Најекономично греење и ладење

Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Blagodaram najvece na STRELEC za podatocite za Mitsa FH35VE, pa mesto edna zemav dve MITSUBISHI FH35VE
Se nadevam ne sum pogresil, zosto ne mi se rizikuvase so VIVAX ili so GREE dali ke e toa TOA ili NE.
A i Montazerite bea super decki(pozdrav)
Прегледај го приврзокот 128669 Прегледај го приврзокот 128670 Прегледај го приврзокот 128671
Cestito neka ti e, normalno deka ne si zgresil
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
390
Поени од реакции
206
да се пофалам и јас порачав
http://hr.vivax.com/VIVAX-COOL-klima-uredjaji-ACP-12CH35AECI-inv-35-kW-464.aspx
цена и монтажа 31500
голема благодарност до сите кои ми помогнаа во одлуката посебно Стрелец и Стрелец80
со план сум и едно панелче да набацам ама за тоа не ве замарам сепак се мали пари во прашање (ама секој доброволен совет е со задоволство прифатен).
Ви посакувам на сите топла зима со температури не поладни од -10 :)
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
јас мојата ја пуштив на греење уште пред една недела по тие дождовите да ја спремам за новата сезона, на надворешна 17 растураше од греење :D
до душа кај мене и ретко кога паѓа под нулата, со најчурук клима сум од сите вас а немам никаков проблем цела зима
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
јас мојата ја пуштив на греење уште пред една недела по тие дождовите да ја спремам за новата сезона, на надворешна 17 растураше од греење :D
до душа кај мене и ретко кога паѓа под нулата, со најчурук клима сум од сите вас а немам никаков проблем цела зима
Не си нормален :))) ama imas like(y)
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Не си нормален :))) ama imas like(y)
вистина е ова што го пишав не ве лажам
до душа во собата беше 23 за 6-7 мин. дигна на 25 и ја исклучив
денеска и утре ќе треба пак на ладење да ја префрлам гледав сношти на прва Глигор кажува 37-38 за Гевгелија[DOUBLEPOST=1442471566][/DOUBLEPOST]
Остај го ти него, он и да прдне ќе се стопли :)
едно време пред 3-4 год. кога копав биткоини цела зима се греев со 3-4 графички, по најладното не паѓаше под 18 во таа соба кај што ми е климата сега(20м2)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
За другата соба и не очекувам да ја грее ќе ја греам со панелка, само ме интересираше дали воопшто е можно да се чувствува и таму топлина колку толку.
Со постојано отворена врата очекувај разлика на температура на воздух од 7-8 степени. Но предметите во собата, посебно надворешните ѕидови ќе бидат и уште поладни и повеќе од можно е да ти се јавува кондензација - а со тоа и мувла.
 
Член од
14 септември 2015
Мислења
9
Поени од реакции
1
Таа клима што ја посочи кога работи со полн капацитет оддава шест киловати топлина на -10 степени надворешна температура. Значи исто како термопечка 6-ка. Дали е предимензионирана зависи од топлинските губитоци на просторијата. Види со што е порано греена таа просторија и на која температура и направи груба калкулација колку енергија е потребно за да се добие таа температура. Така можеш да видиш дали е соодветна оваа клима или ќе е доволна некоја послаба или пак ќе треба појака.
Што се однесува до пресметката, таа е, но не значи дека и кај тебе ќе излезе истатата. Повторно зависи од топлинските загуби на просторијата...
Taa prostorija (45 m2), lani ja greev so kamin na drva I trosev okolu 8 kubici drvo. Termo pecka od 5 kW nema sansi da ja zgree taa prostorija na 24 stepeni, ednas probav I morav da ja pregradam dnevnata od trpezarijata. Se razbira, preku noc go polnev termoto na eftina, taka da do 14 casot toa vece ladno. Strav mi e klimata da ne mi trosI 5 do 6 iljadi struja, togas nisto ne sum napravil, em klima 104 000 denari, em astronomska smetka za struja.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Jaс па сум слушнал дека некој и со сијалица можел да си го загрее станот. Наводно најважен фактор била изолацијата, односно топлнотните загуби... ;-)

Затоа џабе биле споредби на квадратури на простор, без детално да се споредат и топлотните загуби.
Или како што ни покажува една посликовите паралела, Мајк Тајсон и Шаше Политико не може се споредуваат по килажата, туку само по притисокот во килограми, што можат да го направат на квадратен сантиметар... :P
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
@Vanlok што направи со твоjaта Change клима ја монтира ли, или чекаш да залади малку,
и ти фати од последната пратка, мислам дека повеќе не ја носат таа клима
ќе има ли разлика во греењето од оваа новата ломо до чангето што мислиш
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Хахаха @yamaha10 интересно, како да знаеше дека баш денес договарав со Зоки за монтажа на Чејнџот. :)
Да, јас заглавив со доградбата ама ете конечно дојде ред и за климите да се монтираат. Ако биде се како што треба, годинава конечно греење со клими во доградбата.

Ќе се читаме овде со извештаи за потрошувачката. Треба да набавам и мерач за потрошувачка, цела година ги чекам тие од Анхоч да донесат од од тој повеќемината што го користат на форумот (и никако да донесат). Штета баш сакав истиот тој мерач да го земам, голема корисничка база е предност. ;)
Ако некој овде има предлог за солиден мерач на потрошувачка, ќе му бидам благодарен.

Во врска со новите модели на Гри, не знам што да кажам. Всушност не можам ништо да кажам ни за стариов модел - додека не почнам да го користам.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
@Baratel Можеш и сам да си направиш приближно точна пресметка за загубите бидејки си го греел претходно просторот. Многу работи се непознати за некоја точна пресметка за твоите загуби од тоа каков е каминот(искористеност), со какви дрва е ложено, колку часа дневно е ложено итн.
Накратко кубиците дрва ги претвараш во топлинска енергија, зимаш процент од неа како реална предадена енергија од печката во просторот и тоа го делиш со број на денови и часови во кој си ја искористил таа некоја реална топлинска енергија но за најладниот период од зимата.
Рече си трошел 8м3 (претпоставувам за цела зима)

1м3 бука=2500 Kw/h топлинска моќ (ова е за идеално 15%влажни дрва, сушени преку лето....реално дали имаат и 2000Kwh све зависи од квалитетот на дрвото.....за дабoт е мислам 1800KWh)

8(м3)x2500=20.000 Kwh вкупнa теоретска топлинска моќ на располагање

Искористеноста на ова вкупна топлинска моќ односно предадена т.моќ од печката во просторот кај обичните (без секундарно согорување) печки/камини тука поискусните со овој вид греење ја зимаат 30-50% , све друго од тие теоретски 20000Kw иде со димот низ оџакт па у небо.
Пример ако земеме да печката има 40% искористеност, од 20000 тоа се 8000 Kwh реална вкупна т.моќ што печката би ја предала во просторот како топлина.

Со претпоставка дека пола од оваа вкупна топлинска моќ т.е 4000 си ги потрошил во најладните 2 месеци дек/јануари (тоа го знаеш самиот како си трошел) подели го 4000 на број на денови*часови ложење ке добиеш колку енергија ти било потребно на час во тие 2 најстудени месец
За 15часа дневно греење си трошел 4000/(60*15)=4.5Kw т.енергија/час
Ако си греел просечно 10часа тогаш 4000/(60*10)=6.7KW

Ова ти е одприлика поресметка колкави загуби на час имаш во најладните месеци со идеално квалитетни букови дрва (2500кw) и просечно квалитетна печка/камин земена со 40% искористеност.
Последнава зима и небеше толку ладна па и тие 8м3 што ги наведе прашање е колку се реална потрошувачка за сезона и колку м3 дрва би трошел во поладна зима. Најдобро ако знаеш колку трошиш дневно дрва во килограми ама во најладнните денови и тоа ти се максимални губитоци за просторот, зошто има и податоци по килограм кое дрво колку т.енергија има пример за 1[kg] бука или даб.
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
Taa prostorija (45 m2), lani ja greev so kamin na drva I trosev okolu 8 kubici drvo. Termo pecka od 5 kW nema sansi da ja zgree taa prostorija na 24 stepeni, ednas probav I morav da ja pregradam dnevnata od trpezarijata. Se razbira, preku noc go polnev termoto na eftina, taka da do 14 casot toa vece ladno. Strav mi e klimata da ne mi trosI 5 do 6 iljadi struja, togas nisto ne sum napravil, em klima 104 000 denari, em astronomska smetka za struja.
Ti razmisluvas za visoka klasa klima i 5-6 iljadi moze da ti potrosi samo ako fatat debeli minusi, nakaj -15 nedela dena da drzi. Moja pretpostavka e prosek od okolu 3000-3500 mesecno, za cela sezona 15000-18000 za greenje.
Jas gream 42m2 (podeleni vo dve prostorii) i prosecna potrosnja na klimata ja racunam okolu 2000-2500 mesecno. Normalno na jaki minusi ide i do 3500-4000 no samo eden mesec e toa. Proslite dve sezoni vkupno bese okolu 11-12000 za greenje (so normalna izolacija, nova zgrada).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Taa prostorija (45 m2), lani ja greev so kamin na drva I trosev okolu 8 kubici drvo. Termo pecka od 5 kW nema sansi da ja zgree taa prostorija na 24 stepeni, ednas probav I morav da ja pregradam dnevnata od trpezarijata. Se razbira, preku noc go polnev termoto na eftina, taka da do 14 casot toa vece ladno. Strav mi e klimata da ne mi trosI 5 do 6 iljadi struja, togas nisto ne sum napravil, em klima 104 000 denari, em astronomska smetka za struja.
На ова веќе ти одговори @Strelec. Дали му е пресметката точна, тоа можеш само ти да кажеш, зато што пресметуваше со неколку непознати кои тебе ти се познати. Но ако е ова точно
Ако си греел просечно 10часа тогаш 4000/(60*10)=6.7KW
тогаш климата нема да има капацитет да ја згрее просторијата. Инвестирај ги парите во изолација.
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
22
Поени од реакции
25
Здраво на сите ...
Најдов нешто многу интересно ( ново) економично греење незнам дали се има дискутирано на темава ама сакам малце да продискутираме околу ова...
Продуктот се вика Air to Water Heat Pump - Inverter
Се работи за водна пумпа која работи на база на инвертер, колку што разбрав се состои од надворешна единица (исто како инвертер клима) и внатрешна единица нешто како бољер.
Според напишаното троши многу малку зависи колку киловати а ги има од 3,5 до 35 а може и повеќе, таа од 3,5kw троши нецел киловат (760W- 1000W) зависи од енергетската ефикасност , работи на работна темепратура до -25 а со неа се добива следното :
1. Греење на радиатори или подно греење до 60 Ц
2. Топла вода за цела куќа или стан
3. Ладење преку лето ( со поврзување на внатрешни единици клима ) за веќе постоечката надворешна единица

Значи со еден систем добиваме 3 работи (3во1 Нескафе) хехе
Со овој систем значајно би се намалиле сметките за струја, би обезбедиле топла вода 24/7, климатизација во лето и греење на цел дом во зима.. Мн интересно
На сликита го има прикажано системот:
dekstop.jpg
А вака би изгледала надворешната и внатрешната единица:
zz.jpg

Целиот систем изгледа како многу добра инвестиција за цел живот , доколку би се продавало во Македонија како нешто ново сигурно би имало висока цена ако има некоја повеќе инфо за ова или доколку некој има инсталирно би ве замолил да продискутираме ...
Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom