Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Кажуваат дека никој не сака да учи за мајстор, а не кажуваат какви се условите за работа на оние кои што веќе работат како мајстори. Тешката физичка работа треба да се цени, а кај нас не ценат ништо. И после нејќеле да учат занаети. Се додека не се цени физичкиот труд, додека тие работници не се добро платени, осигурани, со определено работно време, и ред други услови што веќе ги спомнавте претходно, само во краен зорт младите ќе се одлучуваат на таква работа, или ќе ја работат се додека не им се понуди нешто полесно што одговара на нашиот мрзлив менталитет.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас зборував претежно за младите луѓе. Има разлика помеѓу 40+ и 23-25/6. Мене ми изгледа како тие што се постари да имаат повеќе елан да работат. Поголемиот дел од младите, се запишуваат на факултет онака и најголема амбиција им е да завршат во администрација. Јас велам дека тоа ми е несфатливо. А сите знаеме со сегашната структура на администрацијата колку се работи таму.

А реално за да даваш плата од 1000 евра, треба прво да ја изградиш фирмата и да и дадеш успех и кредибилитет. Не можам ако сум директор на фирма која постои 6 месеци да давам плата од 1000 евра, ќе банкротирам одма. Ниту пак јас би очекувала плата од 1000 евра, затоа што ги знам стандардите. Како што се развива фирмата, така ќе има и можности за зголемување на платите, но тоа оди постепено.
.
Тоа за младите е точно ама тоа е наметнат феномен од општеството. Од кога сме родени, нашите дома ни трубат "Учи да завршиш факултет па после у убаа фирма да се вработиш".
Дете воспитано на тој начин какво сакаш да биде? Едно е грешка на родителите, друго е грешка на гарнитурата која постојано отвора нови факултети со секаква тежина, од најлесни до најтешки и не само што отвора туку и удира акцент на тоа дека мора да се заврши факултет и на крај како комбинација на овие две нешта добивме младина каква што имаме денес, младина која не сака да работи ништо друго освен тоа што завршила. Грешка-грешка, цел систем треба да се промени од корен, вака не учат на погрешни вредности во животот, фалична младина се создава.

За платата беше хипотетички кажано, поентата ми беше да се даде солидна плата за тежината на работата што се работи и најважно да се обезбедат соодветни безбедносни услови (знаеме каква е ситуацијата кај нас по однос ова прашање). А има, има фирми кои имаат пари да дадат соодветна плата ама не им одговара, повеќе им одговара да си ги земат парите за себе.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Друго, споменав и во еден од претходните постови. Зошто, зошто толку немаат уста да се побунат луѓево? Факт е дека има мобинг, ама попоразителен факт е што тоа е јавна тајна, а речиси никој не пријавува. Искрено, не сум чула некој во поблиску опкружување де факто да пријави мобинг иако имало услови за тоа.

Треба многу работи да се променат и тоа од корен. Многу од сите апекти. Јас опфатив еден аспект, кој е легитимен. Голем процент од младината е паразитска. Можеби згрешив што само делот за мрзеливоста го опфатив, факт е дека има и други работи кои мораат да се променат. Тоа не го порекнав. Ама дека и нашиот менталитет не е најсјаен - не е.
Се плашат, затоа што тешко се наоѓа работа. Веројатно се вработени преку пријатели, дома се во специфична ситуација каде, еден од родителите не работи, другиот прима социјална помош, а нив им останува да си работат и молчат трпејќи го тој мобинг. Не секој има средства да поднесе тужба за мобинг, се плашат и дека не можат истиот да го докажат, се плашат затоа што мислат дека тоа ќе се рашири низ градот каде живеат и ниеден работодавец нема да сака да ги вработи.
Младината е паразитска тоа е факт и мрзлива тоа е друг факт. Сите очекуваат после факултетот да ги вработи државата, ако не го направи тоа ја плукаат како е неспособна, нема врска, сакаат да си одат надвор како таму да цветаат рози. А кога ќе отидат надвор работат како црнци и тоа работат работи кој овде им се понудени и ги одбиваат, ама овде егото е големо зашто Moody или Crazy in Love да дознаат дека некоја си Бранка или Петре работат таква работа, премногу бираат. Втор факт е дека условите овде се тешки луѓето се плашат. Погоре дечкото пиша дека само во јуни месец имало 5 загинати работници. Тоа е цената која обичниот човек висејќи на скеле ја плаќа за профитот на некое профитерче работодавец. Тоа ги одвраќа од таа работа, си викаат, не сакам и мене да ме снајде ова.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А бе јас зборев конкретно за таа група луѓе - мрзи. Тоа што издаваат шупи не значи дека треба да бидат тотално незаинтересирани за животот и случувањата околу нив. Мене тоа ми е поентата. Инертна група луѓе без никакви амбиции во животот. Млади луѓе без идеали. Тоа го гледам околу себе и ми е многу жал за тоа. Ама многу.
А од каде да земе пример младиот човек, таа категорија која ја споменуваш во Скопје претежно се off spring на газди, бирократија, нишачи на врати и слични битија со чии средства дотичните висат по угостителски објекти. Останатите се пред влез или оговараат на клупа со литро и пол горско и кутија родео...
А и оние кои не се во тие категории се подложни на влијание од главниот стандард за “успех“ кој преовладува во овие 20 години, гледаат што се случува и некои од нив се обидуваат да станат дел од “играта“. Вклучи го во ова и изразот на рандом женско (како да видела заболен од Марбург или Лепра) кога ќе го слушне зборот “градежник“ при прашањето што работи типот кој се запознава со неа па ќе ја имаш целосната слика...:)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Добар мајстор толку е и платен од 1300-1500 ден дневница..само работното време 10ч најчесто, а и саботите се работни.
Да ама се ангажирани само кога има работа и тоа неколку месеи после штама затоа најубаво е да работиш и друго покрај тоа нема континуитет и си најчесто ангажиран но не и вработен.

Тоа е капитализам Цитро од денес за утре но не се жалам ја комуновац
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.896
Да ама се ангажирани само кога има работа и тоа неколку месеи после штама затоа најубаво е да работиш и друго покрај тоа нема континуитет и си најчесто ангажиран но не и вработен.

Тоа е капитализам Цитро од денес за утре но не се жалам ја комуновац
Зависи за каков мајстор станува збор..ако си плочкар,гипсар,молер и сл. и за зима има работа,се работи внатре.. Е за ѕидари на отворено е проблем,ко ќепадне снег до колена не се работи.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А од каде да земе пример младиот човек, таа категорија која ја споменуваш во Скопје претежно се off spring на газди, бирократија, нишачи на врати и слични битија со чии средства дотичните висат по угостителски објекти. Останатите се пред влез или оговараат на клупа со литро и пол горско и кутија родео...
А и оние кои не се во тие категории се подложни на влијание од главниот стандард за “успех“ кој преовладува во овие 20 години, гледаат што се случува и некои од нив се обидуваат да станат дел од “играта“. Вклучи го во ова и изразот на рандом женско (како да видела жртва на Марбург или Лепра) кога ќе го слушне зборот “градежник“ при прашањето што работи типот кој се запознава со неа па ќе ја имаш целосната слика...:)
Е па жалосно е што се зголемуваа таа група која ти ја споменуваш. Мене критиката низ целата тема ми беше баш насочена кон таквиот тип на луѓе.

Друго што мене ме загрижува е што има синдикат ама исто како да го нема. Колку пати имало штрајкови за професори и слични професии, но нема кој да ги заштити работниците. На ова мора многу да се работи. Затоа што се додека нема кој да ги заштити, ќе работат на -20 и +40.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Токму така Трендо лешперот еднашка убаво рече ја сакам да јадам а не сакам да готвам.

Значи нашиот народ не е мрзлив но е пребирлив од оправдани причини бидејќи не знае што утрото во денот носи. Е сега тоа трае 20 години а кога 80 % проценти велат дека е така тогаш мора да има вистина.

И што да прави кога неможе да смени ништо барем засега.

На крајот станува политичар соломонско решение нели.
 
Член од
3 март 2012
Мислења
25
Поени од реакции
5
Малку и јас да се умешам во грдежништво пошто сум од таа струка - ПЛОЧКАР - работам повише од 20 г. еве неколку последни случувања барам по огласи, во златна книга адреси и секаде кај што ќе ми текне. Сега брзо - Се сретнувам во Скопје со еден предузимач и се договарамо за условите , за плата и се др. Ми вели ќе дојдеш со 4 мајстора и со 1 физикалец, тоа не е проблем не има доста во Куманово ми вели пензиско и социјално ќе не пријави, еднаш годишно ќе ни даде радно одело, алат његов и плата 25 000д. месечно а за сето тоа он на нас ни бара 250м2 месечно секој од нас да му излепиме плочки тоае 10м2 на ден а кога ќе работимо по некоји маркети каде што е веќино подна таму да лепиме по 20-30 еден мајстор за истата плата.
Сега да израчунаме превоз 25 x 270 = 6750д.+ јадење колку ќе ни останат.
А сега вака 250м2 x 4евра = 1000евра тоа се 61 500д. он сака со половина од мојата цена да ме плати а плус тоа он има уште две евра по квадрат.
Многу градежнициве се понижени работат во мизерни услови на големи вруќини на големи студови на лоши времиња каде имат уредни мензи за јадење и многу други недостатоци --- мафијата цвета во градежништво.
За таа плата што он ја нуди боље да биде човек овчар него плочкар.
Друго што многу убаво се сеќам 97г. јас сум работел 7 марки тоа се сегашни 3,5 евра. дизелот тогаш чинеше 22д. а сега е 75д. струја тогаш плаќев 450д. а сега 2000д. и
Денеска мисла дека многу се редат предузимачи од изведувачот ја зема еден предузимач па од него друг па од тој трет и на крај работникот највише настрада.
Има још многу али достае за сега.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

25000 денари плата и 4евра од квадрат а ти лепиш 10 во ден. Што не учев за Плочкар ееееееo_O
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Овој муабет никој не сака да работи, заедно со оној муабет дека луѓево имале пари зашто кафичите биле нон стоп полни ми се најфејл муабети на денешницата. :facepalm:

Како и се останато, фактот што сме доведени до овој степен е системска грешка т.е немањето поим што значи стратегија, заради моменталната политичка дистракција која подразбира крадење.

Да подобразложиме. Прва работа, државата форсира образование и тука и е грешката. Поентата не е квалитетното образование да го направиш боза и со тоа да креираш полуписмен кадар, туку да го направиш што потешко ( во контекст на материја) за да можеш да продуцираш квалитет. Како одеднаш факултетите се наполнија со студенти? Реално мислите дека секој што се запишал на факултет е за таму или јас бладам што гледав мал милион залутани души на кои им го испрале мозокот дека ќе ги биде и родителите сосе владина иницијатива ги испратиле во белиот академски свет? Тука огромна улога одигра Болоњскиот систем т.н 3 + 2, кој можеби е воведен со добра практична намера за македонскиот студент да може да се адаптира на Европскиот систем кој си бара 5 години студии. Ама трикот лежи во тоа што 3 години ви се наплаќаат стандард, а останатите 2 дупло поскапо, нешто што е тешко да го издржи финансиски просечен македонец. И така дечки си добивате добар дел на население кое завршило со 3 години и во добар дел од случаите му доаѓа исто ко да ги фрлило парите во воздух.

Зошто е лошо да го форсираш населението на академски живот? Затоа што добар дел од тие луѓе го немаат капацитетот за таму, ама во насока да се соберат пари не се бира што се се прима таму и така оној што разбира комплетно се губи во мноштвото кое поим нема. Мислите пазарот на труд може правилно да перцепира при толкав налив на кадри? Како па да не. И добивате деца на кои им е буквално испран мозокот дека они се на вистинско место, дека направиле добар чекор итн итн, а на крај добивате исфрустирани луѓе на кои им било ветено многу, ама во пракса не добиле ништо, особено не работа каква што им сугерирал самиот систем.

Неодамна многу случајно муабетев со еден човек вклучен во градежен сектор преку градење на згради тука и ми се чини во Бугарија. Типов ми вика вака: Јас завршив магистерски, а и жена ми и и двајцата рмбаме без врска во овие услови. Е ќерка ми ако се прашувам јас нема да биде магистер, ќе биде фризерка. Се смеевме и двајцата, ама човекот беше сериозен. Е тука е границата меѓу здрав разум и тактики на јуриш. Треба да имате капацитет и кичма на свое дете да му сугерирате дека и не е за факултет ако не му сече за таму. Не оти секој што оди на факултет е Ајнштајн, ама па и не секој што се запишал треба да е таму.
И нека не ви перат мозок дека ете со градежништво работава ве чека на тацна. Нема поексплоатирани луѓе од нив, ем се постари за 15 години блгодарение на условите, ем здравјето за никаде, гинат за многу малку, а платите ужас.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
25000 денари плата и 4евра од квадрат а ти лепиш 10 во ден. Што не учев за Плочкар ееееееo_O
Го прочита човеков како што треба или си прочита онака како што на тебе ти одговара ?
25 000 денари него му плаќаат за цел месец и саботи и недели, додека тие се 5 души во групата тие 5 души денес треба да излепат 50 до 150 квадрати = 200 до 600 евра дневно да му извадат на предузимачот, за 5 до 10 дена курајберот ке им ги извади платите остатокот е се за него, а удри му дека тој плочкар треба да патува, треба да јаде , треба дома да однесе пари и обавезно рачунај дека тоа е постојана теренска рбота 24/7 епа види сега дали си требал да учиш за плочкар
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Епа со 96% средношколци запишани на факултет не може да имаш работници, Сигурно тие 96% деца не се сите "капацитети" за факултет, СИГУРНО. Треба да се знае, кој е "профил" за факултет кој не е профил за факултет, Кој што не е преквалификација, бурда занает нека учи. Така се прави тоа. Не, ти одиш на факултет со луѓе што стварно не можат муабет на високо ниво да напраат, и после фалеле работници.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Го прочита човеков како што треба или си прочита онака како што на тебе ти одговара ?
25 000 денари него му плаќаат за цел месец и саботи и недели, додека тие се 5 души во групата тие 5 души денес треба да излепат 50 до 150 квадрати = 200 до 600 евра дневно да му извадат на предузимачот, за 5 до 10 дена курајберот ке им ги извади платите остатокот е се за него, а удри му дека тој плочкар треба да патува, треба да јаде , треба дома да однесе пари и обавезно рачунај дека тоа е постојана теренска рбота 24/7 епа види сега дали си требал да учиш за плочкар
Oн нека учи факултет и работи за 12.000.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
До пред една година нон стоп бев по објекти! Направив една пауза со надеж дека ќе најдам поубава работа! Условите се катастрофа како прво многу не плаќаат редовно а еве сеуште не можам да земам пари од таканаречените газди ! Инаку работев прво како амал носев бетон , малтер, исфрлав градежен шут ! А последната година и пол работев со кнауф !

Без разлика која е работата и дали си мајстор или чирак условите се исти ти каснат или воопшто нема да земеш пари а работиш најмалку 10-12 саати со 15 минутна пауза за јадење !

Има фирми секоја чест за нив редовни со плата работното време е ок имаат и бонуси во платата ама тие се ретки ! Можеби 10% од сите градежни фирми !

Сега пак почнав да работам пак една работа од градежништвото ама не планирам да се задржувам долго! Ќе бегам за туѓина;) подобро улици ќе чистам во Германија отколку да црнчам тука за без пари !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom