Најкрвав масакр на Боко Харам: Во Нигерија убиени 2.000 лица

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.945
Не мора да значи, бидејќи Боко Харам дејствува претежно во североисточна Нигерија, што значи дека САД и западот не мораат да испраќаат војска или да ја бомбардираат цела Нигерија.

Можат да извршат бомбардирања во координација со нигериската војска и така да помогнат.

На крајот на краиштата, САД извршуваат напади со дронови во Пакистан и Јемен без воопшто тоа да биде побарано од нив, па би можеле истото да го направат и во североисточна Нигерија без ниту еден загинат американски војник.
Дали знаеш со какви пушки се борат народните локални милиции против калашњиковите на Боко Харам? Со вакви:

Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.584

Јас го знам тоа, треба да им го потенцираш ова на овие другиве кои повторуваат дека Нигерија има своја војска и дека може самата да се одбрани.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Околу овие човечки жртви не се дигна толку фама по медиумиве како за жртвите во Франција многу нормално кои се Нигерците наспрема Французите... Жално сеуште постои онаа гадна поделба на луѓето на битни и помалку битни.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Па добро де, и Југославија беше демократска држава, не бараше никаква интервенција од надвор, но сепак ја бомбардираа.
И Северна Кореја е демократска.

Либерија исто така е демократска држава и не бараше помош од САД и од западот кога започна епидемијата со ебола во 2014 година, сите држави со кои се граничи Либерија ги затворија границите со Либерија за да избегнат ширење на епидемијата, но САД со сиот памет испратија војници таму за да помогнат во евакуација и/или карантин на населените места чии што жители ризикуваат да бидат заразени или веќе се заразени од болеста.
Либерија на сиот глас молеше за помош со епидемијата. Нивниот претседател побара јавно од Обама во септември помош за да се справи со епидемијата.
Башка што еболата можеше лесно да се прошири и надвор од Западна Африка и директно ги засега и САД.

Патем, кога сме кај вооружените сили на Нигерија, нигериската влада во 2014 јавно призна дека нема професионална војска подготвена за да ги порази Боко Харам, неодамна побараа помош од Чад, но Чад ги одби.
Британија веќе има пратено инструктори во Нигерија, Франција лобира кај соседите на Нигерија за заедничка интервенција.

Нигерија има војска, за афрички стандарди не е воопшто така лошо опремена и е најголема во целиот регион. Проблемот е што и дел од самите војници соработуваат со Боко Харам, дезертираат многу и освен некои локални милиции кои војуваат со антички пушки никој нема воља за борба.
И таа Нигерија,пази не бара странска војска да дојде, туку сакаат некој само да им донира оружје. Седи мирен.....на таква војска ти да и даваш оружје кое истиот момент ќе заврши кај Боко Харам - мало сутра.
Некои држави треба сами да си ги решаваат своите проблеми. Убаво ти е спомнато, не е Нигерија ниту прва ниту последна држава која има проблем со бунтовници/терористи и која сама треба со нив да се справува.
Ниту пак целата Нигерија е во состојба на анархија како Сомалија.
Треба понекогаш и самите да си ги решат своите проблеми. А најтрагично е што на Нигерија одбиваат да и помогнат и нејзините соседи.

п.с Кај ти се Путин и Кинезите бе да помогнат и тие малце? Та нели и тие ќе беа светска сила ?
Еве им прилика, ќе добијат во очите на сите затоа што помагаат да се победи една злобна терористичка организација, ем ќе добијат на влијание во целиот регион, ем ќе можат да изградат одлични односи со потенцијално најголемата држава во Африка која е преполна со природни ресурси.
Ај ако Путин и нема многу допир во Африка, Кинезите во последните 10 години се истакнаа како еден од главните играчи таму. Нема земат и они малце нека интервенираат.
Зашто сите по САД и Западот кмекате да ги решаваат сите срања во светот ( и тие кои сами директно или индиректно ги направиле и тие со кои немаат никаква врска) ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.584
И Северна Кореја е демократска.

Либерија на сиот глас молеше за помош со епидемијата. Нивниот претседател побара јавно од Обама во септември помош за да се справи со епидемијата.
Башка што еболата можеше лесно да се прошири и надвор од Западна Африка и директно ги засега и САД.

Британија веќе има пратено инструктори во Нигерија, Франција лобира кај соседите на Нигерија за заедничка интервенција.

Нигерија има војска, за афрички стандарди не е воопшто така лошо опремена и е најголема во целиот регион. Проблемот е што и дел од самите војници соработуваат со Боко Харам, дезертираат многу и освен некои локални милиции кои војуваат со антички пушки никој нема воља за борба.
И таа Нигерија,пази не бара странска војска да дојде, туку сакаат некој само да им донира оружје. Седи мирен.....на таква војска ти да и даваш оружје кое истиот момент ќе заврши кај Боко Харам - мало сутра.
Некои држави треба сами да си ги решаваат своите проблеми. Убаво ти е спомнато, не е Нигерија ниту прва ниту последна држава која има проблем со бунтовници/терористи и која сама треба со нив да се справува.
Ниту пак целата Нигерија е во состојба на анархија како Сомалија.
Треба понекогаш и самите да си ги решат своите проблеми. А најтрагично е што на Нигерија одбиваат да и помогнат и нејзините соседи.

п.с Кај ти се Путин и Кинезите бе да помогнат и тие малце? Та нели и тие ќе беа светска сила ?
Еве им прилика, ќе добијат во очите на сите затоа што помагаат да се победи една злобна терористичка организација, ем ќе добијат на влијание во целиот регион, ем ќе можат да изградат одлични односи со потенцијално најголемата држава во Африка која е преполна со природни ресурси.
Ај ако Путин и нема многу допир во Африка, Кинезите во последните 10 години се истакнаа како еден од главните играчи таму. Нема земат и они малце нека интервенираат.
Зашто сите по САД и Западот кмекате да ги решаваат сите срања во светот ( и тие кои сами директно или индиректно ги направиле и тие со кои немаат никаква врска) ?
Во Југославија властите барем беа избирани на демократски избори, за разлика од Северна Кореја.

Не знам за Русија и за Кина, тие две држави претежно не си го пикаат носот во внатрешните работи на странски држави, со исклучок на руската интервенција во Грузија во 2008 година, која беше пред се, поради обидот на грузиската влада со употреба на сила да наметне власт врз цивилно население кое воопшто не ја ни оспоруваше власта на грузиската влада, а меѓу жителите на тоа цивилно население имаше и Руси.

Никој не кмека по САД и западот да ги решаваат сите срања во светот, туку секој кој може и кој сака, го искористува правото да ги критикува САД и западот кога си го пикаат носот во внатрешните работи на странски држави, но истовремено го искористува правото и да ги критикува САД и западот кога молчат додека се случуваат вакви масакри.

Чекај малку, а радикалниот ислам не е проблем на САД ?

Ги пратиш настаните низ светот изминативе 2 месеца - терористот во Сиднеј, терористичкиот напад врз францускиот сатиричен весник во Париз, убиствата на странски државјани - вклучувајќи и американци - од страна на ИСИЛ/ИСИС/ИД, и бројни други ужаси кои се случуваат низ светот изминативе 2 и повеќе години ?

Тие не се директна закана за САД и за западот ?

Или закана се само кога планираат да сменат некој кој е на власт во некоја држава, но не игра на нивната музика, па затоа дистрибуираат слобода и демократија со бомбардирања ?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Во Југославија властите барем беа избирани на демократски избори, за разлика од Северна Кореја.
И Северна Кореа има избори.....

Не знам за Русија и за Кина, тие две држави претежно не си го пикаат носот во внатрешните работи на странски држави, со исклучок на руската интервенција во Грузија во 2008 година, која беше пред се, поради обидот на грузиската влада со употреба на сила да наметне власт врз цивилно население кое воопшто не ја ни оспоруваше власта на грузиската влада, а меѓу жителите на тоа цивилно население имаше и Руси.
Еве им прилика бе....нека покажат дека се подобри.
Инаку Кина има војувано со многу од своите соседи и има големи територијални спорови со поголемиот дел од соседите кон кои има претензии..
Кина со Тајван не се признаваат, Кина го држи режимот во Северна Кореја во живот......и те како си го пикаат носот.
Русија го анексира Крим, воено интервенира во Грузија, ги поддржува сепаратистите во Трансднистрија, активно е вклучена во конфликтот во Источна Украина, финансира антиЕУ партии во Европа, плаќа лобисти насекаде......
Што не бараш од нив интервенција ?

Никој не кмека по САД и западот да ги решаваат сите срања во светот, туку секој кој може и кој сака, го искористува правото да ги критикува САД и западот кога си го пикаат носот во внатрешните работи на странски држави, но истовремено го искористува правото и да ги критикува САД и западот кога молчат додека се случуваат вакви масакри.
Ти кмекаш и лупаш глупости и некои други колеги форумџии и доста луѓе околу.
Ако ти смета кога си го пикаат носот со Гадафи што ти смета сега кога не си го пикаат ? Ајде малце доследност. Damned if i do damned if i don't
Се случуваат масакри и на други места и никој а не кажува. Ниту први ниту последните се Нигеријците кои се соочуваат со сличен проблем.
Ако ништо друго Франција (западот) интервенира во Мали против џихадистите, ги собира соседите на Нигерија да помогнат против Боко Харам, Британија има пратено инструктори мислам.

Мене ме чуди како не ја прозиваш Америка за снегов што стана мраз и уште не се стопи.
Сигурно ова е масло на Волерс,а ако не е нивна вина е што не ни помагаат да го исчистиме.

Чекај малку, а радикалниот ислам не е проблем на САД ?

Ги пратиш настаните низ светот изминативе 2 месеца - терористот во Сиднеј, терористичкиот напад врз францускиот сатиричен весник во Париз, убиствата на странски државјани - вклучувајќи и американци - од страна на ИСИЛ/ИСИС/ИД, и бројни други ужаси кои се случуваат низ светот изминативе 2 и повеќе години ?

Тие не се директна закана за САД и за западот ?
Се, само Боко Харам не е приритетен. Боко Харам е локално лимитиран во Нигерија и наводно постои нешто што се вика Нигерија и други држави во регионот кои се директно засегнати,па ништо не прават. Зашто би требало некој да си крши коски за нив ?
Радикалниот ислам го има од Филипините до Нигерија.....каде попрво да ги маваш ? Нормално таму каде што најмногу ти се поклопува со личните интереси.
Филипините имаат слични групи во својот двор - сами ги решаваат.
Пакистан ги има - исто сами се справуваат.
Нигерија ги има
Мали ги има,
Јемен ги има
Сирија и Ирак ги имаат
Либија ги има, Египет ги има,Сомалија, Кенија,Судан......каде попрво да удриш?

Нека помогне и некој друг некогаш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.584
И Северна Кореа има избори.....

Еве им прилика бе....нека покажат дека се подобри.
Инаку Кина има војувано со многу од своите соседи и има големи територијални спорови со поголемиот дел од соседите кон кои има претензии..
Кина со Тајван не се признаваат, Кина го држи режимот во Северна Кореја во живот......и те како си го пикаат носот.
Русија го анексира Крим, воено интервенира во Грузија, ги поддржува сепаратистите во Трансднистрија, активно е вклучен во конфликтот во Источна Украина, финансира антиЕУ партии во Европа, плаќа лобисти насекаде......
Што не бараш од нив интервенција ?

Ти кмекаш и лупаш глупости и некои други колеги форумџии и доста луѓе околу.
Ако ти смета кога си го пикаат носот со Гадафи што ти смета сега кога не си го пикаат ? Ајде малце доследност. Damned if i do damned if i don't
Се случуваат масакри и на други места и никој а не кажува. Ниту први ниту последните се Нигеријците кои се соочуваат со сличен проблем.
Ако ништо друго Франција (западот) интервенира во Мали против џихадистите, ги собира соседите на Нигерија да помогнат против Боко Харам, Британија има пратено инструктори мислам.

Се, само Боко Харам не е приритетен. Боко Харам е локално лимитиран во Нигерија и наводно постои нешто што се вика Нигерија и други држави во регионот кои се директно засегнати,па ништо не прават. Зашто би требало некој да си крши коски за нив ?
Радикалниот ислам го има од Филипините до Нигерија.....каде попрво да ги маваш ? Нормално таму каде што најмногу ти се поклопува со личните интереси.
Филипините имаат слични групи во својот двор - сами ги решаваат.
Пакистан ги има - исто сами се справуваат.
Нигерија ги има
Мали ги има,
Јемен ги има
Сирија и Ирак ги имаат
Либија ги има, Египет ги има,Сомалија, Кенија,Судан......каде попрво да удриш?

Нека помогне и некој друг некогаш.
Во Северна Кореја има еднопартиски избори, додека во Југославија - барем во последните 10 години од нејзиното постоење - имаше повеќепартиски избори.

Јас не кмекам и не лупам глупости, туку само ја вадам реалноста на виделина - дека САД и западот секогаш се заинтересирани за интервенции во странски држави во кои планираат да сменат некого од власт, додека од друга страна, никаде ги нема кога на некого навистина му треба помош, а се соочува со хуманитарна криза.

И Хитлер и нацистите првично беа локално лимитирани во Германија, знаеш ?

Но подоцна му се исфрлија на остатокот од светот како чума и мораа да бидат срамнети со земја за да бидат запрени.

Не ти држат вода споредбите со Кина и со Русија, бидејќи нивните интервенции се претежно со национален карактер, односно за заштита на Кинезите и Русите кои живеат во тие држави во кои интервенираат, додека САД и западот си го пикаат носот претежно во држави каде што нема американски државјани, со исклучок на Ирак и Сирија, каде што радикалните исламисти погубуваат американски, британски, француски и други странски државјани, а САД и западот најкомотно си молчат, со исклучок по некое бомбардирање, но без нанесување на реални и сериозни штети врз радикалните исламисти.

Јас велам дека САД не треба да интервенираат никаде, нека го вратат Неутралниот Акт усвоен во 1930-те години кога претседател на САД бил Франклин Делано Рузвелт, нека воведат ембарга кон тие држави кои вршат агресија врз невино цивилно население и нека си тераат надворешна политика на мирен начин. Што се однесува до мене лично, нека си ги соберат бродовите, подморниците, носачите на авиони, тенковите и нека си ги приберат кај нив дома во САД и нека го остават остатокот од светот на раат.

Но како што можеш да видиш, тоа не е реалноста, бидејќи САД имаат бази насекаде низ целиот свет и многу често се расположени за воени интервенции во странски држави, ама бидејќи Боко Харам не се приоритет според тебе, САД не се заинтересирани да пратат по некој дрон таму за ја ослободи североисточна Нигерија од овие радикални исламистички ѓубриња.

Слободно вади примери со Русија, Кина и не знам кој, но останува фактот дека овие држави не ја имаат најголемата флота со носачи на авиони во светот, не го имаат најголемиот воен буџет во светот и не го имаат најголемиот број на интервенции во странски држави во светот од почетокот на 21-от век па наваму. Но истовремено, овие држави немаат и лицемерен однос кон остатокот од светот, барем не онолку лицемерен колку што е лицемерен односот на САД и западот кон остатокот од светот.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Во Северна Кореја има еднопартиски избори, додека во Југославија - барем во последните 10 години од нејзиното постоење - имаше повеќепартиски избори.
Ако за тебе е демократија таму каде што имаш претседател кои единствените избори на кои излегува се тие кога го рушат од власт, кога имаш фалсификати на избори од страна на власта, кога имаш притисок од тајните служби врз опозицијата, кога имаш целосна медиумска контрола тогаш ок.
Сепак мислам дека ерата на Милошевиќ во Србија (де јуре Југославија) тешко може да се oкарактеризира како демократска.

Јас не кмекам и не лупам глупости, туку само ја вадам реалноста на виделина - дека САД и западот секогаш се заинтересирани за интервенции во странски држави во кои планираат да сменат некого од власт, додека од друга страна, никаде ги нема кога на некого навистина му треба помош, а се соочува со хуманитарна криза.
И доаѓаме до главното......не дека си за или против некоја интервениција, него ти сметаат САД и нивната политика. Ако најдеш нешто верувам дека и за мразот во Скопје што 10 дена не се топи ќе ги обвиниш или дека го направиле или дека се криви затоа што не ни го исчистиле.
Па така и се колонијалистички и екплотаторски ѓубриња што шират смрт и зло низ светот кога ќе интервенираат,а кога нема себичњаци што само својот интерес си го гледаат.
Damned if you do, damned if you don't.

И Хитлер и нацистите првично беа локално лимитирани во Германија, знаеш ?
Хитлер доби поддршка од народот во една во тоа време суперсила.
Овие треба тек прво со најмалку пола земја која е од друга религија да се пресметаат,па тек после и со своите кои не им се по мерка и да почнат да владеат со полураспадната афричка држава и тоа што ќе остане од нејзе.
Башка смешно е да се споредуваат организациските способности и интелктуалниот капацитет на нацистите и на овие неколку илјади религиозни фанатици со стари калашњикови и зољи.

Не ти држат вода споредбите со Кина и со Русија, бидејќи нивните интервенции се претежно со национален карактер, односно за заштита на Кинезите и Русите кои живеат во тие држави во кои интервенираат, додека САД и западот си го пикаат носот претежно во држави каде што нема американски државјани, со исклучок на Ирак и Сирија, каде што радикалните исламисти погубуваат американски, британски, француски и други странски државјани, а САД и западот најкомотно си молчат, со исклучок по некое бомбардирање, но без нанесување на реални и сериозни штети врз радикалните исламисти.
Не баш....али не ми се навлегува многу во таа дискусија. Само ќе прашам што мајка бара Русија со Трансднистрија или во Абхазија и сличните ? Ништо нема, само колку да може да ги витка рацете на 2 држави (Грузија и Молдавија). Да не можат случајно тие да бидат независни држави....баш и не.

Јас велам дека САД не треба да интервенираат никаде, нека го вратат Неутралниот Акт усвоен во 1930-те години кога претседател на САД бил Франклин Делано Рузвелт, нека воведат ембарга кон тие држави кои вршат агресија врз невино цивилно население и нека си тераат надворешна политика на мирен начин. Што се однесува до мене лично, нека си ги соберат бродовите, подморниците, носачите на авиони, тенковите и нека си ги приберат кај нив дома во САД и нека го остават остатокот од светот на раат.
Зошто мислиш дека ако си отидат САД нема да дојде некој друг ? Кина, Русија, Бразил,Индија и кој и да е што ќе се бори да го пополни вакумот оставен од повлекувањето на Америте ќе биде подобар од нив ....
Или мислиш дека светските проблеми ќе исчезнат со повлекувањето на Америка од сцената ?
Боко Харам ќе исчезне ? Талибаните во Пакистан, џиахдистите на Филипините ? Сирија ќе се смири и ќе стане просперитетна држава под водство на Асад ? Саудиска Арабија ќе почне да ги третира жените како луѓе ? Садам ќе беше одличен лидер кој не го убива својот народ и не го труе со хемиско оружје, кај кој не владее малцинството со мнозинството и Ирак немаше да биде држава што објави војна на пола свои соседи ?
Европа ќе почне да економски пак да расте и ќе почне да функционира мултикултурализмот ? Индија ќе се извлече од сиромаштија?
Тибет ќе се ослободи, еболата ќе исчезне, арапските земји ќе станат функционални и нема да станат шеријатски вукојебини, шиитите и сунитите ќе соработуваат и ќе се сакаат ?
Па само да речат САД кој ве ебе се повлекуваме прво нашава државичка ќе наебе затоа што само тие буквално сами ја држат целовита и релативно стабилна. Што мислиш кој ги држи браќава на ланец да не почнат пак по планини да идат ? Мислиш дека овој народ што 2001 кај тетка во Австралија и во Грција на плажа збриша ќе биде спремен да се бори и да крвари ?

Светот без Американците ќе биде во најмала рака исто сјебан како што е сега и во тоа оставање на раат нема раат да се види.

Уствари Боко Харам ти е совршен пример што се случува во светот кога го нема Вујко Сек да лупне со шака на масата.
Нигерија си купува оружје колку што може да си дозволи, си обучува војска колку што сама може, добива информации колку што може сама да прибере и ете ги.....Боко Харам е таму и убива илјадници луѓе.
И не само тоа - туку тие исите сега плачат САД да им помогне.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.584
Ако за тебе е демократија таму каде што имаш претседател кои единствените избори на кои излегува се тие кога го рушат од власт, кога имаш фалсификати на избори од страна на власта, кога имаш притисок од тајните служби врз опозицијата, кога имаш целосна медиумска контрола тогаш ок.
Сепак мислам дека ерата на Милошевиќ во Србија (де јуре Југославија) тешко може да се oкарактеризира како демократска.

И доаѓаме до главното......не дека си за или против некоја интервениција, него ти сметаат САД и нивната политика. Ако најдеш нешто верувам дека и за мразот во Скопје што 10 дена не се топи ќе ги обвиниш или дека го направиле или дека се криви затоа што не ни го исчистиле.
Па така и се колонијалистички и екплотаторски ѓубриња што шират смрт и зло низ светот кога ќе интервенираат,а кога нема себичњаци што само својот интерес си го гледаат.
Damned if you do, damned if you don't.

Хитлер доби поддршка од народот во една во тоа време суперсила.
Овие треба тек прво со најмалку пола земја која е од друга религија да се пресметаат,па тек после и со своите кои не им се по мерка и да почнат да владеат со полураспадната афричка држава и тоа што ќе остане од нејзе.
Башка смешно е да се споредуваат организациските способности и интелктуалниот капацитет на нацистите и на овие неколку илјади религиозни фанатици со стари калашњикови и зољи.

Не баш....али не ми се навлегува многу во таа дискусија. Само ќе прашам што мајка бара Русија со Трансднистрија или во Абхазија и сличните ? Ништо нема, само колку да може да ги витка рацете на 2 држави (Грузија и Молдавија). Да не можат случајно тие да бидат независни држави....баш и не.

Зошто мислиш дека ако си отидат САД нема да дојде некој друг ? Кина, Русија, Бразил,Индија и кој и да е што ќе се бори да го пополни вакумот оставен од повлекувањето на Америте ќе биде подобар од нив ....
Или мислиш дека светските проблеми ќе исчезнат со повлекувањето на Америка од сцената ?
Боко Харам ќе исчезне ? Талибаните во Пакистан, џиахдистите на Филипините ? Сирија ќе се смири и ќе стане просперитетна држава под водство на Асад ? Саудиска Арабија ќе почне да ги третира жените како луѓе ? Садам ќе беше одличен лидер кој не го убива својот народ и не го труе со хемиско оружје, кај кој не владее малцинството со мнозинството и Ирак немаше да биде држава што објави војна на пола свои соседи ?
Европа ќе почне да економски пак да расте и ќе почне да функционира мултикултурализмот ? Индија ќе се извлече од сиромаштија?
Тибет ќе се ослободи, еболата ќе исчезне, арапските земји ќе станат функционални и нема да станат шеријатски вукојебини, шиитите и сунитите ќе соработуваат и ќе се сакаат ?
Па само да речат САД кој ве ебе се повлекуваме прво нашава државичка ќе наебе затоа што само тие буквално сами ја држат целовита и релативно стабилна. Што мислиш кој ги држи браќава на ланец да не почнат пак по планини да идат ? Мислиш дека овој народ што 2001 кај тетка во Австралија и во Грција на плажа збриша ќе биде спремен да се бори и да крвари ?

Светот без Американците ќе биде во најмала рака исто сјебан како што е сега и во тоа оставање на раат нема раат да се види.

Уствари Боко Харам ти е совршен пример што се случува во светот кога го нема Вујко Сек да лупне со шака на масата.
Нигерија си купува оружје колку што може да си дозволи, си обучува војска колку што сама може, добива информации колку што може сама да прибере и ете ги.....Боко Харам е таму и убива илјадници луѓе.
И не само тоа - туку тие исите сега плачат САД да им помогне.
Хехе, ако говориме за местени избори или автократски влади, тогаш и американците имаат формална демократија, бидејќи кога во пракса изборот се сведува на двајца, тоа и не е баш некој избор, слично како и кај нас во Македонија.

Како што веќе ти спомнав - САД нека си го чистат и одржуваат својот двор и нека не си го пикаат носот во туѓи дворови. Истото го велам и за Кина и за Русија и за не знам кој друг.

Исклучоци секако се интервенции во случаи кога граѓани на матичната држава се загрозени во странство - Роналд Реган ја нападна Гренада во 1983 година со изговор дека се загрозени животите на американските студенти во таа држава, Владимир Путин изврши слична интервенција во Грузија во 2008 година со сличен изговор, а во 2014 година изврши анексија на Кримскиот Полуостров, но за волја на вистината, имаше референдум за таквото отцепување на Крим од Украина и за обединување со Русија.

Но кога веќе САД си го пикаат носот во туѓи дворови за да поматат туѓи сметки - на Ал Каеда, на Талибанците, на не знам кои, нека си го пикнат носот и во североисточна Нигерија и нека му ги поматат сметките на Боко Харам, па барем ќе има кој да им биде благодарен за таквата помош.

Сите тие држави кои ги спомна во кои на власт е исламистичкиот шеријат, се држави со кои САД - и остатокот од светот - соработуваат и тргуваат, а со тоа и им даваат легитимитет на режимите кои се на власт во тие држави.

А тие кои одат по планини, кој ги донесе, кој ги вооружуваше и кој ги евакуираше на крајот од Арачиново и од други места ?

Се појавија од никаде после бомбардирањата врз Југославија во 1999 година.

Ако е вистина ова што го велиш, тогаш на мене овие САД и западњациве повеќе ми делуваат како рекетари отколку како мировници и хуманитарци, а од таа гледна точка не се ништо поарни од поранешниот Советски Сојуз.

Велиш дека вујко Сем нема никаква врска со овие масакри во Нигерија ?

Е па кој ги вооружува тогаш Боко Харам ?

Една од теориите за вооружувањето на Боко Харам, исто како и на овие исламистиве во Мали, каде што интервенираше Франција, е дека тие се истите таканаречени борци за слобода и демократија кои САД и западот ги финансираа, ги вооружуваа и ги обучуваа во нивното соборување и масакрирање на Моамер Гадафи во Либија во 2011 година.

Не велам дека е точна теоријата, но сепак е издржлива со оглед на тоа дека Боко Харам - иако официјално постојат уште од 2002 година - сепак нивните воени активности се зголемија значително после 2011 година, па до некаде држи вода теоријата.

Се на се, САД и западот се лицемерни и ги гледаат пред се, своите профитерски интереси, а не некакви хуманитарни интереси во светот кога вршат интервенција во странска држава.

Од таа гледна точка, не се ништо поарни од Кина и Русија.
 
Последно уредено:

$korpion

MusicProducer
Член од
14 април 2009
Мислења
252
Поени од реакции
90
Кога веќе го спомна Могадишу , интересно е како за загинувањето на 18 американци во настаните поврзани со паѓањето на "Црниот Сокол" покрај МНОГУ други работи , снимен е и филм , многу гледан филм (незнам кој уште не го гледал или не чул за него). Тиа што го гледале филмот (а ги има милиони) ги знаат по име и презиме сите 18 американци што загинале во тој настан , како и многу детали од нивниот приватен живот. Од луѓето направиа вистински легенди. А спротивно од тоа што знаеме за нигеријците што секој ден се убивани од Боко Харам , за сите африканци , муслимани , славјани ... што гинат секој ден ? И они се луѓе исто како американските војници и француските новинари за кој се крана цел свет , и они како нив си имале свои животи , семејства , пријатели , биле сакани и сакале некој. И настрана политичарите , која е реакцијата на еден обичен граѓанин на некоја од западните земји а особено на американците ?

Жално! (у најмала рака)
А уште пожално е што работите одат натака да и нас останатите не претворат у "зомби".
Да не се замараме дали некаде гинат и страдат некој невини луѓе , а уште помалку да пробаме да превземиме нешто у врска со тоа.
И незнам дали Русија , Кина , Зимбабве или било кој друг би бил подобар од Америка, ама знам дека е крајно време да му се ставе крај на сегашниот лицемерен (и уште каков ли не) светски поредок предводен од Америка и нивните западни послушници. И ми се плаче кога ке чуам како некој човечки суштества оправдуват вршење геноцид врз други човечки суштества од западниот "цивилизиран и напреден" свет со изговор дека како најмоќни можеле и имале право да прават што сакаат оти и некој друг би правел така на нивно место или пак дека си ги бранеле националните интереси и дека секој имал право да го праве тоа. АЛОООО брееее кој национални , корпорациски , банкарски и шо ти знам какви интереси бре !!!?? кај отидоа ЧОВЕЧКИТЕ интереси ????
Еволуцијата на западниот свет од робовладетелство и колонијализам во демократија и уште какви ли не утописки прикаски се случија само на хартија , а во реалноста у суштина се си остана по старо. Оти нели само у време на робовладетелството животот на едни луѓе имал повеќе вредност од животот на други.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Аман бе другарче...
Ако си толку убеден во ова шо го збориш, зошто седиш уште пред тастатура дома ?
Толку многу џамии низ светов и муслимани за ти да ги убиваш, а ти тука не убедуваш нас глупите...
Не си троши со нас време, глупи сме се родиле глупи и ќе си умреме. Глеај ти да не избавиш од злото кое е околу нас.
Ако посочувам на делата на исламскиот екстремизам, твојата логика, донесе заклучок дека сакам да убивам Муслимани.
Значи, немој некој да се побунил заради миљардате дела кои секојдневно муслиманската омраза ги прави низ светот, врз немуслиманите, затоа што ќе биде обвинет дека сака да ги убие.

Јебеш логика...
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако посочувам на делата на исламскиот екстремизам, твојата логика, донесе заклучок дека сакам да убивам Муслимани.
Значи, немој некој да се побунил заради миљардате дела кои секојдневно муслиманската омраза ги прави низ светот, врз немуслиманите, затоа што ќе биде обвинет дека сака да ги убие.

Јебеш логика...
Пa целo време терaш еднa тезa декa сите муслимaни се вистинскoтo злo, a не декa злoтo се сaмo рaдикaлите

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Пa целo време терaш еднa тезa декa сите муслимaни се вистинскoтo злo, a не декa злoтo се сaмo рaдикaлите

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Ја не терам ништо, само посочувм на генералната определба кај Муслиманите, која самите ја демонстрираат по интернетов.

Кажи ми, дали коментарите на нашите интернет страници, од страна на Муслиманите, генерално покажуваат згрозување од настанот или осуда? (јок, повеќето викаат - ако им е)

Дали истите генерално покажаа осуда за убијците од Смилковско или бараа да се ослободат? (сите велат, невини се - да се ослободат)

Како тоа, јас сум бил за убивање на Муслиманите, заради тоа што посочувам на овие факти?
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Продолжуваат....
Suicide Bombing By Young Girl Kills At Least 16 In Nigeria's Maiduguri
http://www.huffingtonpost.com/2015/01/10/girl-suicide-bombing-maiduguri_n_6448518.html?ncid=fcbklnkushpmg00000014
Еве ги повторно...
http://www.theguardian.com/world/2015/jan/11/child-suicide-bombers-nigeria-market
Nigeria: two suspected child suicide bombers attack market
Three killed and 26 wounded in Yobe state, a day after bombing involving 10-year-old girl killed at least 16 in Borno state
 
Но сепак нема марш на солидарноста и против тероризмот во Париз и на други места, бидејќи масакрите не се случиле во држава членка на НАТО и/или на ЕУ.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Но сепак нема марш на солидарноста и против тероризмот во Париз и на други места, бидејќи масакрите не се случиле во држава членка на НАТО и/или на ЕУ.
Тоа е таа човечка себичност. "Се додека не ми се случува на мене - не ми е гајле." Минавме низ две светски војни додека да ни текне дека луѓето треба да имаат некакви фундаментални права и сеуште сме безумни варвари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom