Не, не сум во можност да останам таму толку време а воедно и набљудувам работата на истата. Вратата кон останатите простории беше затворена.
Ајде, кажи ми да ти кажам

За клима која примарно ќе ја користам за греење за ~1000 евриња, мојот став е:
1. MSZ-FH35VE - личен фаворит, топ класа на Митсу со супер карактеристики и задоволни потрошувачи. Ме двоуми фактот дали ќе ми биде доволна за моите ~35m2.
2. Ако ја баталиме таа, следен логичен и “побезбеден“ избор (од страна на финансиски и тех. карактеристки аспект) е RAS-16N3KV2-Е.
3. А во случај ако си екстра параноичен и обмислуваш стотици сценарија и шо не, би ја избрал необјасниво и веројатно непотребно поскапата RAS-18N3KV2-Е.
Земено дека се што разгледувам последниов период е околу FH35VE, знам дека си барам оправдување како би ја купил баш таа. Ама од друа страна никако не може да престанам да се сомневам во тоа дали ќе ми биде доволна, па без разлика на колку форуми читам, постирам, правам пресметки за загуба, и што не.
Ова последното беше нешто како disclaimer дека проблемот си лежи чисто во мене, и секоја чест на сите оние кои помагаат нонстоп со совети информации и воедно да трпат такви како мене.