- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 224
- Поени од реакции
- 2
a da i nemozam da spijam so chorapi kako i da e i da zaspijam so corapi na mene vo tekot na sonot gi soblekuvam...
лелеее не ми се верува и јас ги сакам и ги правам истиве работи... И уште нешто иако незнам дали е необично- после јадење благо пијам или јадам лимон без шеќер и без вода, и портокалите ретко ги јадам туку ги пијам:pos2: ај ако се сетам на уште нешто ќе пишам следниот патПијам кафе пред спиење ... т.е. често уз пиење заспивам
Сите ама баш сите ме мразат пред да ме запознаат ... фацата ми е лоша и дигната според сите луѓе на светов ... штета што незнам како изгледам во очите на другите за да си ја опишам оваа карактеристика:raz:
Обожавам тешко облачно време со врнежи. На такво време сите ме мислат :je:
п.с. Не мора ептен необични карактеристики да се ... се надевам со мојов втор пост повеќе ви се разјасна:star:
п.с.2 sagaqua ... пржени лепчиња со мед и сирење???
и ова исто такаСекогаш морам да каснам,барем една минута,никогаш не сум точна на време-ова пробувам да го искоренам.
Насабајле кој ќе ми се уклучи алармот морам да поспијам уште барем 5 мин па да станам.
Кој ќе се разбудам препорачливе е да бидам сама,во спротивно паѓаат тешки зборови.
Не газам на линиите/пукнатините/границите од патот.
Кога идам сама некаде,ме фаќа една параноја дека се движам пребавно или пребрзо,или дека чудно одам па го менувам начинот на одење(кој патем станува чуден откако ќе го сменам) и мислам дека сите ме гледаат мене.
Јадам ненормални комбинации на благо-солено-кисело и слично.
Обавезно ако некој конец ми штрчи од блуза или фармерка или нешто друго го м’кнем со што доаѓа до уништување на блузата или што и да е.
Истиот конец го увртувам низ прсти и го џвакам.
Имам навика да кинам мали парчиња од хартија,тетратките порано лом ми беа,сега се одвикнав од тетратки
Имам навика да копам по ноктите,односно кожата одма до ноктите,негде на граница меѓу нокт и прст,не знам како да објаснам.
Најубавиот дел од јадењето увек го оставам за на крај.
Често менувам начин на смеење.
Списанијата ги разгледувам или од крајот,или од средината,никогаш од почеток,ако почнам од почеток не го доразгледувам цело.
...Не памтам лица, воопшто. Памтам аури, незнам како да објаснам.
Кога седнувам да гледам тв, и да имам план што ќе гледам, морам да ги свртам најпрвин сите програми, па потоа да уклучам тоа што сум планирала.
СЕКОГАШ спијам со чорапи.
Ако случајно ми крцне некој прст, морам потоа да искрцкам се што можам и неможам.
Обично ако сакам да почнам разговор на месинџер, го почнувам со „Ај ако сакаш не ме чепкај“.
Се вцрвенувам дури и кога зборувам со мајка ми.
Секогаш кога се спремам за излегување ја пуштам Џенис Џоплин. СЕ-КО-ГАШ.
Усните мораат да ми бидат влажни (ги лижам).
Кога заспивам во мојата соба мора да биде потполна тишина и потполна темница.
Неможам да функционирам ако на мене немам облечено нешто шарено (дебилка.)
Кловновите ми се језиви.
Многу често се наоѓам себеси како ја тресам десната нога.
Без да сакам, се случува да зборувам многу високо кога ми е незгодно, а многу длабоко кога се зафркавам со некого. :|
Секогаш кога ја вртам главата да погледнам на некое друго место, за време на вртењето очите ми се затворени.
Секогаш во себе правам алтернативни краеви на некоја случка.
Можам да се движам во друштво само ако сум најдесно, инаку губам ориентација.
Ужасно смешно ми е ако ги отворам очите при бакнување. Се десило и да ми се налутат поради тоа.
Морам банкнотите да ги наместам по големина, ред и поставеност на бројките, инаку не станувам.
Обожавам чиста неспастреност.