Најкрвав масакр на Боко Харам: Во Нигерија убиени 2.000 лица

Член од
17 август 2011
Мислења
9.763
Поени од реакции
17.471
Ааа да, извини бидејќи заборавив дека западот не признава универзална правда, туку само селективна правда.
Не постои нешто како универзална правда :)
Забележуваш ли дека тие 13 шеријатски држави скоро вода в очи немаат, а камоли пак да можат да најдат финансии за Боко Харам?
Па баш ако се сиромашни е полесно да се манипулираат, ако имаа пари немаше да војуваат.И колку се тие финансии за движењето? Не купуваат вајда тенкови и современо оружје,еден калаш и тепај се живо.Очигледно имаат пола земја да се засолнат,да јадат и пијат и каде владините сили би добиле отпор ако ги бркаат.Не е ова Пакистан да ги лупаат со дронови па да мора да се кријат по планини.
Али еве објасни ја твојата теорија,која е користа некој овие да ги подржува?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.741
Поени од реакции
7.904
Каква глупост.....

Да.....Боко Харам не може да најдат мапи. Мора Вујко Сем да им даде мапи затоа што не е возможно некој да дојде до мапа.Боже пази.....
Во право си. Не знам зошто ги потценив. Таман работа Боко Харам да не може да најде мапи, радио-станици, преносни компјутери, мобилни и сателитски телефони во пустина и уште приклучени на Интернет. Како ли не ми текна порано:sneaky:?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не онаква какви глупостите кои ги објавуваат психијатриските случаи како тебе. ;)
Кога медискиот простор што едните го добиваат ти е главен критериум за оцена на човечко страдање и злостор онда тоа е доволно квалификувано да биде глупост.Епска глупост...
На тебе ти значат изгледа жртвите само што ги поднесуваат тие кои што САД не ги има поддржувано.

Ти благодарам бидејќи се разбравме околу моралот, психијатриските случаи барем не глумат учители по морал за разлика од форумските антизападњаци/русофили/лажни моралисти кои себеси се претставуваат како борци за слобода и демократија, универзална правда и што уште не..............
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570

Не вршам никаква селекција за тоа кој заслужува правда, а кој не, но САД и западот оставаат тотално поинаков впечаток - бараат правда за жртвите на Слободан Милошевиќ, на Садам Хусеин, на Моамер Гадафи, на Башар ал Асад, но никаде ги нема да бараат правда за жртвите на Боко Харам, ИСИЛ/ИСИС/ИД, жртвите на трговија со органи на Косово и бројни други злосторнички организации.

Па да го додадеме и Хамас врз сето ова, кој е засолнет во Газа, каде што спроведува власт со употреба на сила и ги земеме во предвид донациите од САД за обновување на Газа после израелските бомбардирања на Газа во 2014 година, следува заклучокот дека САД всушност го обновуваат засолништето на терористи, додека истовремено финансираат, вооружуваат и обучуваат радикални исламистички злосторници во Сирија, кои ги нарекуваат борци за слобода и демократија, наместо да бараат правда за жртвите на Хамас, како на пример за трите израелски момчиња кои беа киднапирани и убиени од страна на Хамас, што беше искрата која ги предизвика израелските бомбардирања на Газа во 2014 година.

Па сега ти проценувај кои се антизападњаци, русофили, лажни моралисти, психијатриски случаи, борци за слобода и демократија, за универзална правда и што ли уште друго не, а кои се чисти лицемери.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не вршам никаква селекција за тоа кој заслужува правда, а кој не, но САД и западот оставаат тотално поинаков впечаток - бараат правда за жртвите на Слободан Милошевиќ, на Садам Хусеин, на Моамер Гадафи, на Башар ал Асад, но никаде ги нема да бараат правда за жртвите на Боко Харам, ИСИЛ/ИСИС/ИД, жртвите на трговија со органи на Косово и бројни други злосторнички организации.
Не вршиш селекција за тоа кој заслужува правда,но ги сметаш нивните жртви помали затоа што,пази молим те, не добиле толкав медиумски простор.
Која е разликата од тебе и Америка ? Можеш да збориш за трговијата на органи,но за етнички чистења да не ти чуе.

п.с Потсети ме кој тоа меле година уназад за злосторствата на ИСИЛ и уствари нешто прави против нив ?

Па да го додадеме и Хамас врз сето ова, кој е засолнет во Газа, каде што спроведува власт со употреба на сила и ги земеме во предвид донациите од САД за обновување на Газа после израелските бомбардирања на Газа во 2014 година, следува заклучокот дека САД всушност го обновуваат засолништето на терористи, додека истовремено финансираат, вооружуваат и обучуваат радикални исламистички злосторници во Сирија, кои ги нарекуваат борци за слобода и демократија, наместо да бараат правда за жртвите на Хамас, како на пример за трите израелски момчиња кои беа киднапирани и убиени од страна на Хамас, што беше искрата која ги предизвика израелските бомбардирања на Газа во 2014 година.
Ајдееее сега па и на Хамас ја пренесе работата. . :aplauz:
Сериозно сакаш да кажеш дека помош во обновување на разрушената Газа е лоша работа и поддршка на тероризам ? Дека 1500 убиени цивили и цела Газа во руини е правда за 3 убиени тинејџери ?

Веројатно ако не донираа ќе беа себични империјалистички копилиња кои седат на страна и гледаат како народот во Газа живее во руини. :vozbud:
.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Не вршиш селекција за тоа кој заслужува правда,но ги сметаш нивните жртви помали затоа што,пази молим те, не добиле толкав медиумски простор.
Која е разликата од тебе и Америка ? Можеш да збориш за трговијата на органи,но за етнички чистења да не ти чуе.

п.с Потсети ме кој тоа меле година уназад за злосторствата на ИСИЛ и уствари нешто прави против нив ?
Па ти прв го постави прашањето дали жртвите на трговијата со органи на Косово се поголеми од жртвите на етниките чистења кои Србите ги спроведувале, а јас ти реплицирав дека се поголеми бидејќи светот ги игнорира, а од тука следува заклучокот дека светот сака да заборави дека и Србите се луѓе и како такви заслужуваат правда исто како и жртвите на етничките чистења спроведувани од Слободан Милошевиќ, но никако да видиме пресуда против етничките чистења на Србите на Косово од страна на УЧК или против трговијата со органи на Косово. Но затоа пресуди против Србите ги има колку ти душа сака, поселективна правда, здравје.

А која е разликата од тебе и Америка ?

Еве колку постигнаа САД и западот со нивните бомбардирања врз ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Ај објасни како САД и западот успеаа да го срамнат Садам Хусеин со земја во Ирак за неполни 2 месеца, а никако не успеваат да го спречат ширењето на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија после повеќе од 4 месеци наводно интензивно бомбардирање ?

Да не е бидејќи истите таканаречени борци за слобода и демократија кои САД и западот ги финансираат, вооружуваат и обучуваат, всушност преминуваат во редовите на ИСИЛ/ИСИС/ИД ?

http://www.dailymail.co.uk/news/article-2914475/ISIS-expand-control-Syria-American-airstrikes.html

Ајдееее сега па и на Хамас ја пренесе работата. . :aplauz:
Сериозно сакаш да кажеш дека помош во обновување на разрушената Газа е лоша работа и поддршка на тероризам ? Дека 1500 убиени цивили и цела Газа во руини е правда за 3 убиени тинејџери ?

Веројатно ако не донираа ќе беа себични империјалистички копилиња кои седат на страна и гледаат како народот во Газа живее во руини. :vozbud:
.
Сега ти си тој на кого не му чуе за етнички чистења, бидејќи Хамас гранатира, киднапира и убива невино цивилно население, што всушност е и дел од нивната основачка повелба која повикува на етничко чистење, поконкретно повикува на истребување на Евреите - на сите Евреи, чисто колку за да бидеме појасни.

Е па ако на САД не им претставува проблем да донираат 212 милиони долари за обновата на Газа - во изградба на нови домови кои Хамас и во иднина ќе ги користи за лансирање на ракети против цивилното население во Израел - зошто тогаш не бидат толку хумани и не и продадат оружје на Нигерија во нејзината борба против Боко Харам ?

Од една страна не им претставува проблем да вооружуваат, финансираат и обучуваат исламистички терористи во Сирија, нарекувајќи ги борци за слобода и демократија, но од друга страна одбиваат не да и подарат, туку да и продадат оружје на демократски избраната влада на Нигерија ?

Каде се САД и западот да бараат правда за сите досега загинати и киднапирани мажи жени и особено деца и тинејџери во Нигерија, на кои им се губи трага во подрачјата окупирани од страна на Боко Харам ?

Извини батка, ама овие САД и овој западов се толкави лицемери, што ни Русија ни Кина не можат да им конкурираат на полето на лицемерието.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
:bravobe::pos:Ај иди легни си.........
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Секако,само има една голема разлика. Од САД во Нигерија не се бара да интервенираат против Нигеријската влада како во случаите кога носат фридом и демокраци. :D
Гадафи не беше бунтовник него гасеше бунт, Талибаните реално беа власта во Афганистан, во Ирак Садам беше власта.
Овде е друга ситуација.
Гадафи, Талибаните, Садам.. добро ајде, диктатори терористи вакви такви се тие нели, бла бла. Кој ги викна американците кај нас 2001ва и што кој курац бараа тука ? бомбардирањето 99та ? Тогаш можеа да се залагаат нели ? Уствари и тогаш штитеа и поддржуваа убијци и терористи... зашто случајов со Нигерија и Боко Харам да биде различен ? Еден диктатор буткаат- создаваат 10 терористички групи 10 пати помоќни од соборениот диктатор.

Да живее фридом и демокраци. !!!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Ај објасни како САД и западот успеаа да го срамнат Садам Хусеин со земја во Ирак за неполни 2 месеца, а никако не успеваат да го спречат ширењето на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија после повеќе од 4 месеци наводно интензивно бомбардирање ?
Споредуваш две комплетно различни работи.
САД го турнаа Садам како структура на власт и ја превзедоа контролата во државата, но отпорот (тоа што денес е ИС) продолжи. Исто и во Авганистан, соборувањето на режимот беше лесна работа, расчистувањето со Талибаните е изгледа невозможна.
Многу е лесно да победиш регуларна армија, ако имаш далеку помоќна армија (не секогаш), што и беше случај со Ирак и Авганистан. Да победиш герила... тоа е долготрајна задача, често невозможна. На пример, во Авганистан може да се борат уште 100 години и со сигурност нема да ги победат Талибаните. Нема да ги победат бидејќи тие делуваат во 2 држави, башка останатите предности што ги имаат. Единствено ако САД превземат контрола и врз Пакистан, евентуално тогаш после долги години може да извојуваат победа врз Талибаните.

Победата врз Ирак е дело на повеќе бранши Воздухоплоството, Морнарицата и копнените сили. Доколку на пример САД го користеше само воздухоплоството, тешко дека Садам ќе беше симнат од власт. Слично како примерот со Милошевиќ.

И сега, за да биде уште повеќе бесмислено тоа што го напиша, следи заклучокот:
Американското воздухопловство се обидува да ги победи ИС која е полу-герилска групација, која постои и оперира во минимум 2 држави.
 
Па и твоите коментари се делумно бесмислени, со оглед на фактот дека Ирак се претвори во кланица после соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година, а истото можеме да го кажеме и за Либија после масакрирањето на Моамер Гадафи во 2011 година, а и за едната и за другата присилна смена на власта во овие држави, заслугите паѓаат исклучиво врз САД.

Велиш дека речиси невозможно е талибанците да бидат неутрализирани. Па добро, кој ги финансира, вооружува и обучува нив ?

Толку им е тешко на САД да ги неутрализираат талибанските извори на финансии и на вооружување ?

Кога сме кај ИСИЛ/ИСИС/ИД, огромен дел од нивните борци се истите таканаречени борци за слобода и демократија во Сирија како што САД и западот милуваат да ги нарекуваат, кои се финансирани, вооружувани и обучувани од страна на САД - наводно за да го соборат Башар ал Асад во Сирија и да воведат демократско општествено уредување во Сирија - а после некое време пребегнуваат на страната на ИСИЛ/ИСИС/ИД и продолжуваат со истите масакри кои ги извршуваат уште додека се дел од таканаречената сириска опозиција.

Зошто САД и западот финансираат, вооружуваат и обучуваат терористи кои ги нарекуваат борци за слобода и демократија од таканаречената сириска опозиција, кои веднаш кога ќе се вооружат до заби, му се закануваат на цивилното население во Сирија дека кога тие ќе дојдат на власт, во идната сириска држава нема да има место за немуслимани ?

Најважно од се, зошто САД ги прават сите овие работи кои ги спомнав претходно, кога однапред биле предупредувани од страна на американските разузнавачки служби и биле свесни за негативните последици со кои резултираат ваквите политики и постапки на САД ?

Но назад на темата.

Зошто САД одбиваат да и продадат оружје на Нигерија ?

Од една страна, не им претставува проблем да им подарат - не продадат, туку подарат - оружје на исламистичките терористи на блискиот исток, но од друга страна одбиваат да и продадат - не подарат, туку да и продадат - оружје на Нигерија за да се бори против Боко Харам ?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Па и твоите коментари се делумно бесмислени, со оглед на фактот дека Ирак се претвори во кланица после соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година, а истото можеме да го кажеме и за Либија после масакрирањето на Моамер Гадафи во 2011 година, а и за едната и за другата присилна смена на власта во овие држави, заслугите паѓаат исклучиво врз САД.
Кланици имаше и во Шри Ланка, Сомалија, Конго, Судан и други места каде што не се чепнати од САД последниве 10тина години. Кој е тука крив, Израел?

Велиш дека речиси невозможно е талибанците да бидат неутрализирани. Па добро, кој ги финансира, вооружува и обучува нив ?

Толку им е тешко на САД да ги неутрализираат талибанските извори на финансии и на вооружување ?
Што мислиш ти, толку е тешко да се запре криминалот макар во само еден град во САД? Ако беа така лесни работите, ќе беше утопија насекаде...
Или се правиш на будала...
Кога можеа едни племиња во Руанда (една од најсиромашните земји) да дојдат до огромна количина на територија помала од Македонија, тогаш што да остане за Талибаните кои дејствуваат на милиони квадратни километри.

Кога сме кај ИСИЛ/ИСИС/ИД, огромен дел од нивните борци се истите таканаречени борци за слобода и демократија во Сирија како што САД и западот милуваат да ги нарекуваат, кои се финансирани, вооружувани и обучувани од страна на САД - наводно за да го соборат Башар ал Асад во Сирија и да воведат демократско општествено уредување во Сирија - а после некое време пребегнуваат на страната на ИСИЛ/ИСИС/ИД и продолжуваат со истите масакри кои ги извршуваат уште додека се дел од таканаречената сириска опозиција.

Зошто САД и западот финансираат, вооружуваат и обучуваат терористи кои ги нарекуваат борци за слобода и демократија од таканаречената сириска опозиција, кои веднаш кога ќе се вооружат до заби, му се закануваат на цивилното население во Сирија дека кога тие ќе дојдат на власт, во идната сириска држава нема да има место за немуслимани ?
Повторно истите глупости. САД не ги вооружуваат ИС. Ја вооружуваат ССА.
ИС имаа помош од С.Арабија, Катар и сл.
С.Арабија е многу различна работа од САД. И едните и другите дејствуваат за свои интереси, нешто што очигледно многумина не го сфаќаат.

Но назад на темата.

Зошто САД одбиваат да и продадат оружје на Нигерија ?
Зошто САД не им продадат оружје на Кина на пример? Еве нека им продадат 5-6 бомбардери Б-2? Зошто не?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Кланици имаше и во Шри Ланка, Сомалија, Конго, Судан и други места каде што не се чепнати од САД последниве 10тина години. Кој е тука крив, Израел?

Што мислиш ти, толку е тешко да се запре криминалот макар во само еден град во САД? Ако беа така лесни работите, ќе беше утопија насекаде...
Или се правиш на будала...
Кога можеа едни племиња во Руанда (една од најсиромашните земји) да дојдат до огромна количина на територија помала од Македонија, тогаш што да остане за Талибаните кои дејствуваат на милиони квадратни километри.

Повторно истите глупости. САД не ги вооружуваат ИС. Ја вооружуваат ССА.
ИС имаа помош од С.Арабија, Катар и сл.
С.Арабија е многу различна работа од САД. И едните и другите дејствуваат за свои интереси, нешто што очигледно многумина не го сфаќаат.

Зошто САД не им продадат оружје на Кина на пример? Еве нека им продадат 5-6 бомбардери Б-2? Зошто не?
Слободно вади примери колку сакаш, но останува фактот дека конкретно за Ирак, САД велеа дека окупирале држава под власт на диктатор, а оставиле држава со демократско општествено уредување - иако никој не ги покани или повика да извезуваат демократија во Ирак. А доказите кои подоцна излегоа на виделина, со кои се докажа дека пред американскиот Конгрес биле повикани наводни жртви на ирачкиот диктаторски режим на чело со Садам Хусеин за да сведочат лажно против него, па да не правиме муабет за тоа - чиста пропаганда.

Истото важи и за Либија. САД велеа дека ги финансираат, вооружуваат и обучуваат борците за слобода и демократија на демократската опозиција во Либија која се бори против диктаторскиот режим на чело со Моамер Гадафи, а денес Либија тоне во анархија и во граѓанска војна. Добар дел од таканаречените борци за слобода и демократија во Либија, денес се дел од радикалните исламистички терористички групи против кои Франција интервенираше во Мали, а некои од нив се дел и од Боко Харам и од други терористички организации.

Е добро де, ако на САД не им претставува проблем да ги финансираат, вооружуваат и обучуваат лажните борци за слобода и демократија во Сирија, кои подоцна преминуваат во редовите на ИСИЛ/ИСИС/ИД, зошто им претставува проблем да и продадат оружје на Нигерија за да може да се бори против Боко Харам ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom