Неко меЏу нама није наш

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Колку само невистини прочитав тука,и тоа не од било кого.
туку од еден СУССАРО - кој мислам е на врвот на најКангаџија,
по знаење и муабетење се разбира,а и со мерак го читам.
Но треба и малку да се читне во Историја и тоа нашата овде.
Мислам уште во Правата македонска бригада или нешто потоа имаше во нашите единици Словенска чета од борци Словенци-партизани.
Ни имаше и други;Италијани или Евреи па дури и бугарски батаљон.
А за Срби,само во борбите за ослободување на Скопје загинаа нешто повеќе (неколку) Срби од останатите.(1/2 беа Срби од сите загинати)
Па на денешен ден ако не се лажам загина,го обесива и еден Периша Савелиќ пред кого сите партизани од првиот скопски партизански одред дадоа заклетва.Тој беше од Црна Гора но Македонија ја имаше за своја татковина. За Срем се знае и зошто и како. Жртвите се 2000 лица.
Големи буквалисти сте значи, се фаќате за тоа ниеден.Добро де нека бидат 100, 200, 1000 занемарлива бројка и тоа благодарение на затечените кои живееле тука.Не верувам дека некој од Белград или од Титоград ќе се закренел за наша слобода.
А италијаните и бугарите на чија страна беа?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.966
Да за ова ќе се сложам, мада кога ќе кажеш дека Крсте е еден од поарните, тоа е исто како од Илинка Митрева, Теута Арифи, Дора Бакојани и Ен Хетавеј да кажеш дека последнава е една од поубавите.
Многу напињаш ќе се посереш. Не ја носи темава у три лепе, не е ниту за Македонија без Тито, ниту за комунизмот и редиците за бензин, за дегенериците што му се поклонувале на Тито, за дегенериците што мислат дека да не беше Тито ќе процветавме во капитализам, ниту за холивудски актерки и вкусовите за жени. Држи се до тврдото и мекото "и" на Јожета и документот што е постиран. Глумење авторитет за алтернативна историјата по 45та можеби подобро во тема за паралелни универзуми.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
А може затоа што е од Загорје звучи како да збори со акцент ?

Не знам колку од вас ги имаат слушанот како кајкавците кршат јазик кога пробуваат да зборат литературно штокавски.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
А што па и да бил некој друг а не од сојот балканец.Еден куп држави па и во соседствово кога им даваа држава им даваа и германски,австриски благородници за цареви па сега тие си ги слават и почитуваат како свои.
Важно е дека додека бил тој се подобрил животот на сите што живееле во СФРЈ во однос на тоа пред војната.како и секој водач секако дека имало и негативности.Барем ние Македонците најмалку можеме да му се лутиме него бидејќи во негово време прв пат се спомнува за макеонски народ и јазик.Војни имало и пред тоа каде што учествувале македонци па не сме добивале своја држава туку само друг газда:српски,грчки или бугарски,т.е големите сили не дозволувале да се формира македонска држава зошто да мислиме дека сега би било поинаку.
И најинтересен ми е делот кога го критикуваат секогаш го спомнуваат зошто не Солун туку Срем?Можеби затоа што германецот не бил сеуште победен па требало да се даде придонес во тоа а не да си се води ослободителна војна само за себе.Ако така си размислуваа Русите,никогаш немаше да се ослободиме од Германците(Бугарите) затоа што ние не ги избркавме германците туку тие бегаа накај дома.И едно прашање нон стоп ме мачи:зошто секогаш се спомнува дека се сакало да се оди на Солун и да се ослободи Егејот а нема такво нешто и за Пиринот???
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Како што за стариов има теории на заговор за ниту една историска личност нема толку. Почнувајќи од муабетите дека е Австриски државјанин, па се до тоа дека на местото каде го посетуваат неговиот гроб не е таму закопан. History Channel има извадено добар документарец за неговиот подем и помошта од Британија на партизаните. Исто така на РТС мислам дека секоја вечер оди документарецот Tito crveno i crno, кој детално го разработува неговото владеење со Југославија. Факт е дека човеков е една од најмаркантите појави. Ден денес луѓе го слават и му симнуваат капа за времето во кое живееле. Факт е дека ги има и оние кои не можат да го поднесат, поради репресивниот систем. И пак ќе се вртатат муабети, без некогаш да се октрие вистината.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.356
Па добро имаше уште одаман тези дека е од австро унгарско потекло и дека се вика Јосип Амброз па како вистинскиот тито умрел за време на војната па овај го предзел идентитетот и ред други работи не ме ни изненадва искрено. Имаше исто дека е закопан со чантичето во кое ги држел сите документи за него и во нив се пишело за неговото потекло ред др работи. Иако теории на заговор има на секој чекор..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Алтернативата ни била Македонија по војната да си остане Курдистан, поделен на три дела. Грција како сателит на америте и британците и Кралството Југославија сателит на французите и британците никогаш не би дозволиле да има независна Македонија, па големите сили со задоволство би не оставиле на статус кво. Со разликата што сите македонски дејци ќе гинат од куршумите на грчките и српските агенти, само што нема да добиеме шанса за независност ни после 90ти а камоли во 21 век, а македонските ослободителни движења ќе си останат како терористички и никој не би се дрзнал да ни даде помош за отцепување кога големите играчи си имаат два силни сателити на Балканот - Кралството Југославија на чело со Караѓорѓевиќи и фашистичка Грција која ја продолжува традицијата на генерал Метаксас.

Тито си е виновен за некои работи и ќе си одговара за стореното, само не пред суд. Во негово време се живеело подобро во некои аспекти (животен стандард, безбедност и шансата да патуваш каде сакаш и да не се чувствуваш дека си во гето), но неговото наследство после смртта е катастрофа, како на човекот да му било гајле што ќе се случи после него, како да нема визија што понатаму. Истата невизија што ни ја имаат партиите.

Туку за крај, што повеќе би ти пасувало - иќ или ос? Трето нема.

ПФФФ во најмала рака ќе сме биле самостојни во СССР.

Бугарите и Грците во право се кога викаат дека сме испиени мозоци.Тито се што направи е да нареди да се стрелаат Ченто и останатите водачи за да си ги постави своите пиуни.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
хаха ова ко да дојде некој и да ми каже ти не си македонец ти си русин.... ЛоЛ

ме потсети на клипчево од К 15...

 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Колку што знам, Тито бил син на австиски гроф, никаква Русија, ниту Полска.

Имаше едно интервју во „Илустрована политика“ до неговиот лекар кој вели дека Тито бил човек со манири на аристократ, никаков бравар.

Не го потете за независна Македонија после 1944.
Тогаш ни Хрватска ни Србија не можеле да бидат независни држави, а не па Македонија.

Еве, 20 и кусур години имаме „независна“ Македонија. И?
Пак ли е Тито крив што сме клапчовци?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
И после 30 години,овде за мене ќе читате.
Не сум бил јас Анчо - браварот од Еврејско маало,
туку Трајан - говедарот од Чојлија, з.п. Петровец
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Нема врска, тоа се само шпекулации дека не бил Југословен Маршалот анализирајќи го неговиот говор преку акцент.Ако се прави таква анализа на говорот на Пасторот сигурно и тој ќе излезе било што само не Македонец,бидејќи многу забележително е неговиот изговор на неколку вообичаени согласки и самогласки.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
И после 30 години,овде за мене ќе читате.
Не сум бил јас Анчо - браварот од Еврејско маало,
туку Трајан - говедарот од Чојлија, з.п. Петровец
Немој да се секираш Анчо, тука на форумов има еден куп луѓе што ќе потврдат дека ти си стар скопјанец од Еврејско маало. Немаш причина за загриженост. :)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
ПФФФ во најмала рака ќе сме биле самостојни во СССР.

Бугарите и Грците во право се кога викаат дека сме испиени мозоци.Тито се што направи е да нареди да се стрелаат Ченто и останатите водачи за да си ги постави своите пиуни.
Па баш ова ти што го тврдиш доаѓа од Бугарија,преку оддалечувањето на Македонија од Југославија по 44 година,и приближување кон СССР да дојде до спојување на Македонија кон Бугарија.Тоа била нивна најголема желба,и сега по осамостојувањето гледаме таква реализација.Така да ако тоа се случело тогаш во 44 година тешко Македонија да се изградила како суверена република а сега и како држава.Југославија беше најголемата придобивка за изградувањето на Македонија како посебен ентитет на Балканот далеку од пропагандите на Грција и Бугарија.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Де бре човекот е мртов 33 години, оставете го нека почива во мир !
Ваков бил, онаков бил, а денешниве ’’демократски‘‘ политичари ака властодршци демек поарни се !
Бранко, Грујо, Љубчо и остали не можат ни на мудата на Тито да му се фатат ...
Тито од крш и пустош создал држава, а што создадоа политичарите од 1991 година наваму ! ... ништо ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom