) услужна т.е. не произведува и пензионерите се на товар на буџетот кој најмногу се полни од производствениот и трговскиот сектор кои еродираат. Па не е чудно и платите и пензиите да каснат. А да станеме дужни како грчка и да сакаме не можеме. Не сме европско милениче.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
па сигурно некој не се разбудил и решил да биде гробар.
некој треба и тоа да го работи нели или ке ги оставаме по улици умрените или во некој џбун онака ке ги фрлиме.
јас нејкам ова нејкам она, сакам вака сакам така.
демек некој гори од желба да копа гробови или да се пентери по скелиња. сигурно животна желба му било:facepalm:.
инаку жива вистина. другар мој кој почна како амал баш во градежништво сега има 15 вработени, своја фирма и ке речам сам свој газда. да и два стана и три возила. едно онака за шетња и две за кршење. и да биди работата поинтересна мајсторите кај него можат татковци да му бидат. ама ете не им делиле. не се прави од секое дрво свирче.
и да со средно е, башка матурата јас му ја полагав. јбг другарчиња.
значи пак ке речам не е битен факултетот за да успееш во животот. ако не ви делиле пет факултети завршите ако сакате џабе ви е.
На работа(било државна, било приватна) ти се бара работна рака, труд, пот, знаење, умешност, а не дипломчиња !
Ниеден газда нема да ве праша какви оценки сте имале во школо и колку дипломчиња имате дома закачено на ѕид, туку ќе ви бара занает, работа, труд, пот, умешност !
Ова со дипломиве е чиста фарса, порано во Социјализмот дури и со основно(со 4то или со 8мо)се вработувале, а истите тие денес млатат пензии и по 20 илјадарки пензија, а денеска што ако имаш диплома, кога безвредна ти е, обичен лист, обично парче хартија кое може да ти послужи да си го избришеш
г’зот, да си потпалиш ќумбе или да си ја опнеш/закачиш на ѕид !
Школото е битна работа во животот, но не е секогаш пресудна за успех, повеќето успешни луѓе бизнисмени/газди имаат завршено макс. средно образование, а до кај догурале ОК некој може со криминали, но има и доста вредни и способни еснафи и ербапи луѓе, ко што кажа ВладеМКД за неговиот пријател, кој од обичен градежен работник стасал до газда на своја приватна градежна фирма !
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Учете за дереари.Повеќето дреари се пред пензија и во блиска иднина ќе има недостаток.
мислиш на металостругари
( оние што работеа во завод “Јоже“)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Нееее....мајстор никако.
Младите највеќе сакаат да бидат невработени.Сонуваат како наследиле некоја нива или станче и оп,одма продажба,па да се прошета по светот,па ауто...Па послем работа како у некоја америчка серија.
Нема денеска работна навика кај младината..Живеат со помислата дека се посебни и за нив животот треба да биде дарежлив,се да се добе лесно,без напор...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Видете подобро е вака ова е како еволуција и така можностите се намалуваат со текот на време еве отворете фејсбук ,новини и ќе видете како многу бизниси пропаѓаат колку и младите да се едуцирани виртуелно мора да се работи физички понекогаш тие пари се подобри.

Не можеме сите да работиме со ПејПал Алерт Пеј и да нудиме исти услуги а притоа ги нудат преку 100000 луѓе треба малце разновидност.

Не велам да не бидат менаџери или компјутерџии ама има и слатки пари во секој бизнис занатот е еден од нив.

Значи Интернет им го крева егото мислат дека тоа е полесниот пат а знаеме дека не е така.
 
M

Moon Child

Гостин
Па зошто сите учат факултет, за да работат на скеле, дај не заебавајте се знае зошто се оди на факултет, а тој што сака занает да учи, после средно, па и летно време додека е во средно ќе работи. Инаку било каде да работиш, секогаш си чирак за почеток и после се учиш до мајстор, без разлика дали си некој занаетчија или канцелариски работник.
Сите учат факултет затоа што им се може. И двојкаши/тројкаши се запишуваат на факултети и дипломираат. Се изотворија факултети во секое село со мизерен кадар и што сакаш да не завршуваат и да не се надеваат да бидат менаџери?
Не е до нив проблемот. Кој е будала да се качува на скеле кога со мизерно образование, може да биде нешто повеќе.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
некој ако мисли дека со самото тоа што ке заврши факултет ке има добар живот и добра работа и најверојатно ке стане газда, гадно се излажал.
факултетот помага онаму каде се бара некој степен на високо образование за да воопшто и конкурираш за работа. ама и покрај тоа треба да имаш дебели врски море сајли за да влезиш таму. секоја чест на исклучоците, ама за повеќето е така.
за бизнис треба нешто сосем друго, а тоа не се учи. тоа или го имаш или го немаш.
треба да си опортунист, да имаш способност да ја увидиш можноста за заработка. да имаш дарба да го искористиш моментот или приликите на пазарот. треба да ризикуваш и да си добар организатор. и уште многу работи кои се битни , ама ниедна од нив не е факултетот. тој евентулано ке ти поможи да ги истанчиш сетилата или да ја доусовршиш дарбата која ја имаш. но без таа дарба ниеден факултет нема да ти поможи.
тоа е барем моето мислење што го имам добиено од мојот живот досега. можеби и грешам, којзнае!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
пример да се земам јас

-студирав 6 години, додека добив работа се изначекав прекини договри воа ноа.....ме фатија десет години и земам сеа една просечна....сабота и недела сум дома ако работам ми се плака плус 34%....цирка на факс сум потрошил 9 години со се чекање работа и 12-13 илијади евра......

-другар мој, уште од средно научи два занаета ѕидар и плочкар, лепе плочки по 6 евра квадарт а мачка за дупло мислам........има огрмона кука за десет години.....работат двајца со чат пат чираци за испомош........сега е самостоен човек кој не чека на никој....и нормално не е пријавен а и не ни планира.........оти колку толку од заводот му дават примарно осигурање.......

ај сеа да ве видам......многу пати сме ја разработувале темава со другарите......и си викав еј еј додека ти си губеше време другите научија занат и се снајдоа у живот и е напред од мене многу.........тешко да го стигнам, и нека тера.....го дува ветер, промаја, го боле грбот.....ама добар е уше е млад и ке работи......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom