Аjде ти кажи Енциклопедиjа Британика признаваш ли за доказ? Или и тамо си пише секоj што сака?
Енциклопедија не е историски извор. Енциклопедија може еднаш да пишува едно,друг пат друго. Тоа со цитати од енциклопедии како наводен “доказ’’ се приказни за да се лажат “Бугари’’. Ви треба еден курс од методологија по историја да не се брукате.
Значи да заклучиме за неколкуте основи на буагрската пропаганда:
1. Таа користи замена на средновековниот термин “бугар’’ со етнонимот Бугар, а тие две работи никако не се исто.
Патем, ја користи збунетоста за зборот “бугар’’ кој има над 100 дефиниции (Христијанин, припадник на раја, припадник на Егзархијата, итн.), а во Македонија и на Балканот тој збор се употребувал на различни начини, не само како етноним.
2. Користи целосна замена на тези. На пример, припадноста на Бугарија кон фашистичката оска во Втората светска војна ја минимизира до степен да ја изврти во неприпадност, а окупацијата на Македонија ја претставува како ослободување.
3. Фабрикува документи и користи мноштво лаги и полувистини за периоди во историјата за кои нама примарни документи. На пример, фабрикува непостоечки артефакри или изменува постоечки артефакти за потеклото на цар Самоил, преку кои посредно сака да му даде бугарски етнички карактер на целото царство.
4. Фабрикува документи за периоди за кои има има историски извори, кои ги “наоѓа’’ по потреба, а кои се дијаметрално спротивни од постоечките.
5. Користи флодирање од информации од фанатизирани Бугари -- и тоа на простачки и насилнички начин -- исто како пред 100-150 години така и сега, и така држи политичка тензија.
6. Ги “исмева’’ (демек) сите релевантни факти и докази кои не и одат во прилог.
7. Го крие турко-татарското потекло на вистинскиот Бугарски народ преку презентирање на мноштво теории и тези (за секоја политичка употреба), а крие факти и за настанувањето на модерната Бугарска држава и за новоизмислената “словено-бугарска’’ националност.
итн., итн.