- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Се форсира образование за да се одложи проблемот со невработеноста. За некоја година. После ќе видиме што ќе биде модерно. А тоа што некому не му се работи: па во ова општество што во секоја смисла на зборот се распаѓа неколку децении тоа не е многу чудно. Не само што недостасува мотивација, нема дури ни надеж дека нештата ќе се подобрат во догледно време. Смешни ми се тврдењата за мрзливоста кај народот и прашањето зошто не кревал глава, или не дај боже рака . Лесно е денес да исплашиш и да замолчиш човек, посебно ако имаш средства и начини за такво нешто. Механизмите за заштита на тој што се буни се во рацете на оној што е обвинет. Да се најде пристојна работа кај нас денес е ретка можност, па го немаме луксузот како во некои многу поразвиени држави, ако не ни се допаѓа работата да заминеме, убедени, и тоа со право, дека за недела-две, ќе најдеме исто такво, ако не и подобро работно место. Ете една причина многумина да стекнат послушнички навики.
Па и младиве не се глупи (или се? којзнае?). Се виде дека во мешање малтер и лепење плочки нема некоја пара, а изживувањето на газдата+12 часа работа на сонце или на ветар не е за занемарување. Се виде дека парата претекува во некои други сектори, каде што полуписмени, недоносени за година спечалуваат повеќе од она што двајцата родители на „мрзливото“ дете не го заработиле цел живот. Тоа раѓа фрустрираност, отпор, незадоволство. Ако можат тие, зошто да не можат и другите да си ја испробаат среќата? Барем на спортска? Се следи „успешниот“ пример, не советите на очигледно финансиски неуспешните кои го величат трудот и работливоста. Вистината кај нас е поинаква. Ретки се кај нас оние што чесно, преку било каква дејност се збогатиле. Главно се тоа транзициони тајкуни, политичари, современи феудални господари, тендер-мајстори и криминалци со избелен образ.
Оттаму, се` додека кај нас не се изменат состојбиве, тешко дека трудот ќе биде вреднуван. Зошто, она што се вреднува, тоа и се плаќа. Ако некој заклучи дека поисплатливо му е да седи дома, тоа е негов проблем. Ама ако половина народ така се однесува, тогаш...
И да, ако во Скопје не е баш најрозов животот, каков е во другите краишта? Во Берово на пример, во Македонска Каменица или во Дебар?