Немам друштво

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.143
Поени од реакции
10.079
Место tinder, пробај bumble. Од старт се определуваш дека си таму за да најдеш пријател. Само не знам дали е активна во Македонија и градот во кој живееш. Другарки, колешки низ Германија и Холандија ја фалат.
И кај Бамбл женските први пишуваат, ако се мечнете. :D
 
Член од
2 август 2022
Мислења
195
Поени од реакции
119
Пробај нешто спортски активности, семинари.
Ќе запознаеш луѓе.
 
D

Diferans

Гостин
Не е возможно толку осамени луѓе во едно општество да не се пронајдат помеѓу себе. Или тоа не е точно (нема толку осамени кои неќат да бидат осамени) или ти нешто погрешно правиш.
И двете би рекла, најпрво започнува со тоа што несвесно ќе отфрлиш некоја со цијална норма, на пример статус, кариера, конзумеризам и слично, па откако ќе видиш дека можеш и без сето тоа, ќе ти стане и избор и така се билда до недоглед. За разлика од порано, денес е многу полесно да се отфрлат некои норми а притоа да не го загрозиш својот или опстанокот на оние околу тебе. Се разбира, луѓето негативно реагираат на тоа и тука е тензијата. А зошто не сите осаменици се дружат меѓусебе, е тоа е мистерија... Во ерата на хиперконектираност ни осаменоста не е толку болна
 
Член од
20 април 2023
Мислења
985
Поени од реакции
2.417
И двете би рекла, најпрво започнува со тоа што несвесно ќе отфрлиш некоја со цијална норма, на пример статус, кариера, конзумеризам и слично, па откако ќе видиш дека можеш и без сето тоа, ќе ти стане и избор и така се билда до недоглед. За разлика од порано, денес е многу полесно да се отфрлат некои норми а притоа да не го загрозиш својот или опстанокот на оние околу тебе. Се разбира, луѓето негативно реагираат на тоа и тука е тензијата. А зошто не сите осаменици се дружат меѓусебе, е тоа е мистерија... Во ерата на хиперконектираност ни осаменоста не е толку болна
zatoa shto sekojdnevno sme bombardirani so meminja, glupi videa, depresivni vesti, crna hronika itn.. i gledash okolu tebe koj na shto reagira i ednostavno se razocharuvash a so toa i gi zgolemuvash filtrite za dobar sopatnik.
sakame lichnost bez bagaz a tie se retki i begame kako peder od pich*ka koga kje primetime bagaz
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.823
Поени од реакции
18.494
И двете би рекла, најпрво започнува со тоа што несвесно ќе отфрлиш некоја со цијална норма, на пример статус, кариера, конзумеризам и слично, па откако ќе видиш дека можеш и без сето тоа, ќе ти стане и избор и така се билда до недоглед. За разлика од порано, денес е многу полесно да се отфрлат некои норми а притоа да не го загрозиш својот или опстанокот на оние околу тебе. Се разбира, луѓето негативно реагираат на тоа и тука е тензијата. А зошто не сите осаменици се дружат меѓусебе, е тоа е мистерија... Во ерата на хиперконектираност ни осаменоста не е толку болна
Можеби е самотија, не е осаменост. Првото е избор, второто не е баш. Првото води кон духовен раст и е благослов, и ако резултатот од тоа е спокој и мир, не гледам дека тоа е проблем.
 

Zombie

...resistance is futile...
Член од
2 февруари 2008
Мислења
388
Поени од реакции
46
Читам и не ми се верува што читам, какви хејтери и тролови (секоја чест на исклучоците).
Толку ви е незамисливо дека некој може да се осеќа осамено? Поготово во време кога побитно е да се пофалиш за нешто на инста или да напраиш кул видео на тик-ток наспроти барем 30 минутен искрен муабет со другар/ка. Па пола од вас што дремете на форуми сте тука да ја излечите осаменоста.

@CBC тотално те разбирам како се осеќаш. Еве во мојот пример конкретно приметив дека како старееме (сите сме моментално горе-доле 30 години) се менуваат времињата и се поретко има дружби и собиранки како порано што имало (што е нормално). Не дека немам другари/ки, имам многу. Ама од икс причини (работа, проблеми, живот) се поретко се дружиме. Кај мене уште поголем проблем е моментот дека сум програмер и работам од дома, па има моменти кога сум затворен во 4 ѕида од понеделник до петок. Во тие моменти и јас размислувам скроз исто како тебе.

Некој спомна дека треба да научиш да се сакаш самата себе прво, па се друго потоа. Точно, ама еве во мојот пример јас немам проблем да бидам сам. Точно знам кој сум и што сакам. Фала богу можам да си приуштам и го прошетав пола свет сам или со (не-толку блиски) познаници. Ама сепак кога си дома во Скопје, сакаш рандом кафе или виски, сакаш да размениш 2-3 збора со некој, сакаш интеракција со друг човек а не секогаш (или се поретко) имаш другар/ка за тоа.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.417
Поени од реакции
2.400
Во развиени општества со развиена економија, пример скоро сите ЕУ земји ќе го сретнете тој феномен на осаменички живот, произволно, т.е повеќето бираат да се сами и така да живеат, а зошто, затоа што средени се, институциите функционираат,стандардот е висок, луѓето немаат потреба еден од друг.

Се што им е потребно можат да постигнат и сами, секс имаш порно сајтови, љубов ја имаш мајка ти или некој од фамилија, не ти треба да фаќаш врски за да вадиш документи за разлика од кај нас. Резултат е 99% луѓе задоволни со својата осаменост.

И онака целата интеракција е на социјални мрежи, искачаш со некој на кафе да гледате во телефоните.

Полесно е преку анонимен профил да искрено се исповедаш, неголи да седнеш во 4 очи со познат пријател и да му кажеш се од точка до запирка.
 

Zombie

...resistance is futile...
Член од
2 февруари 2008
Мислења
388
Поени од реакции
46
Па не си баш во право. Ова што го збориш за ЕУ важи за скандинавија, можда делови на Германија и некои останати земји од северот. Од лично искуство ти кажувам дека Шпанија / Португалија / Италија и сл. се многу поблиску до нас во менталитет и се цело време во „кафани“ а се исто или повеќе „средени“ и функционални од северните држави.

И мислам дека никој не спори дека можеш да си задоволна со својата осаменост. Тоа е можда и најбитно за да си задоволна и во друштво. Ама поентата е дека (барем за мене) од време на време фалат луѓе за дружба. И нема ништо страшно во тоа.

За ова со телефоните, да, се почесто го гледам ова, ама кај помладиве деца од 200X год. па навака. Кога искачам со мои луѓе (колку и ретко да се дешава у последно време) никогаш не е така.

А секогаш е полесно анонимно да си ги исповедаш маките, многу јасно е тоа, ама тоа не значи и дека е лоша работа. Едноставно некогаш треба да истуриш некои работи што ти тежат а не сакаш да ги кажеш на никој. Јас и обично за тоа и го користам форумов. Како деца пишувавме дневници и таму си се жалевме, сега еве по форуми трескаме зелени.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.266
Поени од реакции
10.918
Па скроз е нормално понекогаш да се чувствуваш осамено. Дури и луѓето кои изгледаат среќно и се полни со самодоверба имаат такви моменти кога ќе се најдат сами во четири ѕида.

Ако осаменоста стане хронична, тогаш дефинитивно станува проблем кој може многу да влијае на психосоматски план.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.728
Поени од реакции
8.769
Иначе др. Ошо колку што се сеќавам ја имаше демистифицирано целава проблематика пред некои 40 год. ако не и јаче.

Osho,
You said the other day that we are born alone, we live alone, and we die alone. Yet it seems as if from the day we are born, whatever we are doing, whoever we are, we seek to relate to others; in addition, we are usually attracted to being intimate with one person in particular.
Would you please comment?

The question that you have asked is the question of every human being.
“We are born alone, we live alone, and we die alone. Aloneness is our very nature, but we are not aware of it. Because we are not aware of it, we remain strangers to ourselves, and instead of seeing our aloneness as a tremendous beauty and bliss, silence and peace, at-easeness with existence, we misunderstand it as loneliness.

Loneliness is a misunderstood aloneness. Once you misunderstand your aloneness as loneliness, the whole context changes. Aloneness has a beauty and grandeur, a positivity; loneliness is poor, negative, dark, dismal.
“Everybody is running away from loneliness. It is like a wound; it hurts. To escape from it, the only way is to be in a crowd, to become part of a society, to have friends, to create a family, to have husbands and wives, to have children. In this crowd, the basic effort is that you will be able to forget your loneliness.

“But nobody has ever succeeded in forgetting it. That which is natural to you, you can try to ignore – but you cannot forget it; it will assert again and again. And the problem becomes more complex because you have never seen it as it is; you have taken it for granted that you are born lonely.......
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.858
Поени од реакции
10.604
Секта некоја, некоја мантра тантра јога мога, владе да го прашаш ќе ти речи ливадарка дека ќе стани уште не стигната до 25 и слично. На крај можда владе и во право ќе излези пошто решенијата кои и ги нудат во насока на осаменост водат само кон изолираност со себството, не со други покрај тебе.

Да не се лажеме дека секој не треба да има одредена цел во животот, да треба, ама на некој со 20 и кусур во газот да му збораш за некое универзално просветлување кога тој некој само сака да излегува и да се журка (да оди по кафани де) шо знам колку е целисходно.

Променати се сега некои работи, порано да можеби женско на 25 и ќе имаше родено или крајно ќе размислуваше за брак, сега до 30 шетаат и дружат, журкаат, инвестираат време во професионален напредок и учат. Умре времето кога грото од нив ќе стават суќна до глужд, ќе тргнат по манастири и ќе се продуховат. Пример.

Не е и идејата барање на возвишена цел, сама по себе, лоша ама не се вклопува во целокупниот муабет на некој кој се јави тука и кажа дека едноставно си сака дружба и се опиша како екстровертна личност која всушност нема кој да ја прати во чекор.

И не, не и е проблем да журка, да излегува, да е меѓу народ (токму тоа и го посакува), проблем и е што нема со кој. На тој проблем не гледа од аскетска природа и не сака да стане пустиник и номад па да и се нуди опцијата продуховеност, целина од едно нешто, дрн дрн дрн, едноставно не и се годините и особено ситуацијата за таков вид на барање на себе си (уште помалку желбите).

Но, добро е да се види дека голем дел од луѓето кои го поминале процесот на журкање или процесот на осамнички живот од X причини, иако повозрасни од неа, сепак се во дилема што понатаму?

Човекот е социјално битие, тоа што викаме УРА и дека сме доволни сами на себе не е решение - туку бегство. Биди сам со себе за личен напредок и за да расчистиш со некои свои демони (ако ги имаш), за да не си терет на пријатели или партнери заради своето јас, но социјализирај се за да останиш читав во главата пошто како што кажа Акцесо може потоа да ти премини во дијагноза тоа самотијата. Е тек тогаш ќе бараш возвишени цели, поголеми, поуниверзални, ќе си ја чукаш главата.

Се' во свое време. Сега нека излегува, дружи, журка пошто сега ако се посвети на самотија и на 35-45 се фрли на журкање ваљда утнала некои работи. Таман е тоа што го бара, искуство секако ќе и донесе, а со тоа и можеби промена на своите навики и очекувања.
 
Член од
25 септември 2023
Мислења
111
Поени од реакции
120
Нешто се случи со луѓето после короната. Едни станаа Скандинавци, други станаа Германци, некои алфа мажи, други сигма, трети целибати и женомрзци, од 20 души друштво и јас имам останато сосем сам бидејќи луѓето со кои што сум делел цигара одеднаш станаа србски мафијаши со црн Пасат и црна цвикера што не вика на никој здраво во кафич.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
Во развиени општества со развиена економија, пример скоро сите ЕУ земји ќе го сретнете тој феномен на осаменички живот, произволно, т.е повеќето бираат да се сами и така да живеат, а зошто, затоа што средени се, институциите функционираат,стандардот е висок, луѓето немаат потреба еден од друг.

Се што им е потребно можат да постигнат и сами, секс имаш порно сајтови, љубов ја имаш мајка ти или некој од фамилија, не ти треба да фаќаш врски за да вадиш документи за разлика од кај нас. Резултат е 99% луѓе задоволни со својата осаменост.

И онака целата интеракција е на социјални мрежи, искачаш со некој на кафе да гледате во телефоните.

Полесно е преку анонимен профил да искрено се исповедаш, неголи да седнеш во 4 очи со познат пријател и да му кажеш се од точка до запирка.
и во голден 60с имаше осаменост, па праеја хитови за тоа а осамените си слушаа плочи...
https://www.youtube.com/watch?v=Z4BrtEgtzEY
https://www.youtube.com/watch?v=WcW8t_w3SIc
https://www.youtube.com/watch?v=8UWf3zHvWp4
https://www.youtube.com/watch?v=U5n-gigSrys
сега ја решаваат осаменоста со дебилни телефони и интернет групи итн
a разликата е i што пред 5о на години одев сам на плажа, приоѓаа и се запознавав фини девојки,( за Јадран зборувам) а сега и таму обични никакви дрољи бараат бмв од 150коњи или на плажа глисер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom