Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
Факт е дека сме преплавени од многубројни козметички продукти на пазарот кои се наменети за нега на кожата на лицето и телото, но се наметнува прашањето кои од нив се навистина делотворни? Истражувајќи малку на таа тема, пред некоја година наидов на податок дека еден од најделотворните и најпотентни продукти против стареењето на кожата се ретиноидите т.е. третиноинот или ретиноична киселина, најмоќниот за таа намена дериват на витаминот А, а кои освен за таа намена, дерматолозите ги препишуваат и за третирање на акни и тешки кожни воспаленија. За превенција на стареењето на кожата, препорачливо е да се започне со нивно користење во доцните 20ти години, но ако се почне со нивна употреба и подоцна во животот, резултатите нема да изостанат. Доколку некоја од дамите на форумов има искуство со користењето на овој или друг делотворен препарат за нега на кожата, би можела да го сподели тука.
1. Што се тоа ретиноиди?
Едноставно кажано, ретиноидите се деривати на витаминот А кои помагаат при проблеми со акните, го намалуваат лачењето на себумот на кожата, го намалуваат црвенилото, го стимулираат производството на колагенот и ја намалуваат пигментацијата и порите на кожата, истовремено подобрувајќи ја целокупната текстура и тонот на кожата. Тие се навистина совршена состојка за нега на кожата и поубаво стареење.
2. Разликата помеѓу ретиноидите и ретинолите?
Двете состојки се видови на витамин А, но ретиноидите се многу посилни и се достапни само со рецепт. Ретинолите, од друга страна, можат да се најдат многу лесно и се наоѓаат во скоро сите производи против стареење и брчки.
3. Како да знаете кој да го користите?
Најдобро е да започнете со употреба на ретинол, а потоа полека да се префрлите на ретиноиди. По ретинолот, ретиноидите ќе имаат многу подобар ефект врз кожата.
4. Дали постои начин на кој тие правилно се користат?
Ретиноидите е најдобро е да се користат пред спиење. Се нанесуваат на носот, на челото, и на образите и на брадата, а потоа се вмасируваат во кожата. Големината на зрно грашок од кремата е доволна за една употреба, бидејќи поголема количина не го зајакнува нивното дејство. Отпрвин, користете ги еднаш или двапати неделно, а потоа зачестете со употребата на секоја вечер. Паралелната употреба на крем со висок заштитен фактор (SPF 30 или повисок) преку ден е задолжителна затоа што ретиноидите ја прават кожата почувствителна на сонцето.
5. Дали оваа состојка предизвикува негативни ефекти?
Ретиноидите можат да ја исушат кожата и да предизвикаат иритација кај некои луѓе - затоа е препорачливо да се користат претпазливо и на почетокот дозирано. Ретиноидите и витаминот Ц би требало да се избегне да се користат во исто време т.е. ден, бидејќи витаминот Ц има многу кисел фактор на pH вредност, па затоа кога се комбинира со ретиноидите, може да биде многу нестабилен. Бидејќи овие две се силни состојки, нивното истовремено користење може да ја исуши и изиритира кожата. Доколку немате претерано чувствителна кожа, сепак можете да ги користите заедно, но тие се одделно поефикасни. Се препорачува да се користи витаминот Ц наутро и ретиноидите во вечерните часови.
6. Колку време е потребно за да се добијат првите резултати?
Обично, потребни се од 4 до 6 недели за да се навикнете на новата состојка. Потоа, резултатите се појавуваат многу брзо.
Ретиноидите кај нас сепак можат да се најдат и без рецепта, со over-the-counter купување во некои од нашите аптеки. Станува збор за кремата „Аирол“ која е од грчко производство, правена по француска лиценца и која може да се набави и директно од Грција, од некоја од тамошните поснабдени аптеки, по цена од околу 5 евра за 20 грама. Ја има во концeнтрации на третиноинот од 0.025, 0.05 и 0.01%.
Јас ја користам онаа со концентрација на 0.05% третиноин, кожата ми е многу толерантна на неа (ја користам дури и на околуочната регија, што го сметаат за опасно, но мене лично не ми се појавил никаков проблем од тоа), досега не се изиритирала или вцрвенела и бргу-бргу по првобитното користење на секои неколку дена, започнав да ја користам еднаш дневно, во вечерните часови. Наутро секако нанесувам крем со висок заштитен фактор, бидејќи третиноинот ја прави кожата пофотосензитивна.

Последно уредено: