Најнови трендови на интернетот

Член од
2 февруари 2014
Мислења
69
Поени од реакции
52
па еве можеби има некој што разбира, не сум само јас на темава. Објасни ни убаво што е АИ, еве ако не знаеш прашај го Чат-ГПТ и одговори ни.
Сите генијални умови зборуваат за тоа дека АИ е најголема опасност за човекот, ама пиво муабетџииве како у2к знаат повише.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.653
Само ќе треба тоа соодветно да се оданочи и распредели.
:lolzz::lolzz:

Не си нормален со ова оданочувањето. Кого ќе оданочуваат, роботите ли, а и на кого ќе ги трошат парите.

Бате @Ron Burgundy, па ти нели ќе прифатише чип во мозокот, за да ти се зголемат способностите, што сега тресеш зелени и звучиш ко "рамноземјаш"....
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307

ја сум ги сфатил работите бафре, технологијата не му е пријател на човекот, посебно не АИ и други системи кои го додираат она човекот што го прави човек. А тоа е креативноста. Ако ова стане меинстрим, ќе не лечат доктори што дипломирале на чат-гпт. Баш идиократија би било тоа каде што АИ ќе ти кажува што е реалност а што не итн.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
се прешло на нешто друго, досадните работи се автоматизирале. Но тука нема на што да прејдеш, ова е крајниот стадиум. Целосна замена на човекот во многу сфери.

Тука не се работи на автоматизација на глупите и досадните работи. Па човекот да може да се фокусира на интелектуална работа ко што вика оној Маск.

Туку токму спротивното он го прави. Ова е автоматизација на креативноста.
За некого досадно и глупо е тоа што ти го сметаш за креативно, да речеме пишување статија или книга на одредена тема. И зошто тој, на кој тоа му е досадно и глупо, да нема можност да го автоматизира тоа!?

Не гледам ништо лошо во автоматизирање на креативноста. Дури и при автоматизација на креативна работа, си треба креативност, да имаш замисла како сакаш да изгледа крајниот резултат, па соодветно на тоа и да внесеш соодветен инпут, за да го добиеш посакуваниот резултат.

Така ако гледаме и гуглањето е автоматизација на креативноста. Наместо да прочиташ неколку hard copy книги и да се едуцираш во одредена област пред да напишеш статија, на пример, ти гуглаш и читаш селективен материјал, напишан од некој таму креативец кој прочитал 200 книги.
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.091
Поени од реакции
1.592
Сите генијални умови зборуваат за тоа дека АИ е најголема опасност за човекот, ама пиво муабетџииве како у2к знаат повише.
Кои се тие генијални умови? Ти и Рон на Кајгана?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307
За некого досадно и глупо е тоа што ти го сметаш за креативно, да речеме пишување статија или книга на одредена тема. И зошто тој, на кој тоа му е досадно и глупо, да нема можност да го автоматизира тоа!?

Не гледам ништо лошо во автоматизирање на креативноста. Дури и при автоматизација на креативна работа, си треба креативност, да имаш замисла како сакаш да изгледа крајниот резултат, па соодветно на тоа и да внесеш соодветен инпут, за да го добиеш посакуваниот резултат.

Така ако гледаме и гуглањето е автоматизација на креативноста. Наместо да прочиташ неколку hard copy книги и да се едуцираш во одредена област пред да напишеш статија, на пример, ти гуглаш и читаш селективен материјал, напишан од некој таму креативец кој прочитал 200 книги.
да, но тоа ти го правиш, и учиш додека го правиш, разгледуваш 5 - 10 извори додека оформиш мислење на одредена тема. Па и книги имаш да бараш референци. И добиваш заклучок и си викаш мора да е така.

Тука со ботовиве ништо не учиш, пишуваш прашање, добиваш одговор и тоа е тоа. Никој не се замара што пишува, него се подразбира дека е точно пошто ботот не греши. А таа содржина што ја добиваш нема некоја вредност, добиваш ботски муабети. И сега тоа замисли да те води и едуцира у животот. Човекот ќе престане да размислува критички со тие работи едноставно.

Све да беше транспаретно од каде ги црпе информациите и да има линкови ќе биде океј, но ти не добиваш никакво инфо од каде е тоа ископано. Така да не можам да имам позитивно мислење за тие работи.
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
69
Поени од реакции
52
Кои се тие генијални умови? Ти и Рон на Кајгана?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Да не сакаш да ти ги насликам, отвори пребарај ке најдеш имаш еден куп студии,интервјуа,подкасти..не гледај само Миленко Неделковсли "шоу".
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
да, но тоа ти го правиш, и учиш додека го правиш, разгледуваш 5 - 10 извори додека оформиш мислење на одредена тема. Па и книги имаш да бараш референци. И добиваш заклучок и си викаш мора да е така.

Тука со ботовиве ништо не учиш, пишуваш прашање, добиваш одговор и тоа е тоа. Никој не се замара што пишува, него се подразбира дека е точно пошто ботот не греши. А таа содржина што ја добиваш нема некоја вредност, добиваш ботски муабети. И сега тоа замисли да те води и едуцира у животот. Човекот ќе престане да размислува критички со тие работи едноставно.

Све да беше транспаретно од каде ги црпе информациите и да има линкови ќе биде океј, но ти не добиваш никакво инфо од каде е тоа ископано. Така да не можам да имам позитивно мислење за тие работи.
Никој не ти брани да му дадеш команда на ботот да ти го елаборира одговорот надолго и нашироко, да ти даде референци и книги кои ја обработуваат тематиката, цитати од професионалци во таа област и сл.

Никој не ти брани дополнително да го провериш и истражиш одговорот. Ете, не мора слепо да му веруваш на ботот, слободно провери си и истражи си дополнително, а одговорот од ботот гледај го како почетна точка, како темплејт и основа од која ќе црпиш идеи. Алатка е нештото, која премногу го олеснува животот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
да, но тоа ти го правиш, и учиш додека го правиш, разгледуваш 5 - 10 извори додека оформиш мислење на одредена тема. Па и книги имаш да бараш референци. И добиваш заклучок и си викаш мора да е така.

Тука со ботовиве ништо не учиш, пишуваш прашање, добиваш одговор и тоа е тоа. Никој не се замара што пишува, него се подразбира дека е точно пошто ботот не греши. А таа содржина што ја добиваш нема некоја вредност, добиваш ботски муабети. И сега тоа замисли да те води и едуцира у животот. Човекот ќе престане да размислува критички со тие работи едноставно.

Све да беше транспаретно од каде ги црпе информациите и да има линкови ќе биде океј, но ти не добиваш никакво инфо од каде е тоа ископано. Така да не можам да имам позитивно мислење за тие работи.
Да отворат КонзерваГПТ ќе биде бог за вас и ќе правите нонстоп копи пејст.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.503
За некого досадно и глупо е тоа што ти го сметаш за креативно, да речеме пишување статија или книга на одредена тема. И зошто тој, на кој тоа му е досадно и глупо, да нема можност да го автоматизира тоа!?

Не гледам ништо лошо во автоматизирање на креативноста. Дури и при автоматизација на креативна работа, си треба креативност, да имаш замисла како сакаш да изгледа крајниот резултат, па соодветно на тоа и да внесеш соодветен инпут, за да го добиеш посакуваниот резултат.

Така ако гледаме и гуглањето е автоматизација на креативноста. Наместо да прочиташ неколку hard copy книги и да се едуцираш во одредена област пред да напишеш статија, на пример, ти гуглаш и читаш селективен материјал, напишан од некој таму креативец кој прочитал 200 книги.
Ti drzi voda ova, mnogu kreatuvni raboti se u domenot na client work koi kreativcite ne bi sakale da gi pravat no taka plakjaat smetki... pa i se baziraat na patern i eklekticnost a taka raboti i AI, no sekoj treba da raboti za da plati smetki a ja gledam deka so geometriskata progresija na razvojot u eden zivoten vek nie sega prajme povekje nagli revolucii bez moznost za prekvalifikacija na rabotna sila. Moze mene mi odgovara Ai so nekolku klika da mi reshi neshto sho porano sum go pravel nekolku dena ili cela nedela no prashanje na vreme e koga klientot kje skonta deka ja pa i cel tim nema da mu trebame, kje si ukuca promtce i cao. Za sega sme daleku od toa i kje go muzeme ali nema toa da trae...
 
тоа и ја сакам да им кажам, ова е бета верзија, овој бот ќе може многу покомплексни работи да прави у скоро време. Али не разбираат. Мислат вака ќе остане, ќе си копираат код и така среќно до крај на животот.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
1674675964043.png

Еве кул опис од AI бот за Рон на пример. Иако тој е корисник на технологија, користи телефон, компјутер, интернет, хардверски уреди кои се состојат од десетици илјади линии код, и го поминува поголемиот дел од денот на интернет, тој вели дека технологијата не му е пријател на човекот. Рон вели дека AI било штетно. Зошто? Па од одговорот погоре може да заклучиме дека Рон никогаш не бил во контакт со AI, и не знае како да го користи, уште помалку па и да го сфати. Ама он место да биде паметен, решил да си носи сопствени заклучоци, притоа да не прифати одговор кој не се совпаѓа со неговото мислење.

AI нема никогаш да го замени човекот, а ќе замени само одредени професии. Како на пример касиерка во маркет. AI ќе замени шалтерски работници. X фирма за 4 години има отпуштено повеќе од 3000 вработени, и уште 10 илјади ќе бидат до 2025, ама истата таа фирма вработи уште толку луѓе ама на поинакви позиции. Болна вистина за некои луѓе, ама човештвото се стреми кон професии кои бараат поголемо знаење и да се автоматизираат за да се фокусираме на побитни работи отколку ете Сузе да дреме на каса по 9 саати.
Сите вие во телефонот користите апликација зад кои стои некаков AI софтвер, барем они новите модерни апликации. AI е алатка која ти овозможува автоматизирање и олеснување на многу работи, ако знаеш како да ја користиш. Алатка во вистински раце е многу корисна, како и се друго во погрешни раце ќе има негативен ефект.
Во фирма за која беа потребни 10 луѓе да извршат дневни задачи сега се потребни 2ца кои работат на AI системи и автоматизација за да го намалат обемот на работа.

ChatGPT може само да помогне во олеснување и автоматизирање како што спомнав. Сето тоа што ти го пласираат ваквите ботови е веќе постоечко на интернетот, тој бот е само малку попаметен и ти го сервира целото тоа знаење на едно место. Ако мислиш дека AI те прави поглуп, тогаш не знаеш да го користиш неговиот потенцијал.

Целта на AI е да биде што поблиску до човекот, да носи рационални одлуки и го има тој човечки фактор пред се емоции. Далеку сме од таа технологија, ама не и недостижно. Сето ова претежно работи на тестирање, хранење со вистински податоци и тренирање т.е. да се надградува системот. Во светот на пример се е еден вид на патерн, и кога тој ќе се пронајде, понатаму тоа може да се авотматизира, и од тука се добива бот или на нашки кажано Рон. Рон е бот кој има патерн редовно да постира глупости без да дава валидни аргументи, ама сака да глуми паметен на секоја тема, иако е далеку од било што поврзано со AI. Креаторите на Рон не му дале machine-learning способности па да се надградува со тек на време. Ете каков бил пред 5 години и сега е таквиот, и затоа неговиот страв од нови ботови е валиден, бидејќи многу веројатно ќе биде заменет.

1674677307071.png
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.503
Прегледај го приврзокот 363866

Прегледај го приврзокот 363870
Well... moze ja istovo i za tebe da go kazam poshto ne pratish deka se praj muabet za zamena na kreativni profesii. Primer rabotno mesto graficki dizajner od rakav kje puknam deka kje se ponishti za edno 10 godini, toa znaci deka i akademii... se sho e povrzano so edukacija na takov kadar kje nema potreba da postoi. Marketing agencii ja gledam nema da trebaat, tetkata u marketing departmentot u primer Telekom ili Zitoluks sama kje si generira i posteri i slogani i video reklami i tako dalje. Ai kje im gi vodi i soushl medijata. Imash vekje ai apps sho generiraat izdizajnirani aseti za igrici. Za sega e mnogu korekshn nefrendli ali primer midjurni ja gleam za 5 godini kje e ko Nvidia Canvas.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
Нема потреба од лични препукувања и сведување на дискусијата на лично ниво. Ако нема спротиставени мислења и гледишта, не е интересно.

Ti drzi voda ova, mnogu kreatuvni raboti se u domenot na client work koi kreativcite ne bi sakale da gi pravat no taka plakjaat smetki... pa i se baziraat na patern i eklekticnost a taka raboti i AI, no sekoj treba da raboti za da plati smetki a ja gledam deka so geometriskata progresija na razvojot u eden zivoten vek nie sega prajme povekje nagli revolucii bez moznost za prekvalifikacija na rabotna sila. Moze mene mi odgovara Ai so nekolku klika da mi reshi neshto sho porano sum go pravel nekolku dena ili cela nedela no prashanje na vreme e koga klientot kje skonta deka ja pa i cel tim nema da mu trebame, kje si ukuca promtce i cao. Za sega sme daleku od toa i kje go muzeme ali nema toa da trae...
Ќе се адаптираме. Без изговори. Адаптацијата е дел од нас, ние сме ова што сме заради способноста да се адаптираме. Колку и да изгледа за некој застрашувачки развојот на технологијата и науката, сепак на крајот ќе се прилагодиме и адаптираме на новото време и предизвици.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Кајгана форум психијатриско одделение.

Едни се плашат од нуклеарки, други од терминатори, трети од жени, четврти од вонземјани. НЗС на сите им е тоа што се смртно исплашени од свеж воздух и скинато кабле од рутерот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom