Непопуларни филмски мислења

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Уствари 90% од мислењава во темиве се поврзани со хајпот за некој филм. И затоа кога сите ти викаат дека некој филм е "EJ ЧОВЕЧЕ ЗАКОН МОРА ДА ГО ГЛЕАШ" имаш големи очекувања и затоа на крај се разочаруваш. Е за да нема многу разочараувања најпаметно ви е никакви очекувања да имате за тие филмови па на "голо" да оформите мислење за тој филм
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Не се работи за никаков елитизам, нити некакви аверзии, едноставно за да се плукаат класици мора да се има добра основа. Нормално дека секој има право на свој став и критерум при оценување на серија или филм, но може малце по политички да се одговара за да не испадне дека критиките се скроз негативни, или некој да сака да биде посебен со тоа што ќе исхејта некоја класика, или барем така да делува кај другите кои не го делат неговото мислење.

Мислам, секако дека ако гледате некoја класика ќе има некои позитивни аспекти, нема да биде тотален булшит во добар дел од случаите....јас на пример освем Титаник (lol) друг филм од големите хитовите не сум мрзел посебно или сум мислел дека е ужасен, може да ми бил просечен или ништо посебно, ама проблемот во темава е што имаш постови од типот, ОМГ најголемо срање, лелеле најлош филм!!11 а сите знаеме дека има милион други кои се полоши од наведениот, бидејќи најчесто се хејтаат универзално сакани филмови/серии.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Znaci me mrzi da prefrlam, diskusijava bi prosla u generalna. Dosta e, slobodno ako sakate prodolzete tamu. Da ne se briseme i kaznuvame ko deca ajde.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Све се тоа хипстери бе :D Не мислев дека олкава хипстерана крепи форумов.

Волкот со Ди Каприо не заслужува да е во 250 на имдб. 7-ка му е реална оценка, а можи и мн. Мислењево можи и популарно да е кај некои филмомани, а можеби и не.

Тарантино на моменти знај да ми здосади некои сцени. Све тоа ок, паметен, ама некогаш ко да ми има вишок во приказните.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
@wot, извини другар, знам дека не смее да се коментира, бриши слободно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.398
Еди Марфи - Треба веќе одамна да ја напушти оваа професија. Дека го бивало порано да направи добро филмче, рака на срце го бивало, ама веќе незнам ни самиот зошто се мачи. После Nutty Professor кариерата му отиде во надолна линија, и направи толку погрешни чекори кога станува збор за неговото реноме како актер. Во иднина може слободно да позајмува гласови во анимираните филмови, дека веќе не е за пред малите екрани.
Мартин Лоренс - Биг Мама'с Хаус....? Сериозно? Нитуеден филм не му е како што треба, мора неколкупати додека трае филмот да се изглупира, посебно со неговиот чуден рап-денс-хумор и публиката тоа да го свати како смешно. Па добро што очекуваме друго од актер, што најголем хит му е гореспоменатиот
Адам Сендлер - Кога му ги гледам филмовиве на дотичниов, имам чуство како да гледам Телетабиси за возрасни. Безврска филмови, глупи сценарија, глуп хумор... ете тоа е Адам Сендлер. Grown Ups не ни планирам да ги гледам.
Винс Вон - Да замислиме во некој паралелен универзум.... да се соберат Чарли Чаплин, Лесли Нилсен, Џим Кери, Крис Фарли итн... да направат некоја комедија, и во филмот да го внесат Винс Вон, само заради него нема да го гледам. Едноставно на човекот не му лежат комедии, а и нема таква фаца за да глуми во овој тип на филмови.Искрено да ме прашате, за типов не би ни знаел што жарн на филмови повеќе му одговараат. Нека се проба во Хорор, сигурно прв ќе умира во филмот... за доброто на филмот :icon_lol:
Роб Шнајдер - Незнам како човеков сеуште опстојува во Холивуд. Кој од кој подебилен филм... The Animal, Deuce Bigalow, The Hot Chick... Негова најдобра улога му е дефинитивно улогата на репцепционерот на хотелот во Сам Дома 2... Зошто? Па едноставно, неговата улога во филмот е минорна, и не прави ваква новогодишна филмска класика да биде уништена :icon_lol:. Саут Парк најдобро го опишаа какви му се најчесто неговите филмови....
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Сите комедии (?) што излегуваат во САД во последниве неколку години се големо срање. Веќе нема добри комедии, иронично е колку е тоа трагично. Дури и Hangover, која донекаде е најарно рангирана во последно време, не е ништо посебно. Ја прогласија за најдобра комедија кога излезе, зашто нема ништо поарно.
Јас не знам како може као демек комедија со Сендлер да ви е смешна. Па Сендлер никад не ни бил смешен. Винс Вон, ау, мигрена. Овен Вилсон, уште поголема. Па и тој Пол Руд, гледам се форсира со некои банални филмчиња во последно време, најголема. Као демек лајт филмчиња, а она ти го тупат мозокот со глупости. Затоа јас си гледам комедии од минатиот век.

Џек Николсон, човекот мислам дека не глуми, туку дека самиот си е таков лигав, злобен и подмолен, бар таков впечаток имам добиено од тоа што сум го видела од него.

Modern family ми е мизерија од серија (комедија). И преку такво веќе во секоја серија да има по 2-3 хомо, знам, имаат права, бла, бла, само не ми го пикај секој ден на послужавник тоа.

Зои Дешанел или како и да се вика, не само што мислам дека не треба на ТВ да ја има, ами и полигаво створение ретко се наоѓа.

@RickyLFC9 , ако не си го гледал The green mile (со Том Хенкс), гледај го, сигурна сум дека ќе ти се допадне. Не знам колку спаѓа во класици и се тоа, али е добар филм. (y)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Сите филмови во замислени светови не се добри колку што ги прикажуваат...
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Бред Пит е потценет актер.
Леонардо ДиКаприо исто.
Знам оти сите ги знаат, ама ко манекенчиња, не ко актери, и тоа одлични.

Џони Деп е преценет. Модно гуру, побогу, пн ко циганче облечен. :D

Џозеф Гордон е потценет.

Сопранос е далеку од најдобра серија свих времена. Добра е, ама има тооолку подобри.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Sudbinata na Fatmagul e potceneta drama,a dve familli najdobra komedija od Friends

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
 
Член од
3 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
92
Поарно цел ден ќе зјапам у таван, него да гледам филмови како Трансформери, Ајрон Мен, Авенџерс, Тор, Томб Рајдер, Дај Хард, Транспортер и останати сам против сите и на сите им ги скрши кичмите, ма каква акција, какви ефекти.

Анџелина Џоли ми е препреценета, во секоја можна смисла. Ни е во несвест да паднеш убава, ниту пак глума има којзнае каква.

Моника Белучи не ми е толку убава, не сфаќам толкава фасцинација околу неа. Не љубоморам :), има многу многу поубави актерки.

Ретко да ми се свиѓат филмови на Вуди Ален, некои и предосадни ми се :sleep:.

Џејмс Камерон исто преценет, некој понапред пишал, поарно видео игрици да прави. Аватар му беше тапа невидена.

Не разбирам, како женско, што има толку посебно во Џони Деп и Џорџ Клуни, овој вториот и како глумец не е нешто посебно.

И овој Џејсон Статхем (како и да се чита), ниту ми е секси, ниту ништо, ќелчо еден :).

Бред Пит е преценет во лепота а многу потценет во глума.

Џулија Робертс ми е просечна во скоро се што имам гледано од неа.

The Hangover 3 ми е многу, многу посмешен од вториот, кој ми е најслаб.

Не разбирам што има толку смешно во The Big Ben Theory и Modern Family, ќе се најде некоја смешна епизода ама за да се сметат за едни од најдобри комични серии не, не.

The Notebook, P.S. I love you, се тоа преценето ѓубре.

One Day ми е уствари најдобар љубовен филм од последните години, иако скоро неприметно помина.

Од сите филмови на Тарантино, најдобар ми е Inglorious Basterds.

Може ќе е чудно ама Dumb and Dumber не ми е толку јак, иако се смета за култна комедија.
 
Последно уредено:

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Океј знам дека ќе сум офтопик ама да речеш дека Моника Белучи не ти е убава дефинитивно треба да си слеп . Без разлика дали тоа е напишано од машко или женско.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom