Најкрвав масакр на Боко Харам: Во Нигерија убиени 2.000 лица

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.524
Поени од реакции
26.013
Припадници на нигериската исламистичка група Боко Харам го извршија најкрваиот масакр во нејзината историја, срамнувајќи со земја еден град во Нигерија и убивајќи околу 2.000 лица, соопшти денеска организиацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанл“.

Во соопштението се наведува дека борбите во градот Бага, што се наоѓа во блзината на границата на Нигерија со Чад, траеле од средата до вчера. Според АИ, низ градот и натаму лежат стотици безживотни тела.

Портпарилот на нигериската Влада, Мајк Омери, ги потврди ваквите информации, додавајќи дека екстремистите на 3 јануари ја презеле блиската воена база, по што во средата започнале напади врз Бага со минофрлачки гранати.

Началникот на дистриктот во кој се наоѓа Бага, Баба Аба Хасан изјави дека најголемиот број од жртвите се деца, жени и постари лица, кои не успела да побегнат од градот кога во него навлегле екстремистите.

Тој додаде дека по минофрачките напади, припадниците на Боко Харам упаднале во градот и пукале врз цивилите.

Досега најкрвавиот напад припадниците на Боко Харам го извршија на 14 март минатата година во градот Мајдугури, кога убија над 600 лица.

Само во текот на минатата година, екстремистите на Боко Харам убија над 10.000 луѓе. Поради нападите на исламистите над милион луѓе ги напуштија своите домови. Околу еден милион од нив се со статус на внатрешно раселени лица во Нигерија, а стотина илјади побегнаа во Чад и Камерун.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не знаеме дали е ова вистина. Ни треба @Gorco на помош да испита подлабоко и да ни го открие и овој заговор.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Уво не го боли западот. Што се 2000 илјади Африканци. Ништо. Кога требаше да се лапа Нафта, Злато и ДИјаманти од Африка тогаш ги интересираше, сега нека се снаоѓат како знаат. Исто е и за Ирак, Сирија и други држави каде што Исламистите убиват невини луѓе. На Либија ја сотреа Гадафи бил диктатор кај се сега да ги сотрат овие банди.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
2..000 ??? Знам дека ова е сеокјдневна појава на тие простори таму ама зошто не се дигна некоја галама на телевизиите за тоа како во Париз пример , не велам дека заради тоа ова во Париз треба да се смета за не толку важно, далкеу од тоа ама стварно жално како премалку важност му се дава на тој настан.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Па добро сега. Најмногу галама се крена за светскиот трговски центар и овој Шарли. А тоа што секој ден се убиваат луѓе во име на демократијата, слободата, курчевата религија во Украина, Нигерија, Судан, Либија, Египет, јемен, Сирија, Авганистан, Ирак....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Нигерија е голем извозник на нафта
А кога има нафта, има многу пари,
А кога има нафта има многу „ проблеми ’ кои ги создаваат нафташите за да целата корист е за нив
И така натаму....
Ситуацијата во Нигерија е крајно жалосна од кога се појавија нафташиве. Постојано се менуваат режими кој од кого по корумпиран
Нафтата е откриена 1973 и од тогаш мир не видоа
http://en.wikipedia.org/wiki/Nigeria#Oil
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
2..000 ??? Знам дека ова е сеокјдневна појава на тие простори таму ама зошто не се дигна некоја галама на телевизиите за тоа како во Париз пример , не велам дека заради тоа ова во Париз треба да се смета за не толку важно, далкеу од тоа ама стварно жално како премалку важност му се дава на тој настан.
Мораат да му пружат јавно внимание на нападот врз и убиствата на француските сатиристички карикатуристи во Париз бидејќи такво нешто не е секојдневие во Париз, уште помалку во Франција, а уште помалку па во Европа.

Од друга страна, Каракас, главниот град на Венецуела - државата со најголеми резерви на нафта во целиот свет, важи за втор или трет најнебезбеден град во светот, бидејќи грабежите, киднапирањата и најмногу од се - убиствата - се секојдневие, па затоа никој не известува за тоа.

Како што Венецуелците се навикнати на убиства секој ден, така и Нигеријците со тек на време ќе се навикнат на убиства секој ден, а тоа што е секојдневие е досадно и не е интересно за привлекување на вниманието на јавноста.
 
ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Одвратно е на какви двојни стандарди не тераат да се прилагодиме... Човечките животи одамна немаат иста вредност. Терористи убија 12 во сред Париз - светот се крена на нозе. Исти такви направиле масакар над 2000 - сите сме како да станува збор за помор на живина.

На темата.
Да сакаат големите сили, гнасите од оваа глутница ќе бидат под земја за една недела. Кој ќар го имаат Британија, Франција и САД од овие свињи, ич не ми е јасно.
Edited
Требаше да ми текне дека и тука е нафтата во прашање.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379

Зашто едноставно они сами не си го решат проблемот,па мора големите сили да се мешаат?Мислам дека знаеме они како решаваат проблеми..
Тоа што братот има армија способна цел град да срамни со земја значи дека ужива одредена подршка.Веројатно земјава им нема некој стратешка позиција за да праќаат војска,а ресурсите сигурен сум дека на некој начин им ги искористуваат.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Уво не го боли западот. Што се 2000 илјади Африканци. Ништо. Кога требаше да се лапа Нафта, Злато и ДИјаманти од Африка тогаш ги интересираше, сега нека се снаоѓат како знаат. Исто е и за Ирак, Сирија и други држави каде што Исламистите убиват невини луѓе. На Либија ја сотреа Гадафи бил диктатор кај се сега да ги сотрат овие банди.
Кога Америка интервенира, цела јавност се крева на нозе што бараат таму америте да изиграваат глобален шериф.
Кога не интервенираат уво ги боли.
Треба јавноста веќе да се одлучи дали е за или против западни интервенции.
Одвратно е на какви двојни стандарди не тераат да се прилагодиме... Човечките животи одамна немаат иста вредност. Терористи убија 12 во сред Париз - светот се крена на нозе. Исти такви направиле масакар над 2000 - сите сме како да станува збор за помор на живина.

На темата.
Да сакаат големите сили, гнасите од оваа глутница ќе бидат под земја за една недела. Кој ќар го имаат Британија, Франција и САД од овие свињи, ич не ми е јасно.
Edited
Требаше да ми текне дека и тука е нафтата во прашање.
Геноциди и делумни граѓански/религиозни војни се премногу честа појава во африканските земји за да се крева голема медиумска прашина кога нешто вакво ќе се случи.
 
ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Зашто едноставно они сами не си го решат проблемот,па мора големите сили да се мешаат?Мислам дека знаеме они како решаваат проблеми..
Тоа што братот има армија способна цел град да срамни со земја значи дека ужива одредена подршка.Веројатно земјава им нема некој стратешка позиција за да праќаат војска,а ресурсите сигурен сум дека на некој начин им ги искористуваат.
Нигерија нема капацитет да обезбеди владеење на правото на нејзина територија, затоа меѓународниот фактор е должен да интервенира заради хуманитарни причини.

Немањето некаква си стратешка позиција не смее да биде никаков изговор за премолчување на овој геноцид врз христијанското население.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Кога Америка интервенира, цела јавност се крева на нозе што бараат таму америте да изиграваат глобален шериф.
Кога не интервенираат уво ги боли.
Треба јавноста веќе да се одлучи дали е за или против западни интервенции.
Колку се посмеав, небаре Стејт департментот ти ја пишал реченицава додека во меѓувреме прават уште еден “терористички“ напад за да и’ помогнат на јавноста да одлучи побрзо.

Геноциди и делумни граѓански/религиозни војни се премногу честа појава во африканските земји за да се крева голема медиумска прашина кога нешто вакво ќе се случи.
А на ова.. човек не треба да се смее, една од ретко видени глупави мисли на форумов. Според секој здрав разум, медиумите треба да ставаат акцент таму каде е најлошо, за светот да не биде нем, глув и слеп пред колежите кои се случуваат, а не таму каде главна вест е претрчување на верверица преку автопат.

Губиш Игорче секакво реално расудување.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Колку се посмеав, небаре Стејт департментот ти ја пишал реченицава додека во меѓувреме прават уште еден “терористички“ напад за да и’ помогнат на јавноста да одлучи побрзо.

А на ова.. човек не треба да се смее, една од ретко видени глупави мисли на форумов. Според секој здрав разум, медиумите треба да ставаат акцент таму каде е најлошо, за светот да не биде нем, глув и слеп пред колежите кои се случуваат, а не таму каде главна вест е претрчување на верверица преку автопат.

Губиш Игорче секакво реално расудување.
За среќа твојот здрав разум во овој случај нема врска со реалноста, медиумите ставаат акцент на вести и случувања кои ќе им донесат поголем тираж/кликови, а за медиумите 12 луѓе убиени во сред Париз е ‘поголема‘ вест од 2 илјади масакрирани во село во Нигерија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Кога Америка интервенира, цела јавност се крева на нозе што бараат таму америте да изиграваат глобален шериф.
Кога не интервенираат уво ги боли.
Треба јавноста веќе да се одлучи дали е за или против западни интервенции.
Во основа, не се очекува интервенција од САД или од целиот континент Америка, туку општо од целиот свет.

Проблемот со интервенциите на САД е во тоа што досега истите - без ниту еден исклучок - беа водени исклучиво од економските и политичките интереси на САД, а не од хуманитарни интереси.

Не им претставуваше проблем на САД да интервенираат во Либија во 2011 година со оправдание дека државата е на работ на хуманитарна криза, но еве ги, молчат за Нигерија, за Ирак и Сирија - каде што сепак поддржуваат било кого, освен сириската влада на чело со Башар ал Асад, за Судан - каде што до денешен ден се практикува робовладетелство - и бројни други држави.

Патем, кога сме кај Судан, неодамна суданска жена едвај извади жива глава од оваа држава бидејќи премина од ислам кон христијанство бидејќи се омажи за инвалидизиран американски христијанин. Жената беше осудена на смртна казна поради менување на верата, но подоцна беше ослободена и воопшто не се двоумеше да фати џаде надвор од Судан заедно со нејзиниот американски сопруг христијанин и нивните деца, со првиот авион веднаш откако беше ослободена. А уште колку такви несреќници ги има во Судан, само Господ знае.

И на целиот овој ужас, САД и западот единствено излегуваат со јавна осуда и ништо друго. Исклучоци се Украина, каде што ја поддржуваат хунтата во Киев, и Сирија, каде што ги поддржуваат буквално сите кои се против сириската влада на чело со Башар ал Асад, бидејќи Асад, исто како и руското малцинство во Украина, беа, односно се под заштита на Русија, а повеќе од очигледно е дека на САД поважно им е да си го пикаат носот во рускиот двор, наместо да бидат вистински хуманитарци и да му помагаат на човештвото.

Но да бидеме искрени, и Русија молчи околу ваквите масакри во Нигерија и во останатите држави од светот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom