Фала Нинџа што ме потсети за кафето, а за тоа дека главата ја зафрлам на десна страна ако седам повеќе време пред компјутер не сум приметила
Не можам да заспијам ако не легнам на стомак, ако не ги ставам рацете под перница и ако левата нога не ја свиткам навнатре, а на десниот образ да ми е главата.
Не можам да спијам ако има некој до мене, цела ноќ око не склопувам.
Се` правам со лева рака, само пишувам со десна.
Тешко се будам, ни телефон слушам, ни ѕвонче, ни викање. А ако некој ме разбуди, тогаш ни крив ни должен ќе настрада.
Никогаш не зборувам кога ќе се разбудам, ни добро утро не кажувам додека не се измијам.
На четката за заби ставам еден тон паста и секогаш ми паѓа во лавабото.
Кога шетам се нервирам ако се движи некој до мене од десната страна, па секогаш вртам околу него и го местам да стои од левата страна.
Премногу сум пипава, можам една работа со саати да ја правам ама да испадне како што сакам јас. Пред некој ден сечев флаери и наместо по повеќе страни, јас по една сечев и тоа најчесто ми одзема неколку часа.