мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 23.707
- Поени од реакции
- 31.136
има многу алтернативни горива но мислам да се отвори друга тема за да не ја разводниме оваа многу. и веќе кога сме тука да од кроењето на лозјето се прават доста квалитетни брикети и пелети кои колку што имам разбрано имаат голема калорична вредност.исто така и од крлуштите од комината. па тука е и оризовата арпа. за мали фамилијарни бизниси количините се сосем одлични. па ајде ке го спомниме тука и употребеното масло за јадење и маслото од колите. и двете кога согоруваат целосно во добро конструирана печка немаат видлив чад и не го загадуваат воздухот ништо повеќе од нафтата или мазутот. имам и видено и котли за парно кои работат на талаш( пилевина).Овој твој став вреди пари. Термичката изолација е многу важна. Сите зборуваат дека е важно да се сменат прозорите и вратите, меѓутоа со тоа се занемаруваат главните загуби на топлина низ ѕидовите, подовите и таваните. Предлагам да во овој Форум покренеме дискусија за изолациите.
А и што користиме за греење, дрво и струја. Струјата, скоро половина, е од увоз. Дрвото е добро, еколошко гориво но е скапо и со сегашно користење со индивидуални печки го користиме се низок степен на корисно дејство.
Во Македонија има доста земјоделски дрвени одпадоци ( на пример од кроење на овошјето и лозјата ). Дали има начин и искуство, да се искористат за греење? Да разгледаме други можни горива? Ова го напишав како идеја за размислување, не само за тебе туку и за другите учесници. Дали може некој да пресмета колкава е количина на дрвените одпадоци во Македонија имаод лозјата и овоштарниците?
.
така да ајде отворите нова тема таму ке се расприкажеме.
