Најлоши возачи по скопските улици?

Најлоши возачи по скопските улици?

  • Копиљаците на скутери

    Гласови: 97 17,0%
  • Штипјаните

    Гласови: 37 6,5%
  • Таксистите

    Гласови: 135 23,7%
  • Децата со тазе возачка

    Гласови: 59 10,4%
  • Тетките со југовци

    Гласови: 77 13,5%
  • Плавушите со џипови

    Гласови: 110 19,3%
  • Возачите на автобуси

    Гласови: 33 5,8%
  • Тетовчани

    Гласови: 24 4,2%
  • Сите од Бит-пазар до Чаир

    Гласови: 160 28,1%
  • Не сум од Скопје и ич не ме боли кој како вози :)

    Гласови: 121 21,2%

  • Вкупно гласачи
    570
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Сообраќајната некултура па возачите на автобуси и таксистите кој се пратени од некоја друга галаксија мислејќи дека само они смеат да возат по улициве.Која трка е по партизанска 12ка и 22ка тоа ни во Инди Кар го нема.:pos:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Гласав за од Бит-пазар до чаир, поради причината што таму владее сеуште дивиот запад. Секогаш кога одам натака, мора некој на раскрсница да се испречи од лева страна иако нема предност, мора некој да сврти без сигнализација или пак да престигнува на улица од 10 метри. Полошо е секогаш кога вртиш десно на раскрсница некој мора да ти се испика од зад тебе и да влези токму пред тебе небаре трка има.

И далје, следуваат сите нафурани малдичи и младичици со колите на мама или татко, кои мислат дека гаста треба да е постојано стисната до крај никако намалување, а кога треба кочење, едно долго чкрипење со гумите се дешава.

Далје после нив, најтапа возачи ти се луѓето од помали градови, поради што повеќето мали градови имаат една улица , и една раскрсница со 2 семафори така да никогаш не возеле по пат со повеќе ленти, па секогаш грешаваат во престројувањето. Обично дури и таксистите избегаваат возење по скопје, поради неможноста да се снајдат.
Колку сообраќајки само има низ градов поради ваквите... Абе им треба прво една домашна воспитна... После нив следуваат децата со мотори, па дивите таксисти.. Малку да им запретиш спремни се да те бркаат низ цел град, фрустриран народ.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Ќе си возиш фиќо, па да видиш дали ќе те брка, ако му го слупиш џипчето од 50.000Е само ќе му речеш да се трампате
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
анкетава е една од најчудните до сеа шо сум ја видел. незнам што .!. бараат тетовчани и штипјани у акнетава али ај. демек кај нив има само 2 семафори у цел град и тие не работат па незнаат како да се престројат и слично? ако е ова онда треба сите помали градови да ги наброиме у анкетава. плавушите у џипови и тетките у југовци уствари може да бидат у исти кош ставени... додека се „научат“ да возат југце па после некое џипче си возикаат. Не ми е јасно што бараат исто така возачите на автобуси? демек они незнаат да возат и прават прекршоци? онда сигурно директорот во ЈСП има шизофренија шо им дал автобуси да возат ( поготово дупли ). Аххх од битпазар до чаир возачите.. хехе ова значи дека ако некој од е од влае па оди према чаир ке го ставиме у лоши возачи или?

ацид стави можност да се гласа за повеќе од една опција зашто ја неможев да се одлучам кои се по опасни возачи - пилиштарците на скутери или таксистите
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
1
Зошто ги нема сите тие што мислат дека возењето им е во малиот прст додека се лајно напраени?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.992
Урук-хаите како учесници во сообраќај се стварно супер, али дефинитивно ќе треба поангажирано да истапат ако сакаат да им конкурираат на теткиците со југо и плавушите со џипови. Тие без задршка, се најопасните учесници во сообраќајот.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
На тие од БитПазар до Чаир сум навикнат, секој ден возам по 2 пати на таа релација и некако вообичаено ми е да ме сечат од секаде, очекувам и не ми создава нервоза.
Гласав за таксистите. Тие ужасно многу ме иритираат со застанување на места каде е густ сообраќај за да чекаат патник, ненадејни полукружни свртувања, претекнувања од десна страна, непочитување предност, невклучување трепкач....
Веднаш после нив ги ставам плавушите со џипови, па теткиците со југовци. Едните мислат дека ако возат масивно возило, можат се (баш вчера една таква се акна во бандера) а другите дават, гњават, жилават...да пукнеш од нервоза возејки зад нив.
Клинците на скутер се опасност пред се сами за себе, а потоа и за другите.Сепак доколку им ја сфаќаш психологијата и потребата да се искурчат тогаш со извесно возачко искуство ќе можеш и да им ги предвидиш потезите без посебно да те изненадат. Тетовчани или Штипјани сеедно, небитно каква „нескопска“ регистрација е во прашање, речиси сите со чесни исклучоци во Скопје се како изгубени германци, се мислат сто пати „каде требаше да завртам?“ или „каде стасав сега?“ при тоа не водејки сметка за тоа дека зад нив вози некој додека тие лазат со 20 на саат.
--- надополнето: Dec 5, 2011 2:30 PM ---
Се согласувам генерално, ама едно е кога има патник, а друго е кога некој сече 3 ленти пред тебе зашо пешак му мафнал.

Единствениот пат кога сум имал нагон да искочам од кола и да ја разбијам главата на некој е кога таксиста на Иво Лола Рибар (кај што има две ленти), на 3 метра пред мене пресече лента и укочи во место пред мене. И додека ја му свирев зашо морав да кочам во лево, за да не го акнам - он фино лепо си става во рикверц и пробува да се врати назад зашо таа типката што го викна, не можеше да отиде 10 чекори напред за да ја земе.
-Таков еден предланското лето ме исече на сличен начин кај „Мечос“додека возев мотор, со тоа што низ прозорец му ја извлеков главата и му ја здрвив у нос мојата глава со кацига на нејзе! :mad:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Таксистите без многу размислување.
Иако велиш дека за да ги задоволат муштериите мора да прават разни прекшроци, нивното најморонско возење е кога немаат никого во кола.
 
Член од
5 декември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
14
Најмногу ме вадат од памет жените, иако се најмалку агресивни, (а такви има многу). Жените воглавно немаат никаква перцепција за сообракајот околу нив, немаат поим за што служат ни ретровизори, ни жмигавци, ни средни/долги светла, возат преспоро и по правило по левата лента, а ако возат брзо, тоа е баш таму каде тоа е неможно...
 
O

onlya

Гостин
анкетава е една од најчудните до сеа шо сум ја видел. незнам што .!. бараат тетовчани и штипјани у акнетава али ај. демек кај нив има само 2 семафори у цел град и тие не работат па незнаат како да се престројат и слично? ако е ова онда треба сите помали градови да ги наброиме у анкетава. плавушите у џипови и тетките у југовци уствари може да бидат у исти кош ставени... додека се „научат“ да возат југце па после некое џипче си возикаат. Не ми е јасно што бараат исто така возачите на автобуси? демек они незнаат да возат и прават прекршоци? онда сигурно директорот во ЈСП има шизофренија шо им дал автобуси да возат ( поготово дупли ). Аххх од битпазар до чаир возачите.. хехе ова значи дека ако некој од е од влае па оди према чаир ке го ставиме у лоши возачи или?

ацид стави можност да се гласа за повеќе од една опција зашто ја неможев да се одлучам кои се по опасни возачи - пилиштарците на скутери или таксистите
Ни самите не се свесни колку прекршоци прават. Си влегуваат од една во друга линија без да им трепне око, кочат ко луди, возат ко луди, брзината на автобусот си ја менуваат според расположение итн.
Тоа што директорот на ЈСП им дозволил на тие шофери да возат автобуси не се должи на тоа дека тој знае како тие возат.
Јас мислам дека возачите на автобуси се најлоши и најопасни возачи на скопските улици.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Абе ко ќе сум скопје параноја ме фаќа на семафори или кога треба улица да преминам .... кој од кој се ама таксистите некако водат во идиотизам за возење .... една будала по тротоар возеше за црвено да не го фати :S
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Најмногу ме вадат од памет жените, иако се најмалку агресивни, (а такви има многу). Жените воглавно немаат никаква перцепција за сообракајот околу нив, немаат поим за што служат ни ретровизори, ни жмигавци, ни средни/долги светла, возат преспоро и по правило по левата лента, а ако возат брзо, тоа е баш таму каде тоа е неможно...
Види, имам една теорија за овие стереотипиве и генерализирањава со жените.
Мислам дека ваму "лежи зајакот".

Кога вози жена (генерализирам, јебига), обично во глава и се врти: "Добро, другите околу мене пазат и знаат да возат, ме пазат мене"

Кога вози маж, во глава му се врти: "Овие сите во сообраќајот се дебили, појма немаат од возење и мора све сам да пазам и правам"

И затоа, мислам дека настануваат проблемите. Жените се некако премногу лежерни кога станува збор за сообраќајот, не се спремни за "тесни" моменти, напнати моменти и секако дека не се спремни за будалите кои возат по скопските улици. :)

Иначе сум видел жени со големи џипови, обично они повеќе пазат него мажи со големи...џипови. Еднаш кај тесната уличка позади Буњаковец, морав 5 минути да ја убедувам жената дека со X5-ка има едно метро да пројде лагано поред мене. Си пази, нема што. :)
--- надополнето: Dec 5, 2011 5:26 PM ---
Абе ко ќе сум скопје параноја ме фаќа на семафори или кога треба улица да преминам .... кој од кој се ама таксистите некако водат во идиотизам за возење .... една будала по тротоар возеше за црвено да не го фати :S
Ааа немој така, кај нас у Скопје ако те фати црвено си лузер, невиден пацер, идиот. Затоа сите се тепаат да пројдат на жуто или по тротоари идат, по средни ленти и слично - само за да не чекаат. Немој, народ ќе им се смее. :)

Исто се однесува и за црвено према зелено кога иде семафорот, поготово сега со бројачиве на семафорите. Ако ти не тргнеш кога таму ти одбројува 4-3-2, на 2 секунди пред зелено мора гас до даска и да тргнеш. Иначе си looooooser. ! : )
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.509
Поени од реакции
8.101
Ова со возачиве од другите градови ме потсети на времето кога бев во војска. Во чета имавме 4 шофери. По еден од Кочани, Струга, Оризари (Велешко) и Кавадарци.
Кога ќе видеа во планот за возење дека треба да се вози во Скопје, сите се снаоѓаа како можат и знаат само да не возат во Скопје. Јас им викав дека Скопје во август е празен град, немаат гајле, ама страв лозје чува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom