Србите и понатаму пукаат со огнено оружје , а КФОР враќа со гумени куршуми и солзавец.
Не знам што чекаат , да биде убиен некој војник на КФОР , па отпосле да појачат со нивните реакции.
Со овие последни настани , европските лидери се разочараа од Србија , и ќе имаат проблеми на патот кон Европа.
А Тадич наводно повикува србите да се тргнат од блокадите.
Дардан, а што да каже Тадич, да запнат појако, или пак да прати и воена поддржка за србите на Косово?
Со тоа што само ИМ КАЖУВА и не превзема ништо ве поддржува вас и кфор, наместо да го поддржи својот српски народ и да им пушти по некое пушкиче тенкче или сл. гратис.
Како и да е се ова не е добро, уште од старт, незаконски пробуваат да им ја одземат земјата на Србите а на многу им ја одземаа и тие беа приморани да избегаат на сигурно во Србија, ама и србите незаконски сакаа да ги искинат албанците за време на Милошевич.
Кога ќе видиш двајца се тепаат, американчето користи.
Навистина не знам зошто Америка имаше корист да оформи нова држава тука, ама знам дека раздорот нема да престане. Ние сме си глуп народ, со векови живееме заедно, и доаѓа некојси амер од преку 16 океани, и ни ја зае*ува психата, не става под негова контрола и сега како да сме паднале од Марс, едни против други.
И ова не само за Косово, и за Југославија била истата приказна колку што знам.