Немам друштво

Член од
14 декември 2021
Мислења
643
Поени од реакции
2.367
Дојди со нас на утакмици, постара екипа сме (30 до 40 год), не сме од корист кој што има тоа дава, пиво скара,смоки,чипс итн. Гостување секој втор викенд, цел ден зезање а и после утакмица знаеме да заглавиме во кафана и слично. Има и други девојки што доаѓаат со нас ама кога како :) Како и да е има искрена и одлична дружба
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.780
Поени од реакции
18.388
Да ти ги имав годините и слободата уместо да плачам по форум како немам друштво ќе шмркав кокаин од гзот на некоја цицлеста плавуша на другата страна на светот.

Така да try that ако не си пробала и пиши назад искуства :icon_lol:.

Ако немаш до толку пари тогаш да, Скопје у 46 квадрата станче платено од мама и тато станува досадно после неколку месеци пошо Скопје е уствари едно големо село. Башка ако неамаш работа а само глеаш да го потрошиш денот.....депресија.

Така да тебе уствари те мачи смислата на твоето постоење, немаш смисол без работа/деца или па некоја поголема цел што сакаш да ја оствариш :misticen:
Ако си депре, на долг рок тоа нема да ти го реши проблемот, само ќе го продлабочи. Instant gratification само ти ги покрива проблемите, и пошто рокот на траење е краток, за брзо време ќе се најдеш пак во истата состојба, ако не и полошо.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.123
Поени од реакции
9.978
Парите од кај и биле се фатија :icon_lol:
Стандард македонската. Купиш нешто (од кај ти се парите), излезеш пет пати у неделата (куќа имаш ли, од кај ти се парите), одиш на одмор негде (од кај ти се парите). И тоа обично од луѓе што истото го направиле пред тебе, али тебе нит ти било гајле, нит си се замарал да им мислиш од кај им се парите.
 
Последно уредено:

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.484
Поени од реакции
5.751
Ако си депре, на долг рок тоа нема да ти го реши проблемот, само ќе го продлабочи. Instant gratification само ти ги покрива проблемите, и пошто рокот на траење е краток, за брзо време ќе се најдеш пак во истата состојба, ако не и полошо.
Кој рече дека јас сум депре :icon_lol:

Зборот ми е дека ни еден човек што има смисол у животот не се замара како нема друштво да искача секој ден.

Ни еден човек со деца/работа/цел не се фокусира да искача секој ден.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.780
Поени од реакции
18.388
Кој рече дека јас сум депре :icon_lol:

Зборот ми е дека ни еден човек што има смисол у животот не се замара како нема друштво да искача секој ден.

Ни еден човек со деца/работа/цел не се фокусира да искача секој ден.
Не е битно кај искачаш, туку со кој си. Искачање не мора да значи дека ќе трошиш пари. А дури и за тоа со кој си не значи дека постои еден и единствен начин. Некои луѓе имаат потреба од човечка комуникација постојано, некои не, некои имаат потреба од тоа да запознаваат нови луѓе постојано, некои си се ок во комфорт зона со луѓето кои ги познаваат.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.484
Поени од реакции
5.751
Парите од кај и биле се фатија :icon_lol:
Епа за вакво филозовско прашање битно е од кај се парите.

Ако се спечалени со труд нема сигурно да ти фали искачање секој ден, пошо нели тие пари треба да се заработат некако :icon_lol:

Ама ако ти паѓаат од сметката на тато и мама после некое време се станува досадно и освен да се дружиш со иста багра на луѓе што на доцни 20ти ако не и 30ти уште живеат од тато и мама, немаш некоја алтернатива.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.412
Поени од реакции
2.388
Порано имаше кајгана собиранки, таму можеш да запознаеш друштво,иако не сум била никогаш, ама ете сега би отишла ако има, сега слабо не сум видела иницијатива некоја.

А инаку луѓето општо се сменети не е како во "наше време" кога кафиња пиевме секојдневно со комшиките дома кај некоја комшика загревајќи се до ќумбенцето додека те служи слатко и кафе на дискус со миленце, а на тв даваат емисија "Мењам жену". Па превртуваш шоља и си гледате додека разменувате главни трачеви и жута штампа, инфо од град.

Сега се се сведува на гол интерес, секој ќе те дружи ако има интерес од тебе, а и лесно се стасува до информации, само ќе отвориш фб и секакви, море информации имаш за се, од работа до економија, инвестиции, до бившиот дечко и другарки кај биле што биле, со кој биле, се е на тацна, не е веќе мистерија и тука се губи волшебноста на моментот, порано пред фб ерата го немаше тоа, и беше поинтересно, зошто е вака на кафе се дознаваше кој каде и со кој бил, кој кај планира,со работа и слично.
Сега каферисувањето уз оговарање станаа излишни баш ради тој фб. А немаше ништо послатко од тоа. Кој осетил знае. Како едвај чекаш да се соберете комшики или другарки од факс и да се изнамуабетите.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.426
Поени од реакции
5.200
Извини не знам како што на форумов, нема везе ќе пишам пак на кратко одговори пошо забораив copy да и напраам - тренирам спорт ама таму си имаат свои друштва, пробав да се здружам ама ништо.. сестра ми живее во странство, братучед ми е баш зафатен со работа, друштвото од детство се во друг град јас се преселив од Скопје таму па од таму пак во Скопје во тинејџерскиот период. Во средно повеќето беа женски во класот, а ја не сум по шминки и такви "женски" ствари.. углавном такви некои околности..

@Ron Burgundy ја мислам на наши години по автобуси не одиме више, и тоа е банална ствар, тоа ако е причина за недружење не знам што да кажам.. има решение јас ќе ги зимам со кола, ама јас барам совет зошто мене луѓето и покрај сите компромиси што ги понудувам нејќат да се дружат со мене?
Автоматски споено мислење:

Иначе за обврски, никој нема толку обврски цел ден и ако се сака се наоѓа начин, поздрав
Автоматски споено мислење:

До модераторот - сега ова автоматски се спои и се едитираше, јас не едитирав. Мислам дека се гледаат овие пораки бидејќи не пишува чека одобрување
Чим спомна спорт ако си заинтересирана за велосипедизам и планинарење ти стојам на располагање а понатаму да се уклучиш во планинарско друштво па да видиш дали ќе се вклопиш.
 
D

Diferans

Гостин
Има некое фундаментално разидување помеѓу тебе и остатокот од форумот. Ти им велиш осамена сум, како до пријатели, тие тебе па ти девојче не знаеш што сакаш, луѓето се сериозни и зафатени, намали очекувања и веќе почни да се дружиш. Што само покажува дека не го разбираат проблемот, затоа што имале среќа да не го искусат.
Дека не си фантазираш можам да ти потврдам, има епидемија на осаменост, и тоа го гледам и чувствувам каде и да погледнам. Јас лично со години го носев тој товар, се додека не се откажав сосема и не го прифатив фактот дека е лесно да си осаменик во општество што создава отпадници. Веќе со години излегувам сама на кафе (и не сум осамена во тоа) и немам пријатели или пријателки. Сум сменила многу работни места и познанствата од таму беа обично површни и краткотрајни. Сум посетувала групи за хобија само за таму да откријам дека луѓето веќе си доаѓаат со одамнешни пријатели. Да не зборувам колку луѓе знам кои штом се пензионирале или им умрел партнерот се соочиле со истата осаменост. Во мојот случај јас ем сум интроверт ем имам семејство, па не страдам воопшто но можам да замислам како е за некој на 20 и кусур години.

Вистината е дека до 20-25 години пријателствата доаѓаат лесно, спонтано, земи ги децата за пример. После тоа почнуваат да владеат други правила, кои стануваат се поригидни
и потрансакциски. Плус ако си дошла од помал град во Скопје, неминовно ќе осетиш голема разлика. Немам некој готов совет за тебе, затоа што нема еден одговор и нема технологија за стекнување на пријатели. Можеби едноставно некои луѓе имале среќа да растат опкружени со љубов и поддршка и од мали да стекнат солидни социјални вештини за одржување пријателства. Само сакам да ти кажам дека и надвор од тоа може да се има осмислен и исполнет живот, ако отидеш од другата страна на страдањето и откриеш дека никогаш не си сама туку си дел од нешто поголемо и поуниверзално.
 
Не е возможно толку осамени луѓе во едно општество да не се пронајдат помеѓу себе. Или тоа не е точно (нема толку осамени кои неќат да бидат осамени) или ти нешто погрешно правиш.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.892
Има некое фундаментално разидување помеѓу тебе и остатокот од форумот. Ти им велиш осамена сум, како до пријатели, тие тебе па ти девојче не знаеш што сакаш, луѓето се сериозни и зафатени, намали очекувања и веќе почни да се дружиш. Што само покажува дека не го разбираат проблемот, затоа што имале среќа да не го искусат.
Дека не си фантазираш можам да ти потврдам, има епидемија на осаменост, и тоа го гледам и чувствувам каде и да погледнам. Јас лично со години го носев тој товар, се додека не се откажав сосема и не го прифатив фактот дека е лесно да си осаменик во општество што создава отпадници. Веќе со години излегувам сама на кафе (и не сум осамена во тоа) и немам пријатели или пријателки. Сум сменила многу работни места и познанствата од таму беа обично површни и краткотрајни. Сум посетувала групи за хобија само за таму да откријам дека луѓето веќе си доаѓаат со одамнешни пријатели. Да не зборувам колку луѓе знам кои штом се пензионирале или им умрел партнерот се соочиле со истата осаменост. Во мојот случај јас ем сум интроверт ем имам семејство, па не страдам воопшто но можам да замислам како е за некој на 20 и кусур години.

Вистината е дека до 20-25 години пријателствата доаѓаат лесно, спонтано, земи ги децата за пример. После тоа почнуваат да владеат други правила, кои стануваат се поригидни
и потрансакциски. Плус ако си дошла од помал град во Скопје, неминовно ќе осетиш голема разлика. Немам некој готов совет за тебе, затоа што нема еден одговор и нема технологија за стекнување на пријатели. Можеби едноставно некои луѓе имале среќа да растат опкружени со љубов и поддршка и од мали да стекнат солидни социјални вештини за одржување пријателства. Само сакам да ти кажам дека и надвор од тоа може да се има осмислен и исполнет живот, ако отидеш од другата страна на страдањето и откриеш дека никогаш не си сама туку си дел од нешто поголемо и поуниверзално.
Осаменоста не зависи од количината на пријателите што ги имаме, туку од квалитетот на нашите социјални интеракции.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
485
Поени од реакции
480
Не сум 18 години туку напишав дека сум над 18 со завршен факултет, само не ми се кажува детали јавно на интернет да не ме препознае некој. Ќе ти кажам briefly тоа се поише family money него мои, ете. Ама ова ќе предизвика друго осудување, али не ми е гајле бидејќи не се знаеме на интернетов така да ако ме осуди некој нека

Иначе те сваќам за тоа што викаш не мора да е скапо итн, и ја тоа викам, али еве ни за обична прошетка во парк неам некое друштво

А стори повеќе е ко некоја навика него фалење ваљда
Те разбирам целосно, сум го поминал истиот пат, секој ден одев по дискотеки, по три пати дневно во кафичи сум седел, имав на располагање над 100 луѓе за кафеседенки, кафеани, дискотеки, за жирки, немаше кафич кај немав пуштено корени, дури за кино и библиотека во студентски денови имав луѓе, и јас частев луѓе за да седнам на кафе со некој/а другар/ка, пријател, познаник... Не можев да се замислам сам да седам во кафич, кафана, ресторант, да одам сам на журки, а јас бев тој кој организираше журки тогаш во мојот доста широк круг на луѓе, не можев денот да го замислам без да не се видам со луѓе, буквално бев зависен од тоа да бидам постојано опкружен со луѓе, колку и да звучи банално и нелогично, бев зависен од дружење, постојано дружење без престан, постојано да сум со луѓе, пошто се дружев со различни профили на луѓе морав постојано да читам за да имам повисок степен на општа култура за да имам постојано теми на муабет за да не им се здосадам секогаш да имам различни теми на муабет и да нема оговарање... И еден ден дојде тој момент кога сфатив дека јас со тој начин на живот живеам заради другите а не заради себе, исто со тек на време со таков начин на живот едноставно ќе ти дојде момент да си кажеш доста ми е од луѓе...

Што направив јас, го променив мојот начин на живот, тоа веројатно и годините си го прават своето, сега имам мал но доволен круг на пријатели и излегуваме кога сме слободни со време, кога не сме со обврски, но со оглед дека ми остана дел од навиката да одам по кафичи, често знам после работа да седнам сам на кафе, пијачка, да се релаксирам од работниот ден, мој совет до тебе не очајувај ако во моментот немаш со кој да пиеш кафе, да прошеташ или да искочиш на журка, како што пишаа погоре треба да се навикнеш да уживаш во сопственото друштво.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
33
Поени од реакции
63
Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Место tinder, пробај bumble. Од старт се определуваш дека си таму за да најдеш пријател. Само не знам дали е активна во Македонија и градот во кој живееш. Другарки, колешки низ Германија и Холандија ја фалат.
 
  • Вау
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom