Најубав момент? Да е најдобар период од животот, би рекол 2009 година, од почетокот до сега. Моменти.. тешко оти целиот период е супер, ама ај ќе издвојам нешто...
Кога ми ги подари слушалките што ги зема од Грција, кои сеуште ги употребувам.
Вчера, лежење на тревата во паркот под отворено небо полно со ѕвезди.
Многуте вечери поминати лежејќи на една чистинка на патот кон манастирот св. Илија во Струмица.
На први Мај, во Дојран, дожд/град паѓа ненормално, ние заедно трчаме од едниот крај на Дојран до другиот, без обрнување на внимание на тоа што сме цели вода направени. Истиот ден, кога прв пат лично ми рече дека ме сака... Чувството, can't describe it.
Да сумирам, секоја минута со неа.