Очигледно само темава е за најглупави филмови, друга не најдов, исто така се нема подолго вреем оставено некој коментар, и 3 години да е стара едноставно мора да го ставам филмот во темава, ќе ми биде полесно на душата.
Обичен ден во кој ми се гледаше некоја акција, и барам низ имдб го наоѓам филмот:
Once Upon a Time in Mexico
Го отварам и гледам актерска екипа: Антонио Бандерас, Селма Хаек, Мики Рурк, Џони Деп, Ева Мендес, Дани Трехо, си викам ако нема некоја приказна барем ќе се гледа пукање. Ај филмов што немаше приказна па уште потрагично е што немаше ни некоја акција. Плус кога во филмовго видов и Енрике Инглесиа претпоставував дека ќе има никаков крај, што и се очекува во филм без приказна.
Да можам на ова чудо би му ставил -10.
Едноставно крш!