На северот на Косово напнато

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Србите и понатаму пукаат со огнено оружје , а КФОР враќа со гумени куршуми и солзавец.

Не знам што чекаат , да биде убиен некој војник на КФОР , па отпосле да појачат со нивните реакции.

Со овие последни настани , европските лидери се разочараа од Србија , и ќе имаат проблеми на патот кон Европа.

А Тадич наводно повикува србите да се тргнат од блокадите.
Дардан, а што да каже Тадич, да запнат појако, или пак да прати и воена поддржка за србите на Косово?
Со тоа што само ИМ КАЖУВА и не превзема ништо ве поддржува вас и кфор, наместо да го поддржи својот српски народ и да им пушти по некое пушкиче тенкче или сл. гратис.
Како и да е се ова не е добро, уште од старт, незаконски пробуваат да им ја одземат земјата на Србите а на многу им ја одземаа и тие беа приморани да избегаат на сигурно во Србија, ама и србите незаконски сакаа да ги искинат албанците за време на Милошевич.
Кога ќе видиш двајца се тепаат, американчето користи.
Навистина не знам зошто Америка имаше корист да оформи нова држава тука, ама знам дека раздорот нема да престане. Ние сме си глуп народ, со векови живееме заедно, и доаѓа некојси амер од преку 16 океани, и ни ја зае*ува психата, не става под негова контрола и сега како да сме паднале од Марс, едни против други.
И ова не само за Косово, и за Југославија била истата приказна колку што знам.
 
Јас не знам што не се откажат од тоа Косово. И онака не е веќе нивно. Кај и да е, и Војводина ќе се отцепи. :D
 
Тадиќ ги повика косовските Срби да ги повлечат барикадите од патиштата


Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска ги повика претставниците на КФОР да не преземаат акции за отстранување на барикадите во северно Косово, а политичките претставници на косовските Срби да направат се што е во нивна можност за да се прекрати блокадата на патиштата, пренесе Танјуг.

Тадиќ апелираше Србите да ги повлечат барикадите, затоа што тие се закана за животот на граѓаните и со ништо не придонасуваат за заштитата на националните интереси, туку напротив, Србија ја доведуваат во ситуација во која губи секаква можност да ги заштити своите интереси и во северно Косово, и на меѓународната сцена.
Барикадите во северно Косово провоцираат дополнителни дејствија на КФОР и водат до „маѓепсан круг“ од кој нема излез и од кој само екстремистите имаат корист, рече Тадиќ.
-Претседателите на општините во северно Косово имаат голема одговорност, поголема од бројот на луѓето кои гласале за нив, затоа што во северно Косово се води меѓународен спор. Тие на проблемот треба да му приоѓаат рационално. Не треба да ја толкуваат ситуацијата како национална борба на живот и смрт, туку себе си да се гледаат во улогата на национални херои, затоа што тоа е опасна ситуација, рече српскиот претседател.
Тадиќ уште веднаш истакна дека дијалогот е единствената шанса да се решат проблемите во Косово и сите треба да помогнат тој да се развива без пречки.
 
krenar1.jpg
 
Јас не знам што не се откажат од тоа Косово. И онака не е веќе нивно. Кај и да е, и Војводина ќе се отцепи. :D
Кога имаш у план Војводина да се отцепи ? И ако може изворот да ми го кажеш кај си чул ?
 
3 Балканска Војна :D
Бих те поправил - поредна воjна на Jгославското подрачие.
Види - само западните Балкани се уште не са се помирили, само тамо се уште се делат амбасади, имоти, конзулати и се што може да ти текне на памет.
 
Јас не знам што не се откажат од тоа Косово. И онака не е веќе нивно. Кај и да е, и Војводина ќе се отцепи. :D


Ти ова сериозно или колку да промрчиш нешто?
 
Србија има премногу внатрешни проблеми , а Косово е веќе сериозен надворешен проблем за нив.

На Косово и останува само да се развие економски и што и да се случи тешко дека некогаш повторно србите ќе го окупират Косово.

Што поскоро да се почне со искористување на природните богатства за да се обезбеди развој и ако треба да се купи подршка низ светот. Многу брзо се стигна до 85 признавања , а многу скоро ќе се прескокне 100ка.

Наскор ќе почнат да се активираат и албанците од Прешевската долина , како противтежа на србите на северот на Косово.

А тука се и бошњаците на Санџак кои бараат автономија.

Војводина веќе има автономија , а и тие (унгарци или срби) не сакаат нивните пари да одат за да се развие Шумадија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom