Вчера прв ден греење со климите, огнено крштевање на кочан ладно!
(и бакшиш шега)
Субјективно, климите веднаш направија голема топлотна разлика (субјективно пошто работев и уште ги завршувам работите). Објективно од некои ~10с беа потребни накај 3 саат да се достигнат ~24с. Но и тоа не е објективно, пошто влезната врата повеќе беше отворена одошто затворена, плус имам неколку незатворени или лошо затворени, отвори за вентилација (рекуператор ќе правам на пролет или лето).
Друга работа (лоша) е буката, дефинитивно има повеќе бука одошто очекував. Надвор моите се убедливо најтивките клими на улицата, но внатре вибрациите се пренесуваат и дефинитивно ќе морам гумици (сајлент блокови) да поставам - штом најдам време за тоа.
Дека греат - богами греат, а ќе почнам и да мерам колку трошат.
Инаку, се работи за една Тошиба Сузуми 13ка во дневната соба (~35м2), една Гри Чејнџ 12ка (16м2+9м2), еден Гри Ломо кај родителите (~30м2).
Ti treba posebna tacna pod nadvoresnata, elegantno i eftino resenie koe vo Bugarija moze da se najde za
10tina evra, bilo plasticno bilo od nergosuvacki lim napraveno. Za zal kaj nas vakvi nema kade da se kupat, ostanuva sekoj kako znae i umee da si najde limar koj ke mu izraboti vakva tacna po merka, problemot e sto tacnata tesko se montira otposle so vekje namestena nadvoresna i najdoboro e da se ima tacna pred montaza na klimata.
Nekoe prosto privremno i estetski ruzno resenie imas so inka ili PVC cevki dur ne najdes tacna. Neznam dali ima prevoznici sto vozat Bugarija/Makedonija pa da se naraca da se donese.
Прегледај го приврзокот 135565 Прегледај го приврзокот 135566 Прегледај го приврзокот 135567
Прават вакви работи лимари. Мене пред скоро време мајстор Зоки ми донесе една ваква “тацна“ (корито е поточен назив).
Солидно изработена изгледа, од овдешен лимар. Треба да го викнам Зоки да го намонтира, кога ќе може - па ќе сликам и ќе споделам фотографии, и искуства.