Tittanik ти нешто ни вети! Додуша можеби го исполни ветувањето а јас сум пропуштил... се надевам нема да ти биде проблем и да повториш!? Зема ли? Мислам дека кажа си набави од Vaillant инверторите.....И? како работи? Како грее? Задоволен? Ме интересира сега кога зимава е во зенитот! Не како работи во Ноември, сега како?.... Додуша не е многу ладно, но ноќната паѓа под -7-8*Ц....си работи ли добро инверторот? Задоволен? Сметката за струја каква е?....Убаво би било да чуеме и други мислења за тоа како поминуваат сега и со обични клими Hawk 2401 ти ми се чини рече ќе ризикуваш со обична!? Се исплатеше ли ризикот?..... Нема зима? Или?
Да земав.Сега засега сум презадоволен,за парите е одлична. Со неа греам просторија од околу 40 м2 и температурата ја држам на 22-23 степени без проблем.До сега сум немал потреба да користам додатни греалки во таа соба,понатаму ако стегне поладно ќе видиме-климава работи скоро нон-стоп,ја исклучувам само по саат-два во текот на едно деноќие.
За сметките за струја ќе извадам просек кога ќе заврши грејнава сезона пошто тој копукот што треба да го чита саатот не го прави тоа редовно па порамнува нешто и сметките немаат логика ама мислам дека ќе бидам задоволен.
Колку за репер последните две сметки ми се 9000 ден заедно,а користам и уште една обична клима која никако ја немам исклучено последниве 2 месеци + електрична печка 3,5 кв која ја пуштам да акумулира само на ефтина струја,(оваа комбинација ми е за греење на соба од околу 20-и нешто м2 на 22-23 степени) , бојлер нон-стоп уклучен + сите други електрични апарати.
Мојте користат слична комбинација,две клими од кои една инвертер,една обична, плус печка кога е многу ладно,греат 50-55 м2 и сметките за струја ни се тука негде.
Јас кажав еднаш на темава и пак ќе повторам,кој сака да се грее со клима нека си купи инвертер,најслабиот инвертер ќе грее подобро од најдобрата обична клима - ова го кажувам од искуство.