Најекономично греење и ладење

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Јас во собава се греам со еден радијатор (полн е со нафта или незнам што) и работи на струја. Додека работе топле колку толку но воздухот се осеќа дека е ладен ?! Ако ја изгасам за 5 секунди исто како да не топлело ништо во собата,а ждере струја многу. Што предлагате за по мала соба (нз точна квадратура) ?
Клима некоја ? или др чаре ?
За да има ефект таквиот радиатор ( уљан ) треба постојано да е вклучен уште од почеток на грејна сезона да ја загрее собата а потоа само да ја одржува температурата.
 
Ekimot

Cule
Член од
4 февруари 2010
Мислења
473
Поени од реакции
502
ај вака тука да прашам ваљда ќе се најде некој?
ме работат од топлификација, т.е. од снабдување исток со овоа новиве правила за исклучување од парно, им доставив списоци од станари од мојата зграда, според ова новово треба согласност од сите станови на мерното место, па моето мерно место има 65 стана, 3 влеза по 20 и нешто станови, кај е ова ненормално барање, некако го завршив ми се потпишаа луѓево АМА од снабдување исток се јавувале случајно по телефон и на 4 стана од тие 65, станарите им кажале дека не се согласуваат а луѓево ми се потпишаа. Сега дали ме работат од снабдување (ми маваат блеф) дали луѓево се толку покварени, не ми е јасно?
нејсе дали некој има некој човек шо ќе може да ми заврши работа да се исклучам од ова проклетово парно? може и по пп да ми препорачате некој, частам пиво, ракија, ручек.. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Според мене, арамиите од Снабдување исток, си играат мајтап со тебе со цел те спречат да се спасиш од кражбата и да продолжат да те измауваат и пљачкосуваат. Кој се тие да оценуваат дали потписите се О.К. или не се?
Направи по една копија од собраните потписи и други документи и отиди кај Народниот правобранител и побарај помош да се јават по телефон во Топлификација за да те исклучат. Таму има готови формулари и таму ќе пополниш што треба. Сега Топлификација го полни системот, но ти пожали се кај Народниот правобранител дека те маткаат со недели само за да те спречат да се исклучиш.
Јави што си направил!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Една интересна понуда на квалитетни инвертери.
Мислам дека се поевтини од ‘‘Енергија‘‘ претпоставувам дека се изработени во Тајланд, но сепак квалитетни машини. Иако овие што огласуваат не кажуваат за кои модели се работи. http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1055664?searchID=1056909&Idx=4
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По поскапувањето на струјата - огревното дрво станува нај атрактивно гориво за економично затоплување. На огревното дрво дури му е намалена цената.
Еве еден напис во Плусинфо:
http://www.plusinfo.mk/vest/57794/Makedonski-shumi-Imame-drva-za-site
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
јас како сервисер на клими тврдам и стално велам дека не на 3 туку на максимум 2 години треба да се ПРОВЕРУВА нивото на фреон во клими, но никако да се ПРОМЕНУВА... нема потреба.. фреонот не е со променлив карактер и не ги менува карактериситиките со текот на годините. она што во еден климатизер се менува е компресијата на моторот т.е. клипот а тука неможеш ништо да смениш со менување на фреонот...

значи само дополна и проверка е потребно не и промена... незнам кој ти го кажал тоа, ама сигурно грешел или нешто не си разбрал добро...
еве читај за клими на овој мк сајт:

http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=100

Чисто за информација на форумашите:
Колку би чинело еден третман на чистенје на достапна надворешна единица?
Колку би чинело дополнуванје со фреон?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
9 април 2012
Мислења
50
Поени од реакции
14
А некој искуство со конвектор да подели , како топлина и колку сметка доага.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
А некој искуство со конвектор да подели , како топлина и колку сметка доага.
Јас користам конвектори, те панели од Thermor (Evidence серија) веќе 5-6 години. Задоволен сум што се однесува до квалитетот на греењето... меѓутоа никој не успеа да ме убеди, ниту на форумов а ниту пријателите во тоа: што има разлика помеѓу конвектор и обична греалка.... алуминиумски дифузер и многу прецизен термостат - драпај си меот, малку пософистицирана греалка! Ништо повеќе и како таква е не-економична! Особено со последното поскапување на струјата и укинување на дневна евтина.... ‘‘Смрт за зони и пајак возила‘‘ кажа погоре дека најисплатливо ти е сега затоплување со дрва... и најубаво би додал!.... Е сега ако немаш услови, тогаш наместо греалка таканаречена конвектор, размислувај за Инвертер каде што топлотната (heat pump) пумпа овозможува потрошувачката да е 3-4 пати помала од инсталираната моќност.... дали тоа би бил модел на Midea со Toshiba компресор, некој предложи на форумов Vaillant инвертер, или пак од повисоките класи како Fujitsu или Toshiba као овие на пр http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1055664?searchID=1056909&Idx=4 ... или оние што ги нуди ‘‘Енергија‘‘ се зависи од џебот.... но само вака има смисол загревањето на простории со електрична енергија, инаку со овие цени на струјата нема многу смисла да се користат греалки или тајфуни или конвектори.... кои даваат енергија, колку што ќе потрошат. Нивната предност е што многу бргу ја загреваат просторијата, значи многу практично за простории каде не се загрева континуирано, на пример во спалната.... практично е и за оние што се отсутни од просторијата, на пример работиш до 16-17 ја уклучуваш во 17 до 23 на 6-ка. при што имаш 23-4 степени... но како што реков воопшто не е економична онаму каде што има потреба затоплување 24 часа.... Потрошувачка!? Како да ти кажам... еве за лани се разбира. Во една солидно изолирана просторија од 16м2 со прозор т-пан стакло, употрбував конвектор како реков погоре Thermor 2Kw и само за греење се трошеше 2,000-2,300 Денари зависно од месецот (нели од сметката одбиен износот на летната сметка) ако може така да се смета!?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Јас користам конвектори, те панели од Thermor (Evidence серија) веќе 5-6 години. Задоволен сум што се однесува до квалитетот на греењето... меѓутоа никој не успеа да ме убеди, ниту на форумов а ниту пријателите во тоа: што има разлика помеѓу конвектор и обична греалка.... алуминиумски дифузер и многу прецизен термостат - драпај си меот, малку пософистицирана греалка! Ништо повеќе и како таква е не-економична!
Што прави рекламата. Точно така , нема никаква разлика помеѓу конвекторот, калориферот и сличните на нив греалки. Ама буквално ништо освем дизјанот кој го доплаќаш со 100 евра.
И веќе кога сме кај струјата освем климатизер ( кој јас лично не го преферирам од Х причини) вреди да се спомне и старата добра термоакомуалциона печка. Со оглед дека евтина има само навечер само со еден тајмер и решен проблемот. Ноќе полни и акумулира, дење се празни. Сега малце повеќе место фаќа од конвекторот ама сите убајни наеднаш нема.
П.с И ај да ве видам нека легне некој на конвектор како што можеш на термопечката, башка да исушиш алишта и ред други предности кои ги има над конвекторот.
 
Сосема си во право за старите ТА (термоакомулациони) печки. Колку само подобар избор е ТА од 3Kw oд конвектор дури и со послаба снага да речеме 2KW.... токму така како рече Владе, предноста е што акумулира кога е двапати поевтина струјата, а грее преку цел ден... Единствено кај нив што не ми се допагја е тоа што освен топлинска енергија акумулираат и прашина така да кога дуваат прашината ја вдишуваме.... крајно непрактична за оние што имаат проблеми со дишните патишта, носот.... а и за здравите не е добро нели да вдишуваат, би требало комплетно да се чисти (веројатно стручно лице или познавач) бар на две години, нешто слично како со климатизерите!.... Е да ако со ова се сложив, тогаш воопшто нема да се сложам со она: ‘‘можеш да легнеш на ТА печката‘‘ или да седнеш.... сосема погрешно. Не правете го тоа никако! Особено не ако имате потреба бргу по тоа да излезете надвор на студ. Каква траума за телото е тоа!? И доколку не излегувате не е многу корисно да седите на печката, особено не младите луѓе - организми во развој.... штетно е за коските.
 
За прашината се има прашина, тоа е неизбежно без разлика дали е лето или зима, таа си е тука па колку сакаш бриши проветрувај и незнам што.
Разликата помеѓу прашината од климатизер и обичната прашина е во тоа што таа од климатизерот( барем јас така си мислам, не е научно поткрепено) поради зголемената влага во самата единица и топлина која ја има истата ствара погодно место за развој на бактерии и други штетни бубачиња отколку од прашината која излегува од самата термо печка која е онаа истата прашина што ја има низ цела соба и најчесто е само прашина и ја вдишуваме секој ден и во лето и во зима, така да навикнати сме. Друго кај климатизерот што ми пречи е што ствара некој вид на промаја, а промајата е фактор еден за настинка па додадиму и бактериите кои ги разнесува низ цела соба и ете ти рецеп за болест на дишни патишта.
За лежењето цел живот сум лежел па ете и пораснав и никому ништо. Тоа ме потсеќа на муабетот од бабами не излегвај надвор капен си, ке настинеш.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Чисто за информација на форумашите:
Колку би чинело еден третман на чистенје на достапна надворешна единица?
Колку би чинело дополнуванје со фреон?
со оглед на цена на гориво цената на еден комплетен третман е од 1900 до 2500 денари. во то а следи:

-хемиски третман на надворешна единица
-хемиски третман на внатрешна единица
-дополна со фреон

но.. морам да нагласам дека во моментов не го работам ова, затоа што на мојата фирма прва и основна окупација е парно греење, производство и монтажа на кано системите, за економично греење... еве на овој линк можете да видите за што се работи:

http://www.kanosistemi.com.mk/index.php?id=72

инаку со климатизери и третман нивни само во лето и/или почеток на лето, кога на нас македонците едноставно ни се брише од глава моментот дека иако е лето ке дојде зима пак, па сите забораваат дека треба да го решаваат греењето и сите идеи кои ги имале да ги реализираат тогаш или во текот на летото бидејки тогаш е нај евтино, за разлика од есенскиот и зимскиот период кога се е поскапо и тоа за некои работи и повеке оф 50%... септември е преломен период, период кога сеуште може по стари цени да се средат некои работи...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Разликата помеѓу прашината од климатизер и обичната прашина е во тоа што таа од климатизерот( барем јас така си мислам, не е научно поткрепено) поради зголемената влага во самата единица и топлина која ја има истата ствара погодно место за развој на бактерии и други штетни бубачиња отколку од прашината која излегува од самата термо печка која е онаа истата прашина што ја има низ цела соба и најчесто е само прашина и ја вдишуваме секој ден и во лето и во зима, така да навикнати сме. .
Јас многи ги ценам твоите постови, но од ова со прашината, влагата, бактериите и штетните бубачиња нај голем впечаток ми остави ова што го подвлеков.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom