- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.654
- Поени од реакции
- 7.500
Дел од вината за почести дефрости претпоставувам(бидејки не се гледа убаво) има лошата местоположба на климава а другиот дел во којшто нешто може да смениш е да ја пратиш како работи при магла и поладно па со менување на зададена Т и брзина на издув дали ке има одложен дефрост. Како пример со зададена 30 ке имаш почест дефрост од зададена 21/24.
Околу местоположбата, монтирана е така да издувот е насочен вероватно спрема спротивниот ѕид од балконот(доколку има ѕид отспротива). Прашањето е колку метра има помеѓу климата и спротивниот ѕид од кој што може да се одбива издуваното што пак не се гледа од сликата но претпоставка е дека е не повеќе од 2 до 3метра што е премалку т.е преблиску па климата ти дише од тоа што го издувала. Издуваното се одвива од зидот и се враќа назад према климата, горе имаш и носач па полузатворена е терасава и воздухот стои. Летно време вероватно не се ни излегува на балконот од што е претопло....аналогно на тоа зимно време температурата на терасата ке ти биде поладна од температурата надвор. Избегавајте ваква монтажа само за да ви стои покриена климата и со тоа се заштити ако балконот ви е мал, ем балконот ке го уништите а многу подобро ќе работи и поефикасна ке биде ако дува према надвор, тоа што ке ја врне не и смета, може и да се покрие а секако се предидени за надворешна монтажа па имаат заштита од вода/дожд.
Од ваква монтажа бенефит има само монтерот, нит треба да виси и дас е витка, све му е тука на дофат на рака и плус штеди на бакар, само за вас нечини.
Последно уредено: