За
@matej2007 и други кои размисллуваат за купување клима ке дадам троа информација за една марка/бренд кој не е спомнат во темава од причини што го немало во продажба. Случајно открив дека може да се најде и кај нас за цени кои човекот по телефон ми ги кажа:
530еу 3Kw,
650eu 3.5KW i
SCOP=4.7 како и 950еу за 18ката (мислам за Nexya) со SCOP=5.0 па решив да споделам тука информации не како реклама туку заради цената и моја претпоставка (која немора да е точна) дека се доста квалитетни инвертери.
Како дојдов до нив...
Сурфајки по рускиот
форум со расклопени инвертори (форумот го знаете го имам постирано порано на темава) во очи ми паднаа 2 расклопени инвертора на
OlimpiaSplendid италијанска марка. Битното што се заприметувва е дека и двата инвертора се со квалитетни компресори,
едниот со Тошибин вториот со
Sanyo компресор. Оценката и на русинот е дека се многу добри клими за цената, но тоа вероватно се модели од порано 2012 или период пред тоа (постовите се од 2013та).
Човекот со кој зборував а го најдов
тука ме убедува дека моделите што сега се прават (или тука ги имаат) биле сите со Mitsubishi компресори?!. На тој негов одговор му побарав сервисни упатства да ми испрати за Qi моделите, каде би пишувало каков компресор имаат машините, за жал добив само PDF кој е некој вид сервисно за Mimetico моделот кој овде кај нас незнам кoлку би бил популарен но го оставам како атач да го разгледате.
По некоја логика ако ставале квалитетни компресори во 2012/2013 зашто тоа не би го правеле и сега со уште подобри Mitsubishi внатре.
Инаку Mimetico и Unico се уникатно смислени инвертери наменети за средини кај што е забрането монтажи на бели клими на фасади, Миметикото се лепи за фасадата, зима воздух од горе го фрла доле и предниот дел може да се обои со иста боја како фасадата, додека Униko е инвертер кој нема надворешна единица, целиот уред е внатрешен, на фасада се отвараат само 2 отвора.
Цените горе се однесуваат за Qi моделот ili Mimetico(скоро исти им се цените).
На лагер имале само 3KW модел но ако се порача можеле да донесат било која од климите "дури" за 20дена на што се насмеав
Што друго да кажам како за крај и некој заклучок, климиве се вероватно солидни и со квалитетни компресори но се непознати и неиспробани кај нас, дали и како греат кој ги знае, може има негде по форумиве напишано некое искуство со нив, фирмава што ги има многу скромно ги нуди кај нас со GPS да ги бараш, имаат и во скопје некоја канцеларија во Центар може да се распрашате таму подетално инаку седиштето им е во Прилеп. Ако некој се реши за ваква клима би било интересно да се види како работи и колку троши итн.