Мене ми е ќеф дека е мало, па од догодина планирам разни овошја да пробам, колку ќе излезе, толку, едно варење. И кое ќе е најуспешно, тоа овошје може и натаму да си го подготвувам. Ако е поголем казанот, не се исплати за 30-40 литри да го палиш, мора да имаш количина.
Си има упатство за употреба, 3 години гаранција.
Јас се мислев за плинот, заради тоа што можеш да го исклучиш кога е готово и да регулираш температура, со дрва, ако треба да се изгасне, го вадиме со маша од внатре разгореното.
Ама зедов на дрва и прво сливи ставивме, дека и сливите и дрвата ми се беспари.
Плус, па стварно ми е ново хоби, и сè ми е таман засега (прва година го имам).