Можеш да речеш дека не си личност која сака или не сака врски откако ке пробаш да бидеш во врска. Ако си во врска, ке сфатиш дали така ти е подобро или те гуши.
Ако после неколку пати излегување со некој, ви рече дека не е личност за врски, сака да ви каже, онака нежно, дека не му се свиѓате. Кажете фала и чао. Да не ве чуди примерот од погоре, нејќел женска и после оп, со некоја за рака.
Исто така чудни сте ми со ова, сериозна врска по 25 години претходно не. Еве да речеме си фаќате дечко/девојка на 22. Одите 3 месеци , супер ви е, ама му викате...знаеш шо, супер си ти ама ке ти раскинам оти ми е многу глупо на 22 да бидам у сериозна врска. Сметам дека е најдобро да го трошам времето со идиот/ки оти рано ми е да го трошам со златна личност која ми прави убаво. Или сум глупа или сум плавуша ако го направам ова.
Иначе, и мене ми рекле дека не сакаат врски. Едниот не вредеше толку да се трудам за да му покажам дека можам да го направам среќен, другиот вредеше. Виде дека може да биде у врска во која може да биде задоволен и слободен истовремено.
Затоа, наравоучение, ако ви речат дека не се луѓе за у врска, сакаат да ви кажат само дека не им се допаѓате толку во моментот за да ги откачат останатите. Ако вредат, покажете им колку ви значат и дека сте подобри од другите.
Јас не верувам во тоа дека има лица кои не сакаат врски. Ние по дефиниција сме социјални суштества и сакаме да го делиме животот со други. Само ако веќе имаме парнтер, го бираме оној кој ни носи повеке задоволство во животот и помалку ни смета.
Јас не можам да замислам некој да не сака на некој да му каже навечер дека го сака, ноќе да го гушка, насабајле да пие кафе и да оди на вечера. Не ги сфаќам тие луѓе.