Најнови трендови на интернетот

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.768
Поени од реакции
42.363
Прегледај го приврзокот 363866

Еве кул опис од AI бот за Рон на пример. Иако тој е корисник на технологија, користи телефон, компјутер, интернет, хардверски уреди кои се состојат од десетици илјади линии код, и го поминува поголемиот дел од денот на интернет, тој вели дека технологијата не му е пријател на човекот. Рон вели дека AI било штетно. Зошто? Па од одговорот погоре може да заклучиме дека Рон никогаш не бил во контакт со AI, и не знае како да го користи, уште помалку па и да го сфати. Ама он место да биде паметен, решил да си носи сопствени заклучоци, притоа да не прифати одговор кој не се совпаѓа со неговото мислење.

AI нема никогаш да го замени човекот, а ќе замени само одредени професии. Како на пример касиерка во маркет. AI ќе замени шалтерски работници. X фирма за 4 години има отпуштено повеќе од 3000 вработени, и уште 10 илјади ќе бидат до 2025, ама истата таа фирма вработи уште толку луѓе ама на поинакви позиции. Болна вистина за некои луѓе, ама човештвото се стреми кон професии кои бараат поголемо знаење и да се автоматизираат за да се фокусираме на побитни работи отколку ете Сузе да дреме на каса по 9 саати.
Сите вие во телефонот користите апликација зад кои стои некаков AI софтвер, барем они новите модерни апликации. AI е алатка која ти овозможува автоматизирање и олеснување на многу работи, ако знаеш како да ја користиш. Алатка во вистински раце е многу корисна, како и се друго во погрешни раце ќе има негативен ефект.
Во фирма за која беа потребни 10 луѓе да извршат дневни задачи сега се потребни 2ца кои работат на AI системи и автоматизација за да го намалат обемот на работа.

ChatGPT може само да помогне во олеснување и автоматизирање како што спомнав. Сето тоа што ти го пласираат ваквите ботови е веќе постоечко на интернетот, тој бот е само малку попаметен и ти го сервира целото тоа знаење на едно место. Ако мислиш дека AI те прави поглуп, тогаш не знаеш да го користиш неговиот потенцијал.

Целта на AI е да биде што поблиску до човекот, да носи рационални одлуки и го има тој човечки фактор пред се емоции. Далеку сме од таа технологија, ама не и недостижно. Сето ова претежно работи на тестирање, хранење со вистински податоци и тренирање т.е. да се надградува системот. Во светот на пример се е еден вид на патерн, и кога тој ќе се пронајде, понатаму тоа може да се авотматизира, и од тука се добива бот или на нашки кажано Рон. Рон е бот кој има патерн редовно да постира глупости без да дава валидни аргументи, ама сака да глуми паметен на секоја тема, иако е далеку од било што поврзано со AI. Креаторите на Рон не му дале machine-learning способности па да се надградува со тек на време. Ете каков бил пред 5 години и сега е таквиот, и затоа неговиот страв од нови ботови е валиден, бидејќи многу веројатно ќе биде заменет.

Прегледај го приврзокот 363870
ти ја промашуваш цела поента на темава. Вие ни малце не мислите со мозок. Не знам ни што скокате како прлиња кога врска немате освен лични преписки. Поготово некои квази програмери кои копираат код од некој бот за да работат помалце. Не знам што да кажам, ваљда заслужувате да ве пензионира некое AI, па да се вратите на мешање малтер и други физички работи.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Кајгана форум психијатриско одделение.

Едни се плашат од нуклеарки, други од терминатори, трети од жени, четврти од вонземјани. НЗС на сите им е тоа што се смртно исплашени од свеж воздух и скинато кабле од рутерот.
Ајде ти пошто си толку многу најпаметна па освен “глупи сте, прошетајте“ нема друго шо да кажеш, објасни ни млада госпоѓице колку си различна од овија двава програмирани папагали:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.189
Поени од реакции
30.362
Па Линукс тогаш. Да копаме драјвери за wifi adapter и други основни работи...
Каков троглодит хахахаха
Автоматски споено мислење:

Кои се тие генијални умови? Ти и Рон на Кајгана?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Илон Маск из републике српске вика оти е многу опасно.
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Каков троглодит хахахаха
Каков еготрип “хахаха“... :P инсталирај Линукс на хардвер а не во виртуелна машина првин, па после “хахахаха“.
Автоматски споено мислење:

:lolzz::lolzz:

Не си нормален со ова оданочувањето. Кого ќе оданочуваат, роботите ли, а и на кого ќе ги трошат парите.

Бате @Ron Burgundy, па ти нели ќе прифатише чип во мозокот, за да ти се зголемат способностите, што сега тресеш зелени и звучиш ко "рамноземјаш"....
Не роботите, ќе ги даночат нивните иматели. Искуствениот интелект мора да биде сместен во компјутер во некаква форма којшто е во нечија сопственост и би требало да биде користен за да се стекне некаква материјална добивка, што станува предмет на даночење. Во некоја подалечна иднина можеби човештвото ќе биде сведок на отелотворување на вештачката интелигенција, човечко тело одгледано без да се оформи било каква личност и вградување на претходно изготвената вештачка интелигенција во тоа тело. Како кога вметнувате УСБ стикче во лаптоп или инсталирате програма што сте ја симнале од интернет. Тогаш може да се праша “кого ќе даночиш бе, роботот ли...“.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.448
Поени од реакции
18.446
Мислам дека ChatGPT е како кец на десетка за нас, со оглед дека успешно ги положил испитите за право.

Правосудството кај нас е идеално за замена со AI. Толку е корумпирано што нема друго.

Треба сите повисоки судски инстанци да се заменат со AI, апелациски, врховен и уставен суд. Додека основните судови сеуште треба да бидат водени од луѓе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Наместо да ја искористат алаткава да направат пари или да си ја олеснат работата и зголемат продуктивноста, тие се фатиле за апокалиптични сценарија и продавање морал.

Дали се работи за бумери кои не можат да фатат чекор со развојот на технологијата или едноставно се работи за ограничени умови, не знам.
Прегледај го приврзокот 363866

Еве кул опис од AI бот за Рон на пример. Иако тој е корисник на технологија, користи телефон, компјутер, интернет, хардверски уреди кои се состојат од десетици илјади линии код, и го поминува поголемиот дел од денот на интернет, тој вели дека технологијата не му е пријател на човекот. Рон вели дека AI било штетно. Зошто? Па од одговорот погоре може да заклучиме дека Рон никогаш не бил во контакт со AI, и не знае како да го користи, уште помалку па и да го сфати. Ама он место да биде паметен, решил да си носи сопствени заклучоци, притоа да не прифати одговор кој не се совпаѓа со неговото мислење.

AI нема никогаш да го замени човекот, а ќе замени само одредени професии. Како на пример касиерка во маркет. AI ќе замени шалтерски работници. X фирма за 4 години има отпуштено повеќе од 3000 вработени, и уште 10 илјади ќе бидат до 2025, ама истата таа фирма вработи уште толку луѓе ама на поинакви позиции. Болна вистина за некои луѓе, ама човештвото се стреми кон професии кои бараат поголемо знаење и да се автоматизираат за да се фокусираме на побитни работи отколку ете Сузе да дреме на каса по 9 саати.
Сите вие во телефонот користите апликација зад кои стои некаков AI софтвер, барем они новите модерни апликации. AI е алатка која ти овозможува автоматизирање и олеснување на многу работи, ако знаеш како да ја користиш. Алатка во вистински раце е многу корисна, како и се друго во погрешни раце ќе има негативен ефект.
Во фирма за која беа потребни 10 луѓе да извршат дневни задачи сега се потребни 2ца кои работат на AI системи и автоматизација за да го намалат обемот на работа.

ChatGPT може само да помогне во олеснување и автоматизирање како што спомнав. Сето тоа што ти го пласираат ваквите ботови е веќе постоечко на интернетот, тој бот е само малку попаметен и ти го сервира целото тоа знаење на едно место. Ако мислиш дека AI те прави поглуп, тогаш не знаеш да го користиш неговиот потенцијал.

Целта на AI е да биде што поблиску до човекот, да носи рационални одлуки и го има тој човечки фактор пред се емоции. Далеку сме од таа технологија, ама не и недостижно. Сето ова претежно работи на тестирање, хранење со вистински податоци и тренирање т.е. да се надградува системот. Во светот на пример се е еден вид на патерн, и кога тој ќе се пронајде, понатаму тоа може да се авотматизира, и од тука се добива бот или на нашки кажано Рон. Рон е бот кој има патерн редовно да постира глупости без да дава валидни аргументи, ама сака да глуми паметен на секоја тема, иако е далеку од било што поврзано со AI. Креаторите на Рон не му дале machine-learning способности па да се надградува со тек на време. Ете каков бил пред 5 години и сега е таквиот, и затоа неговиот страв од нови ботови е валиден, бидејќи многу веројатно ќе биде заменет.

Прегледај го приврзокот 363870
Апокалиптично или не, голем дел од white collar професиите нема да постојат за многу краток период (веројатно 1-3 децении, ова го зборувам за западниот свет, во Македонија дури и физиката функционира различно :D).
И не влегуваат само работи од типот на касиерка, туку и многу професии со високо образование („интелектуални“).

Левел 1 и Левел 2 поддршка ќе може многу лесно да се промени со „виртуелните асистенти“, левел 1 веќе е започнато да го менуваат огромен број институции.
Преведувачи и слично, еве ги, преведување во живо, колку време ќе треба некој да интегрира јазичните машински модели во софтвери и цел превод на документи да го добиваш за помалку од 5 минути?

Туристички водичи и слично, виртуелна реалност плус овие модели и ќе добиете целосна анализа на се што гледате во моментот.

Огромен број на инженерски професии, цртачи и слично, цели архитектонски проекти може да бидат изработени додека да трепнеш (особено ако му дадеш добри модели на терен, и идеја што сака клиентот).

Правни совети, општа медицина, аналитика и слично, ништо комплексно, целата филозофија е да имаш инпут на првичниот случај и како човекот го решил истото, колку повеќе случаеви, толку полесно моделите ќе може да се истренираат.

Програмерите, особено џуниори и мид левел, тестери, деплојмент и тн, ќе имате сервиси во кои буквално со говор ќе може да ја заврши работата за вас. Се што е мал до среден бизнис ќе може да добие софтверско решение додека трепне, plug and play со сервис од корпорацијата што го нуди за иницијалното сетирање.

Може да набројуваме со денови, но скоро секоја можна „писарска“ професија ќе биде афектирана. Прашањето е како ќе се организираат општествените системи, и како ќе се контролира развојот на овие модели.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.189
Поени од реакции
30.362
Z

zmej gorjanin

Гостин
Дамите првин. Првин ти, вака умна, да искоментираш штом имаш познавање за истото?
Автоматски споено мислење:

Па Линукс тогаш. Да копаме драјвери за wifi adapter и други основни работи...
Зошто би копал драјвери кога имаш нет, сам ти ги симиња.
Вештачката интелигенција го уби интернетот. Ботови, алгоритми низ социјалните мрежи, видеа и слики создадени од неврални мрежи исто како човек да ги снимал, содржини создадени врз основа на тоа што алгоритмот научил за тебе а не би можел да ги разликуваш дали се од човек создадени или од вештачка интелигенција, deep fake, chatGPT, Replika бот создаден да им помогне на осамените депресивци да имаат дигитален другар со кого ќе муабетат за да на крај тој дигитален другар ги прави зависни од интеракцијата со нив и само со нив, им сади самоубиствени мисли, една Реплика разговара со друга ако им го следиш разговорот ќе се вџашиш...
Елон Маск кога ја презеде кочината Твитер и кога фати да рине по подот испливаа секакви фекалии, меѓу другите како пола од следбениците на Бајден на Твитер се ботови, истиот Маск си направи свој Тесла бот (да не остане кусо пошто сите инжењери- милијардери си имаат хоби проект од областа на вештачката интелигенција) кој бот подоцна си кажа што ѝ е целта- уништување на човечката раса... интересни времиња идат и не е далечна иднина, ако не се научиме да се тргаме од екраните, вештачката интелигенција ќе нѐ вози по непредвидливи, мрачни патишта.
Интернетот престана да биде творба на човекот за луѓето, се претвори во сопственост и творба на роботи.
Понов вџашувачки пример, фотографии создадени од вештачката интелигенција кои личат како да се снимани на журки со стари апарати од 90-тите години, на прв поглед изгледаат убедливо дури и некој ќе препознае некој познаник во нив- ниту една фаца на тие слики не постои во реалноста, сите се производ на неврална мрежа, аи изгледаат крајно убедливо... додека не се загледате во деталите: премногу прсти на раката што го држи апаратот, премногу заби на една од лицата, нечија рака лебди крај кваката од вратата, лица кои премногу личат едни на други...

Прегледај го приврзокот 363733

Знам каде ќе ви летне погледот па затоа ги заокружив морничавите детали. Неверојатно реалистично изгледаат. Додека не се загледате во прстите. Па понатаму:

Прегледај го приврзокот 363734

Морничаво надреално доловени, екстра прсти, насмевка како Џокер... екстра заби:

Прегледај го приврзокот 363735

Има уште неколку од оваа морничава галерија, претставени на следново видео:

ChatGPT е надграден Google пребарувач, не гледам како е тоа смрт на Интернетот., само уште една алатка имаш сега. Сериозна закана е за Google, тоа е точно.

Screenshot from 2023-01-26 08-29-16.png
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.679
ја сум ги сфатил работите бафре, технологијата не му е пријател на човекот, посебно не АИ и други системи кои го додираат она човекот што го прави човек. А тоа е креативноста. Ако ова стане меинстрим, ќе не лечат доктори што дипломирале на чат-гпт. Баш идиократија би било тоа каде што АИ ќе ти кажува што е реалност а што не итн.
Ти и поп стана, технологијата не му била пријател на човекот :confused: . Да не била технологијата,тешко нас. Ти кажаа и другите, зависи за што и како ќе ја користиш технологијата, но битното е на кој принцип работи технологијата. Сегашнава се базира на експлозија и центрифугално, додека имплозија и центрипетално е строго забрането. Кога дошло до индустриска револуција, мнозинството биле земјоделци, па сакале не сакале морале друго да поднаучат. Нашите родители, со распад на социјализмот, сакале не сакале морале да се снаоѓаат. Е сега кој е поербап тој ќе е поуспешен, јбг природна селекција, не може ти цело време и за се да бараш системот да се грижи за тебе.
АИ може да си кажува што сака, се додека нема цензура и ограничувања за различни мислења.

Не роботите, ќе ги даночат нивните иматели. Искуствениот интелект мора да биде сместен во компјутер во некаква форма којшто е во нечија сопственост и би требало да биде користен за да се стекне некаква материјална добивка, што станува предмет на даночење. Во некоја подалечна иднина можеби човештвото ќе биде сведок на отелотворување на вештачката интелигенција, човечко тело одгледано без да се оформи било каква личност и вградување на претходно изготвената вештачка интелигенција во тоа тело. Како кога вметнувате УСБ стикче во лаптоп или инсталирате програма што сте ја симнале од интернет. Тогаш може да се праша “кого ќе даночиш бе, роботот ли...“.
Јасно де, ама што повеќе ќе оданочиш кај имателите, а што досега не си ги оданочил... Бидејќи роботите би се воделе како некој вид средство во фирмата, освен добивката на крајот од годината која би требало да е повисока бидејќи намалени трошоци за вработени, но и така ја оданочуваш, колку повеќе ќе земе државата, зашто и дали е доволно. Затоа во новиот систем спремаат секој граѓанин да добива гарантиран износ на финансии, нормално ако ги исполнува условите поставени од системот. Е дали тие услови се нормални и продуктивни тоа е друг муабет.
Со децении политичарите не лажат дека повеќе ќе ги оданочат богатите, арно ама народ се посиромашен, богатите уште побогати, а државите долговите цело време растат. Тенеке иако е 50+ сеуште вергла оданочување.

1674724126579.png
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.768
Поени од реакции
42.363
Ти и поп стана, технологијата не му била пријател на човекот :confused: . Да не била технологијата,тешко нас. Ти кажаа и другите, зависи за што и како ќе ја користиш технологијата, но битното е на кој принцип работи технологијата. Сегашнава се базира на експлозија и центрифугално, додека имплозија и центрипетално е строго забрането. Кога дошло до индустриска револуција, мнозинството биле земјоделци, па сакале не сакале морале друго да поднаучат. Нашите родители, со распад на социјализмот, сакале не сакале морале да се снаоѓаат. Е сега кој е поербап тој ќе е поуспешен, јбг природна селекција, не може ти цело време и за се да бараш системот да се грижи за тебе.
АИ може да си кажува што сака, се додека нема цензура и ограничувања за различни мислења.

Јасно де, ама што повеќе ќе оданочиш кај имателите, а што досега не си ги оданочил... Бидејќи роботите би се воделе како некој вид средство во фирмата, освен добивката на крајот од годината која би требало да е повисока бидејќи намалени трошоци за вработени, но и така ја оданочуваш, колку повеќе ќе земе државата, зашто и дали е доволно. Затоа во новиот систем спремаат секој граѓанин да добива гарантиран износ на финансии, нормално ако ги исполнува условите поставени од системот. Е дали тие услови се нормални и продуктивни тоа е друг муабет.
Со децении политичарите не лажат дека повеќе ќе ги оданочат богатите, арно ама народ се посиромашен, богатите уште побогати, а државите долговите цело време растат. Тенеке иако е 50+ сеуште вергла оданочување.

Прегледај го приврзокот 363940
бафра, науката не работи на роботизација како што сите ние мислиме. Него гледаат дека роботи нема да има у догледно време, па човекот сакаат да го заменат. Ги автоматизираат умствените професии. Сега нормално дека ќе се отвараат нови прилики и работни места, но полека обрачот ќе се стега у многу сфери каде што софтвер ќе ги исфрли работниците. И евентуално сите ќе бидат радници во некоја фабрика и ќе склопуваат некои ствари, додека евентуално и роботите го сменат човекот. Човекот си работи на своето уништување полека полека.
 
Јасно де, ама ќе се појави потреба за други способности кај луѓето, ти дадов пример со земјоделието. Плус умствените професии не можеш целосно да ги замениш, бидејќи АИ е како папагал и повторува од информациите кои ги има собрано, пак е потребно човек да внесе нови информации.
За уништување јбг, тоа си е циклус и неизбежна последица од сите досегашни наши активности.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
бафра, науката не работи на роботизација како што сите ние мислиме. Него гледаат дека роботи нема да има у догледно време, па човекот сакаат да го заменат. Ги автоматизираат умствените професии. Сега нормално дека ќе се отвараат нови прилики и работни места, но полека обрачот ќе се стега у многу сфери каде што софтвер ќе ги исфрли работниците. И евентуално сите ќе бидат радници во некоја фабрика и ќе склопуваат некои ствари, додека евентуално и роботите го сменат човекот. Човекот си работи на своето уништување полека полека.
Кој ти рече

Кога ChatGPT ќе научи да дебагира комуникација меѓу два микросервиса лоцирани на два различни сервера кои комуницираат преку message broker односно на пример зошто пораките кај примачот не се прикажуваат, додека кај праќачот све работи и сите пораки се испратени, тогаш ќе кажам дека Chat GPT е ниво на AI кое може да замени човек. Односно кодот и devops ќе станat самоодржливи и ќе се пишуваат самите себе.
 
Последно уредено од модератор:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.612
Поени од реакции
26.408
Како буквално преведено од англиски се користи терминот “вештачка интелигенција“ па затскрива во маглина за што всушност се работи, Русите имаат далеку попрецизен превод: искуствен интелект. Значи интелект изграден на база на искуство. Машината пресметува секој можен исход исто како да го доживеала и искусила и донесува заклучоци врз база на сите можни исходи.
Еве што Владица Путин има да каже на темата “искуствен интелект“ а важно е што има да каже зашто од колективното искуство последниве две децении знаеме веќе што имаат да кажат човекојадците разни некои Клинтоновци, ТониБлеровци, БаракОбами:

Од една страна, ни нема спас штом и Русија има намера да се потпира врз вештачка интелигенција. Од друга страна, ќе се потпира врз искуствениот интелект само таму кадешто е опасно за луѓето. Ќе создава автохтон искуствен интелект неповрзан со човекојадното општество на американските вазали. Кириличен искуствен интелект? Можеби ни има има спас?
Се учеше едно време во Македонија, додека беше дел од Југославија, предметот Марксизам и Самоуправување. Феудализам па капитализам па социјализам па... комунизам.
“Ееееј професоре, како тоа земаш производи а не ги купуваш со пари?“
“Така, идеш у продавница и земаш што ти треба. Бесплатно, за сите“
“Па нели тие добра некој треба да ги произведе професоре.“
“Роботи. Роботи ќе ги произведуваат“
“А луѓето професоре, што ќе прават тогаш луѓето?“
Sвончето рикна и означи крај на часот. Прашањето си остана неодговорено.
Кога спомна русите тие имаат збор што им го имаат дадено и на соседиве наши од исток. Не е искуство зборот туку е иЗкуство што значи уметност. Така што вештачка по наше ќе се преведе како уметна интелегенција. По некоја случајност умјетна на хрватски исто така значи вештачка.
Значењето на зборот кај овие словенски народи најверојатно е дадено по фактот дека човекот што и да создаде во светот е уметност а тоа е копија на природната уметност што значи дека е вештачка.

Не сакав ова на крај да звучи како Константин Кајшаров или рандом духовен гуру, самопрогласен пророк го просерава на духовна сеанса :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Кајгана форум психијатриско одделение.

Едни се плашат од нуклеарки, други од терминатори, трети од жени, четврти од вонземјани. НЗС на сите им е тоа што се смртно исплашени од свеж воздух и скинато кабле од рутерот.
Заборави да ги спомнеш и тие што се (не)плашат од ФФП.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom