- Член од
- 29 август 2019
- Мислења
- 1.259
- Поени од реакции
- 3.006
Дискутирани се овие мерења повеќе пати уназад на форумов... и јас сум прикачувал споредба на графиците од овие тестови баш за Mitsu LN25 Nordik спрема Gree Amber 09 NordikНе сум паднат од Марс. Во еден од претходните постови имам објаснето. Куќа, подот на земја, бродски под со 10см изолација и плус ламинат врз него. Таван трска со тервол врз него, на висина од околу 2.7м. Климата работи нон стоп на 21/22. Сега ти станува полека јасно зошто разликата е толку мала и зошто секогаш кажувам дека тоа е во услови кои владеат во просторт каде е поставен. Во еден од претходните постови имам поставено и пресметани топлински загуби на истиот простор. Инаку, ако се навратиш на постот ќе видиш дека таа Т во просторијата е мерена на околу 4м далечина дијагонално, на висина од 1.2м, додека климата работи и воздухот струи. Значи никако не е изложен директно на издувот. За издувот имам грешка. Подоцна откако ми беше укажано проверив и излезе дека на 5та брзина издувот е 730м3, а 800м3 е на турбо. Мислам дека баш ти ми укажа на тоа.
Не се работи за тоа. Јас само кажувам податоци како што ги гледам. Целта е да изнесуваме точни податоци за да знаеме при некое идно купување која клима како работи и да можеме да направиме вистински избор согласно потребите. Ниту бранам некој бренд ниту пак сакам да кажам дека еве тоа што јас сум го купил е најдоброто оти ете јас сум го купил. Во постот шо го напишал филипинец, недостасува уште да ми каже директно во лице дека лажам.
Шо се однесува до греачите, тој во тацната е 100в и се уклучува кога Т е под 0, а на компресорот се става дополнително. И да, имаат голема улога во работата на климата на ниски Т. Финци имаат направено мерења, ако ги најдам ќе ги ставам тука, само беа за амбер нордик 9ка.
Јас не велам дека амберов е подобар од тие јапонците од 90000 бидејќи не е. Ама е и скоро 50% поевтин и моќен. Она што се обидувам да го разберам е дали може да биде добар избор во споредба со оние другине јапонци кои се некаде во ист ценовен ранг со него. Многу добро знам кои маани ги има, а кои му се добри страни.
Досега изнесував и така ќе продолжам само вистински податоци, без филување и лажење бидејќи тоа не е во интерес на никого,. Можеби некаде сум згрешил, не велам не, ама да ми кажуваш дека лажам ....
Автоматски споено мислење:
Еве најдов мерења направени во финска, за мицубиши, тошиба и амбер. Сите се 9ки и сите нордик верзии.
Би замолил некој од членовите кои се стручни на темава малку да ни ги протолкува. Мислам дека ќе биде во интерес на сите.
Не ни мораш да си преведуваш од Фински, сецни и стаи ги во еден PowerPoint графициве да се поклопуваат и мотај напред/назад слајдовите да ти падни во очи разликата...
Запази, некои од графиците одат до 8ка по Y оска
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
p.s. на Финциве COPот не им се качил над 4 коа ја мереле 9ката Amber Nordik... а кај Mitsu-то забегал над 7.5
p.p.s да не го спомињам COPот 1.2 коа ќе уклучи нуклеарната фисија на -30С
А еве ти и графикони со споредба на топлотен коефициент за Амбер 9ка и Митсу 25ка
Црвената линија е измерен топлотен коефициент
Плавата е заокружена вредност
![]()
![]()