Знам дека темава е повече за филмови не за серии/епизоди, ама морам да го истакнам ова. Деновиве ја гледам серијата Мастерс оф Хорор, која е збир на најдобрите хорор режисери кои режираат по 1/2 епизоди од серијатлот. Постојат неколку епизоди што ми оставија огромен впечаток но морам да ја истакнам најдобрата (заедно со Сигарет Брнс на Карпентер)
Епизодатата се вика,
Саундс Лајк
Имдб = 6,4
Јас = 8,5
Невидена тензија....пропратена со језива класична музика (Виолини) кои ја прават истата и притисокот врз главниот карактер уште поголема и на моменти
неподнослива, запрепастувачка...секој момент очекуваш да експлодира! Не е страшна епизода, но ваква напнатност не сум начекал одамнаааа во некоја епизода/филм!! Морам да кажам дека на моменти е и малце смешна (црн хумор) но со многу стил и пред се одлично осмислен концепт, секоја чест за Бред Андерсон. Режисер уште на
одличните:
Session 9
The Machinist
Transsiberian
И 6 епизоди од серијата
Fringe.
Епизода во стилот на големиот Хичкок или пак креаторот на Твајлајт Зоун, Род Серлинг!
Морам да го пофалам и
Chris Bauer, кој е дел од Одличната
True Blood и главна улога во филмот, одглуми како прав психопат