Smrt za zoni i pajak voz-moze malku poveke da mi kazes, dnevnata e 20 m2, vkupno so se cela potrosuvacka mesecno kolku bi idela smetkata za struja i kakov model koristis ti
Јас имам три обични клими 3,5. Станот е 70 м2 - трособен, значи во секоја соба имам клима, а кујната се затоплува со „ со отворени врати “ или со инфра - греалка. Станот нема посебна изолација, дрвенаријата е стар се наоѓа на најгорен кат, под рамна тераса, нема заеднички ѕидови со соседите - што значи е максимално оптеретен
До летото 2012 односно пред регулаторна да ја укине дневната ефтина тарифа и со тоа ја поскапи струјата за 30% сите три клими работеа нон-стоп. Од тогаш, нон-стоп работат две клими, а третата ја вклучуваме по потреба. Демек „ штедиме “ не затоплувајќи една соба. Ова „ штедење “ ја намали потрошувачката на струја, во количина, за приближно 20%.
Значи во моментов затоплуваме околу 50 м2 нон-стоп со две клими.
Последна сметка од ЕВН е за периодот од 09. 11. до 11.12. 2013 и во тој период вкупно се потрошени 563 KWh по висока тарифа и 634 KWh по ниска тарифа за што е платено 5748 денари
Пред неа сметката е за период 10. 10 до 08. 11. 2013 кога се потрошени 303 KWh по висока тарфа и 421 KWh по ниска тарфа, за што е платено 3411 денари
Пред неа е сметката за период 11. 09. до 09. 10. 2013 кога е потрошено 245 KWh по висока тарифа и 378 KWh по ниска тарифа за што е платено, 2904 денари
А наполно летна сметка е пред неа за период 14.08 до 10.9 2013, кога се потрошени 300 KWh по висока тарифа и 305 KWh по ниска тарифа за што е платено 3031 денар
Ова година почнавме да затопливаме веднаш по први октомври кога нагло паднаа температурите
Но оваа потрошувачка се повторува и во претходната година
За период 09.11. до 10. 12 2012 потрошени се 580 KWh висока тарифа и 721 KWh ниска тарифа
за период 09. 10 до до 08. 11. 2012 потрошени се 304 KWh висока тарифа и 419 KWh
Да резимирам:
Ви сте набавиле клима со која можете да затоплувате многу повеќе од 20 м2. Вклучете ја и затоплувајте и поголем простор со отворени врати. Следниот месец точно ќе знаете колку климата троши. И таа потрошувачка секоја година ќе се повторува за соодветните месеци.
И не се грижете - Вие сте одбрале во моментов најекономично затоплување. Следна ефтина можност е огревно дрво, затоа следете ги и постовите околу затоплувањето со дрво