Најлоши возачи по скопските улици?

Најлоши возачи по скопските улици?

  • Копиљаците на скутери

    Гласови: 97 17,0%
  • Штипјаните

    Гласови: 37 6,5%
  • Таксистите

    Гласови: 135 23,7%
  • Децата со тазе возачка

    Гласови: 59 10,4%
  • Тетките со југовци

    Гласови: 77 13,5%
  • Плавушите со џипови

    Гласови: 110 19,3%
  • Возачите на автобуси

    Гласови: 33 5,8%
  • Тетовчани

    Гласови: 24 4,2%
  • Сите од Бит-пазар до Чаир

    Гласови: 160 28,1%
  • Не сум од Скопје и ич не ме боли кој како вози :)

    Гласови: 121 21,2%

  • Вкупно гласачи
    570

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Со кои возачи имате најлошо искуство? Кои најмалку ги почитуваат правилата во сообраќајот?
Кој најмалку дава сигнализација, кои возат како лудаци и кои највеќе ги добиваат вашите пцовки додека возите?

Според мене, на прво место се копиљаците на скутери кои возат слалом низ коли и се пикаат први на семафор (се додека не завршат под нечија гума), заедно со возачите со штипски таблици. Од овие, бегајте како од ѓаволот. Внимавајте на секој нивен потег. Најчесто не знаат од која во која лента треба да се престројат, не користат сигнализација и не перцепираат ништо што се случува околу нив. Веднаш зад нив се таксистите, но нив работата им „налага“ да прават разни прекршоци со цел да ги задоволат муштериите.

Во листава ги додавам и возачите на автобусите, копиљаците со тазе возачка (кои според мене возат највнимателно од цела оваа багра), тетовчаните и СИТЕ останати кои се движат од Бит-пазар до Чаир.

А сега, ајде да гласаме и официјално да ги прогласиме победниците на АВТО-КРЕТЕН наградите за 2011.

 
V

Vollstandig

Гостин
Гласав за од Бит-пазар до чаир, поради причината што таму владее сеуште дивиот запад. Секогаш кога одам натака, мора некој на раскрсница да се испречи од лева страна иако нема предност, мора некој да сврти без сигнализација или пак да престигнува на улица од 10 метри. Полошо е секогаш кога вртиш десно на раскрсница некој мора да ти се испика од зад тебе и да влези токму пред тебе небаре трка има.

И далје, следуваат сите нафурани малдичи и младичици со колите на мама или татко, кои мислат дека гаста треба да е постојано стисната до крај никако намалување, а кога треба кочење, едно долго чкрипење со гумите се дешава.

Далје после нив, најтапа возачи ти се луѓето од помали градови, поради што повеќето мали градови имаат една улица , и една раскрсница со 2 семафори така да никогаш не возеле по пат со повеќе ленти, па секогаш грешаваат во престројувањето. Обично дури и таксистите избегаваат возење по скопје, поради неможноста да се снајдат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Таксистите.

Жмигавец за нив е измислен поим, возат споро во случај да видат некој на тротоар како им мафта за да застанат, ако го здогледаат без жмигавец си вртат десно и си застануваат, им е гајле. Ако возиш позади таксист, најдобро да оставиш едно 10 метри растојание, никогаш не знаеш кога ќе му текне да сврти некаде.

А таа битпазар рутата среќа не ја поминувам на секојдневна база, т.е. многу ретко, фала му на Кантона :icon_lol:
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
некој копиљ на скутер кој живеел во штип па се преселил во чаир, мајкаму е тетка со југо а таткому е од битпазар
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Таксистите се најдобри шофери но најлошо возат, не почитуваат ништо
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
На таксисти им е скурчено по цел ден возат и затоа после пола ден работење не е*бат жива сила.. Јас гласав иначе од Бит пазар до Чаир, пошо таму и живеам и си знам :D
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не знам како ги заборавивте оние со бе-ем-виња, џипови и мерцедеси - мислат дека ако дале 20.000+ за кола го фатиле светот за муда, па треба предност да им се дава на раскрсници, кружни текови, на семафори се курчат демек на некоја drag трка се...


Баш завчера еден будала искача од споредна улица со BMW 7-мица, на улицата си вози Fiat Unо, овој пробува да си влезе исто ко да нема кола на улицата.
Среќа овие во Uno-во не беа "пички", па коа му свикаа, матер ќе му ебеа. :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
1. Таксистите: тоа не се луѓе, повеќе се монструми кои не се воопшто свесни дека во обидот да дојдат до заработувачка целосно го загроуваат животот на пешаците. Веќе неколку пати приметувам застануват буквално на пешачкиот додека сите коли стојат пред линијата. Како што последниот пешак ги прави последните чекори на булевар, така ногата на таксистите е веќе на гас и забрзува да ја поткачи ногата на пешакот. Вртат на недозволени места, на црвено се престројуваат пред сите коли и го зафаќаат пешачкиот, водат како лудаци, при широк лента возат до самиот раб како да се обидуват да те подберат, во рикверц не гледаат дали некој се движи позади нив, свират и на црвено светло, се караат, пцујат и се жалат како нивниот живот е најтежок, бетер од Сизиф...

2. Мајсторите во ЈСП :) : кога ги донесоа новите автобуси ги сменија своите манири на дивјачко возење, ама сега повторно се адаптираа... Очигледно е дека не знаат да работат со гас, со кочницата.. Исто како кога јас прв пат седнував во кола... Го јачаат автобусот, пола саат се во обид да сменат брзина (за тоа време и брзината која ја развиле опаѓа), па кога ќе убацат во нова, автобусот почнува да рика како магаре...Кочењето им е маестрално, и од 100 метри да видат црвен семафор тие го силат автобусот за пред семафор да ја тестираат ефикасноста на кочниците при голема брзина. Ако успат одлично, ако не, отидовме јабана... И да, толку ли се глупи што не можат ни вратите да си ги координираат ко што треба... Значи ако една врата заборават да затворат, кога некој ќе ги опомене, или ќе отворат уште една или сите ќе ги отворат...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
На таксисти им е скурчено по цел ден возат и затоа после пола ден работење не е*бат жива сила.. Јас гласав иначе од Бит пазар до Чаир, пошо таму и живеам и си знам :D
Се согласувам генерално, ама едно е кога има патник, а друго е кога некој сече 3 ленти пред тебе зашо пешак му мафнал.

Единствениот пат кога сум имал нагон да искочам од кола и да ја разбијам главата на некој е кога таксиста на Иво Лола Рибар (кај што има две ленти), на 3 метра пред мене пресече лента и укочи во место пред мене. И додека ја му свирев зашо морав да кочам во лево, за да не го акнам - он фино лепо си става во рикверц и пробува да се врати назад зашо таа типката што го викна, не можеше да отиде 10 чекори напред за да ја земе.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
По ред: пијани дечишта со "позајмени" коли, таксисти, па жени, со исклучок на тие неколку жени-возачи на автобуси и такси возила, кои се меѓу најдобрите возачи.

Се` останато се трпи.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
Во анкетава ги немаш оние без таблици најлоши се .
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Генерално сите се дива лига.Сите некаде брзаат,а незнаат каде зашто ја изгубиле навигацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom