Нега на кожата на лицето и телото и рецензии на козметички производи

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.738
Поени од реакции
2.266
Некој да ми препорача некаква крема против црвенило на лицето. Се појавуваат во вид на црвени точки најчесто на образите и челото.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
Нормално е. Ќе ти пишам вечер од дома детално, ако го правиме ова, да го правиме како што треба. Во меѓувреме кажи ми дали користиш и други состојки, или се шлакаш со деодорантни креми на лице само и што ти дојде при рака? :D
имам шисеидо дневна крема со спф 25
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.915
Поени од реакции
25.303
@коцка ќе претпоставам дека не користиш други киселини (AHA, BHA)и тоа си е во ред. Ретинолот бара упорност, грижа и посветеност. Емка ти пиша погоре, обавезно користење на спф, ама ретинолот ќе го користиш навечер. Она што ќе треба да вметнеш во употреба е хијалуронска киселина(hyaluronic acid) и хидратантна крема. Што прави хијалуронската киселина? Го смирува црвенилото и ја хидрира кожата. Битен момент е дека ретинолот не сака вода, така да треба да се нанесува пола час после миење на лице. Останатите состојки што ги користиш ќе провериш дали содржат вода, ако да, тогаш ќе ги нанесеш пола час после нанесувањето на ретинол.

Знам дека е заебано, ама се фати за орото, сега изиграј го до крај. :D
 
тоа киселината е таа од одринери? мислам дека само што ја фрлив хахахахахахаха инаку да, мијам фаца ставам ретинол па крема, баш како што не треба :) црвенило немам сега за сега, само сува ја осеќам кожата па ставам малку поише од кремата :)
фала маестро!
 
Ординери и многу други компании прават, ја има во серуми, креми, тоници, па дури и во форма на таблетки видов дека има.

Има како девојченце у тоа фацата да те направам! :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
При крај ми е, купено од фри шоп. Ако знае некој во МК дали може да најдам ваква пудра?
20210318_180730.jpg
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.598
Ајде нова тура, се ослободив малце од обврски.
1.La Roche Posay cicaplast baume

Предобра! Ја земав за зимава пошо беше прилично остра и ладна зима, од ладно почна да ми се лупи малце и кожата. Кремава е сон. Многу е густа, сосем малце е доволно за да се покрие цело лице. Ја користам само навечер. Мислам дека како дневна крема би била многу тешка, барем за мојот тип кожа. Нема ни мирис така да топло ја препорачувам на сите. Плус цената е супер, јас ја земав околу 6-7 еур.

2. La Roche Posay Pigmentclar eyes

Овој го земав за да не ставам секој ден коректор кога се вклучувам на состаноци пошо константно имам подочњаци и изгледам ко ненаспана, иако спијам добри 8 саати секоја вечер. Пијам доволно вода, спијам доволно, се хранам здраво би рекла, ама подочњаците никако да се тргнат. Пошо е пигментирана кремата, се познава малце подобрување, ама нишо wow. Не знам дали има и некој anti aging состојки, ако ги има супер. Многу е лесна и брзо се впива,ама ако не даде некој забележителен ефект додека не ја потрошам, не би ја купила пак.

3. The Ordinary Hyaluronic acid
0.jpg

Сакав да ја пробам пошо сите ја фалат дека била добра за хидрирање, а и сакав да постигнам некој dewy look на кожата. Супер е, досеа сум задоволна многу. Пошо ја задржува влажноста, ја нанесувам на влажна кожа, па после хидрирам. Ја користам навечер. Како и сите останати продукти на ТО, цената е достапна за сите.

4.Milk Matcha detox mask

Маскава си бучииии. Ја иам скоро година и пол, не знам зошо не сум ја споменала порано. Обично ја ставам после капење, еднаш неделно, и следното утро кожата ми е прекраснотии, чиста, свети. Плус мислам дека milk се органски и cruelty free, така да + од мене.

@ЈуријАркадиевич ако сакаш да не почастиш со детална рецензија на производите што ги објави, јас сум многу заинтересирана. :D
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
А некој употребува ли масажер за лице од жаде? :D
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.598
Неам користено, али гледам по инстаграм го користат. Може е убаво ако се стави во фрижидер па така од сабајле да ме размрда малце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom