Сосема си во право за старите ТА (термоакомулациони) печки. Колку само подобар избор е ТА од 3Kw oд конвектор дури и со послаба снага да речеме 2KW.... токму така како рече Владе, предноста е што акумулира кога е двапати поевтина струјата, а грее преку цел ден... Единствено кај нив што не ми се допагја е тоа што освен топлинска енергија акумулираат и прашина така да кога дуваат прашината ја вдишуваме.... крајно непрактична за оние што имаат проблеми со дишните патишта, носот.... а и за здравите не е добро нели да вдишуваат, би требало комплетно да се чисти (веројатно стручно лице или познавач) бар на две години, нешто слично како со климатизерите!.... Е да ако со ова се сложив, тогаш воопшто нема да се сложам со она: ‘‘можеш да легнеш на ТА печката‘‘ или да седнеш.... сосема погрешно. Не правете го тоа никако! Особено не ако имате потреба бргу по тоа да излезете надвор на студ. Каква траума за телото е тоа!? И доколку не излегувате не е многу корисно да седите на печката, особено не младите луѓе - организми во развој.... штетно е за коските.