Најекономично греење и ладење

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Другаров ја зема лани и многу ми ја фали.Заборавив како се викаше фирмата од кај шо ја земал ама знам дека околу 30000 беше.Инаку, да германска фирма се и имаат конвектори,имам и ја еден таков дома,5-6000 беше пред 2-3 години.
Климиве не верувам дека ги прават во Германија,ама за тие пари би требало да вредат..Ја 99% ќе земам една деновиве,па ќе ви кажам од прва рака дали ги ги бива :)
Tittanik ти нешто ни вети! Додуша можеби го исполни ветувањето а јас сум пропуштил... се надевам нема да ти биде проблем и да повториш!? Зема ли? Мислам дека кажа си набави од Vaillant инверторите.....И? како работи? Како грее? Задоволен? Ме интересира сега кога зимава е во зенитот! Не како работи во Ноември, сега како?.... Додуша не е многу ладно, но ноќната паѓа под -7-8*Ц....си работи ли добро инверторот? Задоволен? Сметката за струја каква е?....Убаво би било да чуеме и други мислења за тоа како поминуваат сега и со обични клими Hawk 2401 ти ми се чини рече ќе ризикуваш со обична!? Се исплатеше ли ризикот?..... Нема зима? Или?
 
Член од
9 јануари 2012
Мислења
53
Поени од реакции
21
Neznam dali e obrabotena ovaa tema nitu dali pripagja tuka ili vo "dom i semejstvo".... samo sakav da ukazam od korisnosta na edna vakva tema... da razmenime iskustva, koj na sto se gree i koe e po mislenje na forumdziive najekonomicno greenje. Zagrevanjeto kako sto znaeme e golem tovar na budzetot... Jas stanot go gream so elektricna energija... takozvana struja. Edna 5-ka (5KW) pecka i eden francuski (Thermor) panelen konvektor od 2KW.... 2-3 godini taka (pred toa TA + maslen radijator od 3KW) .... i tuka nekade smetkata za Dekemvri i Januari cca 6.000.- .... ima li nekoj idea za poevtino greenje... samo nemojte da mi kazete deka ve gree vruka rakija, ljubovta kon vladata, ili plinot na Rusija! Nesto seriozno, isprobano.... na primer dali ima iskustva 100% greenje so Thermor konvektorite? Ili so Inverter klima uredi?..... Ima li nacinda se zastedi?
najekonomicno greenje ti e so klimi invertor, ama vistinski invertor... ako e panasonik ce kosta 3.5kw okolu 1000 evra... ima 1- kec na kraj od oznakata... ako ima 3 trojka nee toa-toa...
po-ekonomicno ne postoi... definitivno
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Tittanik ти нешто ни вети! Додуша можеби го исполни ветувањето а јас сум пропуштил... се надевам нема да ти биде проблем и да повториш!? Зема ли? Мислам дека кажа си набави од Vaillant инверторите.....И? како работи? Како грее? Задоволен? Ме интересира сега кога зимава е во зенитот! Не како работи во Ноември, сега како?.... Додуша не е многу ладно, но ноќната паѓа под -7-8*Ц....си работи ли добро инверторот? Задоволен? Сметката за струја каква е?....Убаво би било да чуеме и други мислења за тоа како поминуваат сега и со обични клими Hawk 2401 ти ми се чини рече ќе ризикуваш со обична!? Се исплатеше ли ризикот?..... Нема зима? Или?
Да земав.Сега засега сум презадоволен,за парите е одлична. Со неа греам просторија од околу 40 м2 и температурата ја држам на 22-23 степени без проблем.До сега сум немал потреба да користам додатни греалки во таа соба,понатаму ако стегне поладно ќе видиме-климава работи скоро нон-стоп,ја исклучувам само по саат-два во текот на едно деноќие.

За сметките за струја ќе извадам просек кога ќе заврши грејнава сезона пошто тој копукот што треба да го чита саатот не го прави тоа редовно па порамнува нешто и сметките немаат логика ама мислам дека ќе бидам задоволен.
Колку за репер последните две сметки ми се 9000 ден заедно,а користам и уште една обична клима која никако ја немам исклучено последниве 2 месеци + електрична печка 3,5 кв која ја пуштам да акумулира само на ефтина струја,(оваа комбинација ми е за греење на соба од околу 20-и нешто м2 на 22-23 степени) , бојлер нон-стоп уклучен + сите други електрични апарати.

Мојте користат слична комбинација,две клими од кои една инвертер,една обична, плус печка кога е многу ладно,греат 50-55 м2 и сметките за струја ни се тука негде.
Јас кажав еднаш на темава и пак ќе повторам,кој сака да се грее со клима нека си купи инвертер,најслабиот инвертер ќе грее подобро од најдобрата обична клима - ова го кажувам од искуство.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Значи добро грее Vaillant инвертер.... те задоволен си како грее и сега кога ноќните паѓаат до минус 10 степени. Но сметам дека сметката не е баш ниска особено кај твоите кои користат еден инвертор и една клима, ако добро те разбрав и нивната последна сметка е колку твојата? Тоа е сепак многу за клима+инверт...
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Па да тука некаде ни се сметките.
9000 ми се мене за Ноември и Декември заедно,значи по 4500 месечно,ќе видам за Јануар колку ќе биде.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Па да тука некаде ни се сметките.
9000 ми се мене за Ноември и Декември заедно,значи по 4500 месечно,ќе видам за Јануар колку ќе биде.
Да! сега приметив, моја грешка! Не сум разбрал добро! 4,500,- сосема прифатливо, особено кога покрај инвертер и обична клима кои ти се (ако добро разбрав) практично нон-стоп во употреба последните 2 месеци, а вклучуваш на ‘евтина‘ и ТА печка од 3,5 Kw + останатите уреди (бојлер, шпорет, фрижидер...) веројатно не-грејните месеци сметките за ел енерг. кај тебе не паѓаат под 2500 или евентуално 2000,!?
Така да.... да се загреваат квалитетно (како велиш 22-23*Ц...и постојано вклучени) 4,500.- Денари месечно - би рекол е сосема, сосема ОК.... економично мислам загревање на прилично голема квадратура! Така да мислам дека си направил добар дил со набавка на инвертерот....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Некои учесници ја форсираат употребата на инверторите пред обичните клими.
Треба јасно да се каже дека и обичните клими работат исто толку добро како инверторите и се значајно поефтини и поедноставни за одржување.
 
И сега ли, кога температурите паѓаат под дозволеното за климите (-7 -8*С)??? Како знаеме препорачана минимална за климите е -5, ме интересира како работи на -10 да речеме? Еве за два дена прогнозираат и пониски од -10! Верувам и дневните ќе се спуштат и ќе бидат околу или под нулата!?.... Ќе ни биде мило и тоа да го чуеме од ‘душманот на пајак возилата‘.... што клима имаш инаку, колку е моќта нејна? Дали си задоволен, грее ли сега кога е студено квалитетно? Постигнува? Колку квадрати грееш? Каква изолација имаш? Столарија нова? Со термо-стакло или? Можеби си кажал некаде предходно, но би те замолил ако не ти е тешко да повториш! Значи не ме интересира во Ноември како беше греењето.... какво е сега во Јануари!?
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
Некои учесници ја форсираат употребата на инверторите пред обичните клими.
Треба јасно да се каже дека и обичните клими работат исто толку добро како инверторите и се значајно поефтини и поедноставни за одржување.
Топлината што ја оддава инвертерот додека дува и обичниот климатизер е каде каде поголема. Ти гарантирам бидејќи лично сум уверен во тоа.
Имено кај мене во комшии имаат два климатизери Panasonic од кои едниот е инвертер а другиот обичен и двата се со 3.5 Кw моќност. Пред недела дена кога во Битола бесе -10, -16 степени бев кај него и дуваа двете клими меѓутоа дефинитивно инвертерот оддаваше поголема топлина.
Напомена: Двете клими се купени во ист период и се подеднакво редовно сервисирани.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имено кај мене во комшии имаат два климатизери Panasonic од кои едниот е инвертер а другиот обичен и двата се со 3.5 Кw моќност. Пред недела дена кога во Битола бесе -10, -16 степени бев кај него и дуваа двете клими
Oва е вистина... А тоа „ каде каде “ кажувај го за нешто друго.
Ќе ни биде мило и тоа да го чуеме од ‘душманот на пајак возилата‘.... што клима имаш инаку, колку е моќта нејна? Дали си задоволен, грее ли сега кога е студено квалитетно? Постигнува? Колку квадрати грееш? Каква изолација имаш? Столарија нова? Со термо-стакло или? Можеби си кажал некаде предходно, но би те замолил ако не ти е тешко да повториш! Значи не ме интересира во Ноември како беше греењето.... какво е сега во Јануари!?
Се греам четврта сезона со три обични клими, 24 часа на температура 26 степени, цел стан 70 м2. Столарја никаква, пола скапана. Ѕидови, сите фасадни без изолација, полна цигла. Кров, над мене е бетонска плоча. Екстра неповолни услови. Во ови четири сезони никогаш ниедна клима не запрела поради ниски температури. Максимална потрушувачка што досега сум ја имал, заедно со редовната потрошувачка на електрична енергија ми е под 2000 KWh. ( летна потрошувачка меѓу 500 и 600 КWh )
Ова пропаганда за инвертори само придонесува граѓаните да не се префрлуваат на греење со клими - топлотни пумпи и сеуште да купуваат геалки..
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Oва е вистина... А тоа „ каде каде “ кажувај го за нешто друго.

Се греам четврта сезона со три обични клими, 24 часа на температура 26 степени, цел стан 70 м2. Столарја никаква, пола скапана. Ѕидови, сите фасадни без изолација, полна цигла. Кров, над мене е бетонска плоча. Екстра неповолни услови. Во ови четири сезони никогаш ниедна клима не запрела поради ниски температури. Максимална потрушувачка што досега сум ја имал, заедно со редовната потрошувачка на електрична енергија ми е под 2000 KWh. ( летна потрошувачка меѓу 500 и 600 КWh )
Ова пропаганда за инвертори само придонесува граѓаните да не се префрлуваат на греење со клими - топлотни пумпи и сеуште да купуваат геалки..
Не кажа кој бренд се и колку години ги користиш!?
Знаеш сепак треба да и веруваме на новата технологија, а таа ќе признаеш не се применува кај евтините No-name клими, сепак не е исто COP фактор 3 за разлика 5,5-6 кој го има кај инверторите и хиперинверторите! Исто така мислам дека и кај долговечноста и континуираниот квалитет на гререење се разликите во квалитет.... ќе се сложиш дека не е исто бор-машина или шрафилица De Walt, Makita, Hitachi.... со Einhell, IngCoo, или некоја мизерија купена во Еуро тулс! Но како што има купувачи за едното, така има и за другото.... е сега ти ќе речеш можеби дека мачката не е битно каква боја е важно е да лови глувци... дека тебе ти вршат работа обични клими ОК е, и алатка бор машина Einhell ќе избушиш дупка, но и со Metabo исто така? Ама прашањето е колку дупки? Колку квалитетно и брзо? Колку долговечно? Колку чини одржувањето..... и тн.
Имај во предвид дека на прво место е слободата на изборот, има различни целни групи, мислења.... некој сака поприлично да инвестира во скап инвертор мислејки дека иновациите во него и високиот COP фактор ќе му овозможат многу ниски сметки за струја, што пак долгорочно ќе му ја исплати инвестицијата... и можеби е во право доколку машината не е поскапа од 40-50,000.... а некој не мисли така! Затоа не би им замерил на тие што велат Инвертер ДА!
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
Oва е вистина... А тоа „ каде каде “ кажувај го за нешто друго.

Се греам четврта сезона со три обични клими, 24 часа на температура 26 степени, цел стан 70 м2. Столарја никаква, пола скапана. Ѕидови, сите фасадни без изолација, полна цигла. Кров, над мене е бетонска плоча. Екстра неповолни услови. Во ови четири сезони никогаш ниедна клима не запрела поради ниски температури. Максимална потрушувачка што досега сум ја имал, заедно со редовната потрошувачка на електрична енергија ми е под 2000 KWh. ( летна потрошувачка меѓу 500 и 600 КWh )
Ова пропаганда за инвертори само придонесува граѓаните да не се префрлуваат на греење со клими - топлотни пумпи и сеуште да купуваат геалки..
Значи сакаш на сите нас да ни кажеш дека инвертер клима уредите се само еден обичен маркетинг ТРИК?
И дека обичниот клима уред ја брка истата работа?

Срам да им е на Јапонциве што не лажат сите нас!!!

Браво!!!;)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Малку надвор од темата (иако помалку ја допира)..... знаете ли кое е најевтиното греење? Бесплатното греење на Хуго Чавез! :P
http://kajgana.com/hugo-chavez-besplatno-gree-500000-amerikanci
ха-ха-хахахаха ДИЛИНЕА голема е ова стокава од претседател!
Венецуела која годишно вади нафта во вредност од (ми се чини) блиску 1000 милијарди Долари, на листата на мизерија на угледниот The Economist е на второ место одма со Македонија! Толкава пара од нафта, а инфлација у пм. преку 50%!
http://www.time.mk/read/dcd7be429b/2dcba41d9d/index.html
Помага чоеков помага! Кој Магнум него да му помогне!?
Значи, најевтино греење (затоплување) КОД ЧАВЕЗА! :pos:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи сакаш на сите нас да ни кажеш дека инвертер клима уредите се само еден обичен маркетинг ТРИК?
И дека обичниот клима уред ја брка истата работа?

Срам да им е на Јапонциве што не лажат сите нас!!!

Браво!!!;)
Jaпонците не не лажат и не е маркетинг трик. Инверторите се подобри од климите со постојан број на вртежи бидејќи овозможуваат рамномерна регулација на температурата. Но мене ме запрепасти фактот што во една продавница за бела техника кај мене во комшии, на почетокот на грејната сезона, нарачаа 900 греалки ( конвектори ) а само неколку клими. Тие конвектори од 1500 W по цена се колку пола обичен клима уред трииполка што значи колку што чини една обична клима, толку чинат две греалки а вкупната моќност е исти. Со климата ќе се заштеди барем половина од потрошената енергија.
А меѓу граѓаните постои уверување дека обичните клими не топлат и што ти знам јас.. и мора да се купат инвертори, а многу наши сограѓани не се во можност да одвојат толку пари.
Затоа, на сите препорачувам, пробајте ги обичните клими. Или вашите дома или кај ваши пријатели или повелете кај мене дома.
 
Како така бе пријателе.... каде живееш ти? во кој град?
Дојди тука во Битола па да ги тестираме тие твој обични клими наспроти истите такви со инвертер па да видиме какви резултати ке добиеме ........
Прво кога ке падне тоа сињакот обичниот климатизер нема ни да се уклучи....

Доколку не си испробал или видел како работи инвертер на најниски температури те молам не коментирај.

Инаку да многу луѓе неможат да си приуштат да купат инвертер али тоа не е изговор реално да зборуваме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom