Необични карактеристики

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кога ќе станам одсабајле морам обавезно да се протегнам минумум 10минути
Секогаш имам навика кога сум нервозна да си ја грицкам устата
На столчето пред пц најчесто седам врз едната нога а другата ми е спуштена на подот.
Лесно памтам бројки,датуми па дури и страница од книга каде се одвивало нешто интересно што ми се засвиѓало:)
Пеам,урлам или испуштам неартикулирани звуци(ова најчесто) пред да започне часот на кој ќе испрашуваат,или ќе праам тест
Секогаш кога пешачам по тротоар идам по работ и внимавам да не паднам,а кога преминувам пешачки секогаш се обидувам да газам на белите линии
Многу обрнувам внимание на детали.Пример се запознавам со некое девојче и прво што забележувам е дали има некој брош,ланче или обетки а потоа ги памтам:)
Кога јадам икрам(оние благине),секогаш прво го јадам тоа тврдото а потоа благото го оставам на крај и ако ми се чисти рацете го формирам во чоколадно топче а потоа го јадам.
Весници,списанија секогаш читам од последна страна накај прва.
Друго незнам,кога ќе ми текне ќе допишам:)
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Па прилично сум нормална...ама коа одам по поплочен под (само со симетрични квадрати) несвесно постојано се обидувам да стапнам само во квадрат, никако да ми дојде стапалото измеѓу 2 квадрати или во еден помалце а во друг повеќе.
и јас ова го правам, ако утнам некоја се враќам назад за и на нејзе да стапнам

Меморијата ми е на нула ... многу сум расеана секогаш и ретко да запамтам нешто како број или фаца или име ... катастрофа!
Неможам да заспијам ако сум завртена на лева страна ...
За име можам некој да прашам 10 пати и пак да не го запамтам, а и јас ако не сум свртен на десна страна не можам да заспијам

Обично запамтувам некои неважни работи отколку важни. :)
памтам секакви глупости и јас што знам дека нема да ми користат

неможам да заспијам ако нема светло (пригушено) или ако не ми бучи нешто.
и мене ова ми се случува посебно ако сум сам дома

Никогаш не зборувам кога ќе се разбудам, ни добро утро не кажувам додека не се измијам.
јас на никој не му зборам кога ке станам

Koga jadam, okolu mene nasekade ima ronki:icon_lol:
и јас така пилиња ранам кога јадам

Koga ke se vnesam vo nesto(pr.kniga,televizija,kompjuter)ne gi slusam tie so mi zboruvaat i so i da me prasaat odgovaram so da ili ne
и јас ова го правам кога ке се зачитам нешто на интернет и тоа се вика дека си достигнала алфа фреквенција на мозокот

I najvazno od sve: ne mozam da mu se lutam na nekogo podolgo od 1 sat.
ке се скарам со некој и следниот ден се понашам како ништо да не било

Кога сум пред компјутер ич не ми се спие.
мене со закани ме легнуваат кога сум пред компјутер

си зборам со животни, а понекад и со предмети
јас со мачките си зборам и сите ме гледаат како ненормален

тоа што прочитав тука тоа пишав, дека не ми текнуваше што да напишам за мене
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
не можам да спијам по долги пижами, кога учам имам милион маркери али најважното секад го подвлекувам со портокалово,и имам глупа и чудна навика кога пијам кафе или што било друго у шоља, малото прсте го држам исправено ( ко англичанине кога пијат чај), секад на мене мора да има нешто плаво макар и чорапите:uvo: кога се нервирам ми потекува устата, многу памтам броеви и то!!!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
- Обожавам се да биде перфектно, средено и тоа среденото да биде симетрично, мразам кога чаршафите на масата или креветите се наместени нерамномерно, ама не секогаш... ме фаќаат точки понекогаш и се мора да биде во совршен ред и под конец.
- Јадам мармалад и сирење... и некои други солено благи комбаинации (сепак издржано... не комбинирам мајонез со агрокрем и ајвар згора на тоа :pos:)
- Шкртам додека сум (бев) на предавања едноставно да ја убијам досадата а ништо од тоа што се зборуваше не го пропуштав, се слушав а едноставно мака ми беше 2 саати да му зјапам во фацата на некој, бог знае колку пати онака ме станале гледајќи ме зацртан и да ме прашаат за што зборувале и од кога ќе им изрецитирав се правеа по некоја чудна фацка и продолжуваа, па после ме научија и не ме забележуваа и крстозбор да решавав.
- Цртам розети и други заебани геометски форми (симетрични нормално)
- Пијам само ладна вода и стварно ме нервира кога на зима нема ладна кока кола во продавниците а ти се пие во моментот.. не ти се чека.
- Пишувам со лева и со десна (со лева послабо поради присилното одвикнување во прво)
- Памтам лица, броеви (ги знам матичните броеви на моите :)) маилови (сите на мсн ги знам по маил) и датуми... ги памтам и имињата ама често ми се случува да ме застане некој/а - да се изнамуабетиме (а ме знае на име и знае доста за мене) а мене воопшто да не ми текне од каде ја/го знам а лицето ми е страшно познато... можат од мвр да не вработат да памтам фаци :icon_lol:
- Ги крцкам прстите, вратот (не функционирам без тоа) а да... после едно убаво трескање на десната рака палецот можам да го крцкам колку душа ми сака.
- Мора да мрдам нешто од мене (постојано) било да е тоа прстите (да тропкам) или со нозе да мрдам.
- Мразам да чекам кога се брзам (кој не додуша ама мене ова постојано ми се случува)
- Читам весници од назад кон напред... темелно и се и сешто (освем матурантите)
- Пред да каснам што било (додека јадам) на почеток првин го мирисам, исто така и душкало сум, памтам и мириси, т.е некои луѓе и без да ги видам ако им го почуствувам парфемот знам дека се тие.
- Јадам со паузи и мошне брзо.
- Читам исто така доста брзо.
- Кога слушам нов збор си го повторувам полугласно и отука оди на хард :)
- И ова испуштив... пенкалото кое го користам мора да биде квалитетно и скапо :toe: ако го немам тогаш користам било какво ама за се друго...


И мислам дека доста истрескав... има психијатар сега да го види ова?
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
-Koга сум гладна, ги напињам другите луѓе околу мене да јадат ( и најчесто успевам во тоа)
-Уживам да седам во темнина и тишина
-Мразам кога ќе ми лупнат некое бебе да чувам for I hate kids...
-Мразам кога морам да го свртам цел град за да најдам сладолед во зима
-Молбите на другите луѓе ме прават уште по-ладнокрвна
-Сакам само зима, другите сезони сум алергична на се и сешто
-Избегнувам било какви физички контакти...
-Ми иде да ги отворам на пола луѓето што упорно ме допираат и сакаат да ме гушкаат и бацуваат:nesvest:
-Уживам кога друите пробуваат да ме изнервираат, бидејќи тоа значи дека сум центар на нивниот моментален свет
-речиси никогаш не творам во позитивен правец ( во мојот свет не постои хепи ендинг)
-Имам голема љубов кон пајаците
-морам цело време да мрдам со рацете, да праам нешто со нив...
-пребрзо и прегласно зборам, сите ми имаат кажано за тоа..
-и стално се жалам дека сум копиљ, што придонесува сите постари личности да сакаат да ме тепаат...:)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Луѓето што не ме знаат мислат дека сум површна :)
Кога идам сама некаде, пробувам да не ги газам пукнатините на патот :pos:
Неможам да заспијам ако сум на грб свртена...
Многу брзо го пијам кафето :) За 3 секунди... Моите дома ми се чудат... И после 2 пати идам у веце :) Од едно кафе...
Секогаш тргнувам во времето кога треба да бидам на некое место :) Значи, секогаш каснам :)
Неможам да седам како што треба, со двете нозе доле... Мора или да ја кренам едната нога, или да ги прекрстам, или што и да е :)
Обожавам соленки со еурокрем да јадам, особено додека гледам филм...
Кога пишувам не смее да има ниедна печатна грешка :) Затоа по 2/3 пати го препрочтувам тоа што сум го пишала... Може да ми се случи да не приметам само ако брзам или ми се спие...
Мразам газирано.. Единствен пијалак газиран што ми се свиѓа е Фанта шоката (и сеа Силвер)... А не го сакам зашто секогаш кога ќе се напијам, газираното ми искача низ нос и ме вади од кожа :)
Неможам да гледам телевизија без глас...
И кога гледам филм некој (или слушам на час), обавезно или јадам нешто или си го чачкам лицето.... Неможам мирно да седам со рацете...
Гласно зборам :) Многу често ме опоменуваат :)
Често ми се случува да се занесам во нешто и одговарам махинално и најчесто неточно :) На пример гледам филм и мајка ми ако ме праша дали ми се јаде, ја викам не, само за да ја откачам, а уствари кога ќе заврши филмот умирам за јадење :)
Кога учам морам да пишувам на ливче :) Да сумирам се'... Неможам другачие... Ако неможам така (зашто ми одзима многу време) подлвлекувам обавезно....
Ваљда толку :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.964
Поени од реакции
12.493
Епа да почниме....
-Спијам со чорапи,пошо секоаш ми е ладно,и зима и лето
-Бојата на очите ми се менвит,на светло е зелена,на темно е кафеава
-Спијам само на стомак,никако на грб или на страна,и секоаш со раширени нозе
-Алармот го местам на пр. во 6:45 , звонит, чекам да дојт 7 и станвам
-Ко ке одам по улица,ги собирам бројките од регистрациите,ми се чинит на цел Охрид му го знам збирот од регистрациите
-Ко ке одам по плочки,никако не ја газам линијата,исто праев и ко тренирав тенис,никоаш не ја газев линијата
-Мнооооогу опширно раскажвам,нешто шо траело 5 мин ке ви го објасвам пола сат
-Ко ке сум нервозна,ја тресам еднава нога,а на часој ко ке неам шо да прам,само нозеве шири ги-спој ги прам
-Пред да легнам да спијам си прам триста филмој
-Обично некој ко ке паднит,јас се смејам ко ненормална,не знам зш,смешно ми е
-Ко ке раскажвам често мафтам со раце,демек поубо да објаснам,и сите до мене страдет
- Весникон го читам од назад,и то прво делот за умрените,а списането почвам од напред ( глупо,така? :pos: )
-Пред да легнам,морат се да е темница,пошо ако ми влегвит светло и од дупчено од вратана,станвам,гасам под итно
-Ко ке седам на компјутер,со еднава рака стално ја чепкам долнава усна и ја вртам
-И последно,ко ке сум занесена во нешто,стално јазикот надвор ми е,глупа навика,ама сум ја наследила од татко ми....


Машала,комплицирана личност со....мноооогу навики сум била :pipi:
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
хистерично се дерам ко некој крцка прсти или шљапа кога јаде пошто стварно неможам да поднесам...па или со некој да спијам у иста просторија и он да хрчи ауууууууу
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Кога сум напизден, ни зборам некому ни пак сакам да ми зборат. Во спротивно се дерам за да ме остаат на мира.
Како што кажаа некои дека имаат навики да згазат точно на плочка...или да ја прескокнат, ете и тоа е дел од мене (абе ова да не е епидемија на компулсивности?)
Неможам да спијам по чорапи, па макар и на -20 да сум.
Обожавам кога нозете ми се ладни.
Неможам да им се лутам на некои луѓе. И ми се чудат зашто понекогаш се понашам ко ништо да не било. И кон истите имам проблем кога е во прашање да им речам НЕ. :nenene:
Кога не ми е нешто по ќеф, се дешава да ги напнам луѓето араунд ми.
Можам да му се издерам некому и на шала. Или да бидам мртов сериозен за истата.
Запишувам во телефон секој збор/фраза/реченица што ќе ми текне доек шетам. (креативни моменти имам тогаш)
Пијам сок доек го џвакам јадењето. На некои им е чудно.
Секое нешто ми се поврзува со нешто друго.
Се правам мутав кога треба на нешто да се сетам. Хехехе
Памтам се што може да ми го одвлече вниманието.
Кога сум нервозен ја лупам кожата од десниот палец со показалецот, се дур не ми потече крв. Баш лошо ми изгледа палецот. :)
Сакам тишина. Најдобро ги слушам гласовиве во главава. хехе
Го крцкам вратот дур седам на компјутер.

Special Features:
Незнам да кажам Р.
Тешко да заплачам.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Еј интересна тема. Сеа што да кажам, што да се пофалам.
Кога се нервирам почнувам да зборам брзо (барем така ми кажале).
Неможам да учам ако не е потполна тишина.
Абнормално сум бессрамен за некои работи (што некогаш преминува граници).
Многу сум гласен кога зборам, особено нешто што ме занима многу. Така, страствено се внесувам во раскажувањето. Ми имаат кажано дека и кога шепотам сум премногу гласен:kesa:
Не сум утрински тип, мразам да се разбудувам рано и долго време ми треба да се расонам. Навечер сум највесел, некако најсреќен од цел ден.
Расејан сум многу. Милјон пати сум заборавил некшто што требало да го направам.
На провокации на национална база, патриотот во мене има тенденција да се дере на соговорникот.
Не пијам Кока Кола. Никогаш.
Многу паѓам на молење. Немам срце да одбијам некој во мака ако ме моли. Многу ми е жал, едноставно, неможам да одбијам.
Кога се смејам ми се прави дупче само на едниот образ.
Ај доста е сега за сега.
 

Ann'

Jezebel's Daughter
Член од
9 јуни 2008
Мислења
210
Поени од реакции
9
Секогаш кога се облекувам, прво ги облакам чорапите па после фармерките. И никако поинаку. Никогаш.
Кога станувам од сабајле, сум најголем намќор и мрчатор.
Дома никогаш боса не седам.
Пред спиење секогаш слушам музика на мобилниот.
Си јадам грозје со сирење, и пржени лепчиња со нутела.
Секогаш ако во друштво се убаци некој непознат, јас тотално се повлекувам и посматрам. Па ми добацуваат коментари од типот: "Тебе Трајанка те викаат?" :)
И најважното, од мала сум навикната додека седам, гледам телевизија, учам или било каква работа каде што не вклучува муабетење, ја потфаќам долната уста и така седам. Дури и вилицата ми е крива заради тоа.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
- Како што прочитав кај многу членови, и јас кога газам на плочки морам да стапнам во самата плочка, избегнувам да ја згазнам линијата меѓу две плочки
- Исто на пешачки бело црно проаѓам, не сакам да згазнам делче од белото пред време :)
- Секогаш спијам со чорапчиња, дури и во лето [без разлика колку ми е топло, нозете ми се мраз]
- Koга читам или сум замислена правам една идиотска фаца, устата ми е наместена како за бакнеж, ама сум намуртена.
- Koга ќе треснам глупост и ќе се усрамам, ја гризам долната усна од внатре, од левата страна се додека не ме заболе ептен, па дури и крв протекува некогаш.
- Не пијам газирано, одвратно ми е.
- Крцкам, пукам скоро се на мене, со исклучок на вратот. Се осеќам полесно откако ќе искрцкам се можно на мене.
- Заспивам на страна само, и тоа свртена кон ѕидот на кој има потпрено перница за да не ми е ладно...
- Кога попуштам глас на ТВ секогаш бројката мора да заврши на 0 или 5, никогаш не ја оставам на друга цифра.
- Некогаш, кога ми е ептеееен ладно не можам да изговорам "р" :icon_lol: Не знам како, ама во зборови се случува некако да го испуштам, ко да ми се грчи јазикот.

И мислам дека се толку... :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Кога ќе станам сабајле, одам во дневна и легнувам на печката, да поспијам уште пола саат, ако заради било кои причини бидам спречен во ова, нервозен сум цел ден.
Морам секогаш да носам упаљач во мене, иако никогаш не сум пробал цигара.
Кога гледам фудбал грицкам нокти, прсти, раце, усни, понекогаш и чаши.
Кога правам комбинации и тикети за спортско обложување, мора да е апсолутна тишина и да ги имам сите статистики и табели до мене, иначе воопшто не ни почнувам да го составувам.
Пред удар на билјард, ги грчам веѓите и со штеката лизгам по раката пред удар... пробав порано да се корегирам, не ми успеа и си терам вака. :)
При читање весник, прво вртам од назад да го прочитам спортот, па од напред да прочитам економија и толку, не ги читам другите содржини.

И така...:pipi:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Луѓето што не ме знаат мислат дека сум површна :)
Кога идам сама некаде, пробувам да не ги газам пукнатините на патот :pos:
Неможам да заспијам ако сум на грб свртена...
Многу брзо го пијам кафето :) За 3 секунди... Моите дома ми се чудат... И после 2 пати идам у веце :) Од едно кафе...
Секогаш тргнувам во времето кога треба да бидам на некое место :) Значи, секогаш каснам :)
Неможам да седам како што треба, со двете нозе доле... Мора или да ја кренам едната нога, или да ги прекрстам, или што и да е :)
Обожавам соленки со еурокрем да јадам, особено додека гледам филм...
Кога пишувам не смее да има ниедна печатна грешка :) Затоа по 2/3 пати го препрочтувам тоа што сум го пишала... Може да ми се случи да не приметам само ако брзам или ми се спие...
Мразам газирано.. Единствен пијалак газиран што ми се свиѓа е Фанта шоката (и сеа Силвер)... А не го сакам зашто секогаш кога ќе се напијам, газираното ми искача низ нос и ме вади од кожа :)
Неможам да гледам телевизија без глас...
И кога гледам филм некој (или слушам на час), обавезно или јадам нешто или си го чачкам лицето.... Неможам мирно да седам со рацете...
Гласно зборам :) Многу често ме опоменуваат :)
Често ми се случува да се занесам во нешто и одговарам махинално и најчесто неточно :) На пример гледам филм и мајка ми ако ме праша дали ми се јаде, ја викам не, само за да ја откачам, а уствари кога ќе заврши филмот умирам за јадење :)
Кога учам морам да пишувам на ливче :) Да сумирам се'... Неможам другачие... Ако неможам така (зашто ми одзима многу време) подлвлекувам обавезно....
Ваљда толку :)
Не било толку :)
Да се надополнам....
Неможам да пишувам право... Морам да ја искривам тетратката на лево и јас да се свртам малку :) (ваљда ме сфати некој) И некогаш имам проблем со некои професори, на тест кога ќе ми кажат да се исправам а јас неможам :)
Многу опширно раскажувам и ретко кој има живци да ме слуша :) Секој детаљ го кажувам зашто мислам дека е важен
Си ја чачкам устата многу... И некад си праам рани... Ама глупа навика! Незнам од кај ми е... Уште од мала... Среќа што имам јак имунитет па не ми се праат инфекции или сл...

П.С. Ако не ги мрзи модераторите нека ми го спојат мислењево :)
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
При читање весник, прво вртам од назад да го прочитам спортот, па од напред да прочитам економија и толку, не ги читам другите содржини.
:pipi:
+ вицовите и моето омилено црната хроника :helou::pos2:

слушам музика до крајности од тивок мрачен саундтрак до псај транс во листата но со смисол на прогресивност :)

кога имам важни работи ( смисол на факс ... пишување , составување ... ) не обраќам внимание на бричење , стрижење ( тоа и така помалце :) )

кога гледам филм неможам да лежам - ме нервира и неможам да му се сконцентрирам , пред патување се прекрстувам ( незнам зошто ама ми помага :) )

на секој гол на фабрегас станувам ( е ова појма немам зошто )

понекогаш и премногу зборувам ( што не е баш најдобрата моја особина :) )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom