@strelec80
Имам 18ка мултисплит (12+9) за 16 и 9м2 па ке ти одговорам од мое гледање на работите.
Мултисплитот го прават у некоја А енергетска класа, значи GEEI или Change варијанта.
Прашањето за инвестицијата...ако идеш со Vivax/Gree варијанта опремата ке те фати ИСТО како да купиш 2 12ки од истите марки. Таква 18ка во Грее варијанта кошташе лани околу 45000надворешната без монтажа, цената на внатрешните (зависи што ке избереш) имаш од 8000 за9ка Cozy до 15000 за каналска, во Вивакс варијанта треба да е и поефтино. Ако размислуваш за Тошиба Митсубиши или такво нешто цените се многу повисоки. Пример 12ка каналска внатрешна во Гри варијанта е 300еу а во бренд варијанта е 600еу, нема логика да е толку скапо, внатре сем вентилатор и водна пумпа другото е лим и кукиште, нема никаква врвна технологија од типот на компресор или незнам што за да кошта дупло.
Цената на монтажата е исто битна затоа што кај мултисплитот внатрешните(бакарот) може да се влечат за 18ката до 30 или 50метри во должина, 1м бакар е негде 10еу. Може да имаш и надополнување на фреон ако се премине должината до која нетреба дополнување.Така да зависи од должината каде треба да се монтираат внатрешните.
Разликата меѓу 7ца и 9ка од исти тип дали е 1000ден така да не размислувај за тоа, од повеќе KW снага внатре нема зијан, внатрешните и така не трошат, земи си две 9ки. Како опција може и една цела 18ка ама каналска како внатрешна да земеш па од неа со вентилациски црева и решетки да однесеш воздух во 2те спални па дури и во 3та соба

Така ке имаш помалку бакар за 1 внатрешна, но пак ке те фати исто заради цревото и решетките.
Е сеа за митот дали е попаметно/поефтино 2 клими или мултиспллит.
Мултисплитот позитивно има:
- една монтажа на надворешна наместо 2
- една единица за годишно сервисирање
- еден компресор за замена и сервис
- и најбитното, многу повеќе фреон во системот
За потрошувачката....
Троши како и било која 18ка од таа класа вероватно околу 700/800W у ладни денови. Е сеа, дали две 9ки вкупно би трошеле 700 до 800W односно просечно по 300-400W секоја посебно? Која марка клими и да ја гледаш секогаш помала потрошувачка има поголемата единица(18ка) од 2 помали со вкупно иста снага (2x9), значи за да ти трошат помалку двете 9ки треба да земеш две посебни Тошиби или Митси а 2 такви некоштаат заедно 1000еу.
Помалите знаеш и дека ке имаат многу помал изменувач, почести дефрости, послаби компресори, помалку фреон и поспоро ке постигаат и одржуваат Т па и повеќе ќе трошат. За примарно греење секогаш подобра е да се земе габаритно поголема единица.
Како стартна инвестиција мултисплитот е голема инвестиција, но ако почнеш со една 12ка пример како што е чест случај тука, па после земеш втора па трета....нема шанси 2 или 3 да трошат исто или помалку од мултито, а инвестицијата пак на крајот ке фати исто само што така е на 2-3 рати поделена.