Најекономично греење и ладење

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
За таванско греење никој ништо не спомна!? Вреди ли нешто тоа? Не ми е логично многу. Подното да, ама таванското!? Знаеме физика, ама сепак некои го употребуваат. Има ли такви?
прв пат слушам али ако станува збор за греење онда е тотална утка.. ЗАШТО многу едноставно... ладниот воздух паѓа доле топлиот воздух оди горе... па според ова 100 пати подобро да ставиш подно отколку таванско !!! мислам дека џабе дадени пари ке биде тоа
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Гледам стана збор за геотермални пумпи, ај малце појаснување.

Значи вака, топлотните пумпи или чилери (ако ладат) се во суштина исто што и климите.

Се делат на
- Воздушно ладени топлотни пумпи
- Водено ладени топлотни пумпи или популарно наречени геотермални

Воздушно ладените топлотни пумпи/чилери се нешто што е докажано и функционираат одлично.

Добри страни:
- висока енергетска ефикасност, обично 1:3 е односот на вложена/дадена енергија
- чисти се во поглед на користење оти работат на струја ( нема дрва, ќумур, нафта да се занимаваш и валкаш со тоа цело време)

Лоши страни:
- работат до -15, а некои до -20 C степени, колку повеќе паѓа температурата толку им опаѓа ефикасноста, оптимална надворешна температура им е -5

Водено ладените топлотни пумпи (геотермалните) имаат уште поглема ефикасност од воздушно ладените, затоа што работат на уште пониски температур

Добри страни:
- висока ефикасност, нешто поскапи од воздушно ладенитe, но работат одлично на многу ниски температури, затоа што температурата на земјата веќе на неколку метра е 10 C

Лоши страни:
- премногу зависат од бунарот, неговата количина на вода и квалитет на водата, и од искуство на изведени исталации, треба интервенција за да работат, менување на филтри, па и пумпи

И најдобриот ситем на топлотни пумпи, а воедно и најскап е водено ладени со затворен систем.
Цел систем од цевки се поставува во земја и во зависност од потребната снага се користи и соодветна должина на цевки.

Добри страни:
- системи со најголема ефикасност и функционираат одлично, на било какви температури, и кога ладат и кога топлат

Лоши страни:
- цена

За овие истаталации потребно е добро инженерско искуство, дури и во Фонко немаат баш, иако ги произведуваат.

За да имате претстава, систем со водено ладена топлотна пумпа со бунарска вода и плус 3 колектори, греаат во зима 250 m2 куќа за 6000 денари месечна сметка, а лади во лето за нешто помалку.
Цена на таков систем е отприлика 20.000 еур.
водено ладената била МАЛКУ ПОСКАПА од воздушно ладената? стварно малку...

второ што ми запна во око е висока енергетска ефикасност од 1:3 велиш... ако е 6.000 денари за греење на куќа од 250 квадрати тогаш тој однос би требало да биде 1:10 а не 1:3 за да може да биде за тие пари греење на 250 квадрати.

под земја кај нас не е 10 степени, поготово не на длабочината на која се поставува затворен систем со цевки како што фонко прави. на таа длабочина од околу 10-15 метри температурата е околу 6-7 степени. на 40-50 метри е околу 8... и готермалната пумпа, нај правилно се поставува со бушотина од минимум 150 метри длабочина до 250 метри длабочина, нешто што кај нас неможе да се направи, бидејки никој нема да внесе толку скапа машина за бушење на толкави длабочини за да продава 5-10 геотермални пумпи годишно... и тогаш цената со таква бушотина има да биде огин. а и сегашната која ја спомна дека е 20.000 евра, е прашањ ена време ког и дали ке се исплати, бидејки тековните одржувања се исто така доста скапи.

на крај, предлагам модераторот да отвори нова тема со наслов ГЕОТЕРМАЛНИ ПУМПИ или слично нешто, и да ги издвои овие неколку постови бидејки осекам дека ке има добра и квалитетна дискусија, полна со податоци и информации...

п.с. фонко не ги произведува геотермалните... само им лепи лепенки фонко...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Најмногу енергија човек троши на енергија и секс. Ако ви е за затоплување на трети лица: повеќе зборите и дејствујте... Ако ви е за лично затоплување, не зборите и не давајте!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
прв пат слушам али ако станува збор за греење онда е тотална утка.. ЗАШТО многу едноставно... ладниот воздух паѓа доле топлиот воздух оди горе... па според ова 100 пати подобро да ставиш подно отколку таванско !!! мислам дека џабе дадени пари ке биде тоа
тоа таванско греење го измислил комшијата што живее над него.....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
водено ладената била МАЛКУ ПОСКАПА од воздушно ладената? стварно малку....
Пумпата е малце поскапа, но целата инсталација повеќе.

второ што ми запна во око е висока енергетска ефикасност од 1:3 велиш... ако е 6.000 денари за греење на куќа од 250 квадрати тогаш тој однос би требало да биде 1:10 а не 1:3 за да може да биде за тие пари греење на 250 квадрати.
1:10 е во однос на класично греење на пример со нафта, затоа што претходно човекот трошеше 7000 еур за нафта во сезона, а сега некаде 700 еур струја.
1:3 е однос на потрошен киловат струја спрема добиени, што значи за 1 киловат струја добиваш 3 киловати топлотна енергија, исто како кај климите.

Тоа значи дека 20.000 еур инвестија ја исплаќа за 3,5 години.

под земја кај нас не е 10 степени, поготово не на длабочината на која се поставува затворен систем со цевки како што фонко прави. на таа длабочина од околу 10-15 метри температурата е околу 6-7 степени. на 40-50 метри е околу 8... и готермалната пумпа, нај правилно се поставува со бушотина од минимум 150 метри длабочина до 250 метри длабочина, нешто што кај нас неможе да се направи, бидејки никој нема да внесе толку скапа машина за бушење на толкави длабочини за да продава 5-10 геотермални пумпи годишно... и тогаш цената со таква бушотина има да биде огин. а и сегашната која ја спомна дека е 20.000 евра, е прашањ ена време ког и дали ке се исплати, бидејки тековните одржувања се исто така доста скапи.

на крај, предлагам модераторот да отвори нова тема со наслов ГЕОТЕРМАЛНИ ПУМПИ или слично нешто, и да ги издвои овие неколку постови бидејки осекам дека ке има добра и квалитетна дискусија, полна со податоци и информации...

п.с. фонко не ги произведува геотермалните... само им лепи лепенки фонко...
Под земја кај нас е 14 степени, и поголемиот број на информации ти се грешни. На пример за бунарски систем бушењето е некаде 15 метри макс, а кај затворен систем цевките се спуштаат некаде на 30 метра.

Фонко не ги произведува, се произведуваат во Кина, нормално, но сепак се нивни бренд.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
прв пат слушам али ако станува збор за греење онда е тотална утка.. ЗАШТО многу едноставно... ладниот воздух паѓа доле топлиот воздух оди горе... па според ова 100 пати подобро да ставиш подно отколку таванско !!! мислам дека џабе дадени пари ке биде тоа

И јас исто така мислам дека е утка. Го има комшијата 2-3 години. во иста големина станови мојата сметката за потрошена ел. енерг. (со конвектор и термо 5-ка) за 5 месеци грејна сезона е од 3000,- до 3,500.- додека неговата е од 5,000,- (Октомври, Ноември, Март) па во најладните месеци (Дек. Јан.) му оди сметката и блиску до 8,000,- Ама вели дека и ходникот му е топол (и таму има тавански панели).... Тоа ќе да е! Не е тоа што ја намали мојата сметка од 4,500 до 5,000,- што малку изреновирав - нова надворешна столарија, обложување на надворешниот зид со Кнауф под кој има 10цм УРСА-тервол, блиндор врата со извонредна термоизолација... До ходникот негов било! Влечел струја тој. А екстра бонус била цената на таванските панели!!! Кога ми предложи да ставам, ми се сврте во глава. Десетина панели колку што е потребно за загревање еден просечен стан = 1,000,- Евра! Два конвектора Ваилант 180 Евра. Многу позагреан станот и помала сметка за струја.... Таванско греење - тешка превара ќе да е. Мислев дека некој ке каже спротивно, ама тоа е. Убаво кажа некој овде - таванско греење го измислил комшијата што живее кат над тебе! :pos2:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Пумпата е малце поскапа, но целата инсталација повеќе.

1:10 е во однос на класично греење на пример со нафта, затоа што претходно човекот трошеше 7000 еур за нафта во сезона, а сега некаде 700 еур струја.
1:3 е однос на потрошен киловат струја спрема добиени, што значи за 1 киловат струја добиваш 3 киловати топлотна енергија, исто како кај климите.

Тоа значи дека 20.000 еур инвестија ја исплаќа за 3,5 години.

Под земја кај нас е 14 степени, и поголемиот број на информации ти се грешни. На пример за бунарски систем бушењето е некаде 15 метри макс, а кај затворен систем цевките се спуштаат некаде на 30 метра.

Фонко не ги произведува, се произведуваат во Кина, нормално, но сепак се нивни бренд.
друже... бев на обука за бушотини ви шведска, поточно стокхолм. кратко траеше, ама таму геотермалните пумпи се користат уште бааги пред кај нас воопшто некој да спомне... така да пресметкиве не се баш на место... и не се 14 степени кај нас под земја... 8 се... сега може да се напрегаме дали се 14 или 8 до сабајле... јас тврдам дека се 8 ти тврдиш дека се 14.. тоа му доага исто како БЦ вели скопје 2014 кошта 200 милиони а грујо вика не, тоа кошта 80 милиони и нема никаде реални докази. за секој линк што ке го извадиш како доказ јас ке ти најдам контра доказ...

затоа, батали тоа, туку ај да речеме дека си во право дека се е така со пресметките и температурите, сепак останува инвестицијата која велиш дека е 20.000 евра... нели е тоа прескапо за наше поднебје? и велиш 700 евра струја така? јас гарантирам дека кука од 250 квадрати, добро изолирана ке потроши толку а може и помалку со КАНО систем кој како инвестиција со се радијатори и цевки и работна рака не проага повеке од 3.000 евра за цел објект... а само системот е помалку од пола од таа цена? кај се 20.000 евра до овде? ај на оние 3.000 евра додади уште 1000-1200 евра за клими да се лади летно време пошто нели геотермалниот систем целосно нуди и ладење... знам јас дека на нафта е огин скапо греењето... не компарирај само со нафта...
 
Кано систем немам видено во работа, а и не познавам некој кој има инсталирано, така да треба референца за тоа да имам од некој што има инсталирно и го користи барем една година, за да можам да го споредувам.

Ако е така како што велиш, тогаш кано системот има поглем однос на вложена енергија спрема добиена.

Имаш информации колку е тој однос?
 
дали ти работиш по оваа струка, т.е. дали си во браншата за климатизација активен по професија? ако си, прати едно ПП со контакт, или закачи се на мојот веб сајт кано точка ком точка мк, има таму контакт форма, прати еден меил па да се чуеме и договориме за некоја средба. мене секогаш ми требаат луге кои се активни по оваа професија. референтна листа има голема, можеме и заедно да појдеме до неколку луге, кои имаат монтирано кано систем и да се увериш и самиот...

а кога реков не компарирај со нафта, компарирај со нешто друго, не мислев на кано системот, туку мислев на котли на струја, дрва, гас... има многу други начини за греење на радијатор одколку на нафта. уште пред 7-8 години повеке од јасно стана дека греењето на нафта никогаш више нема да биде евтини т.е. ке биде нај скапото греење...
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
tavansko greenje
luge sekoe greenje e dobro samo sto kakov kotel imas
jas imam izraboteno dosta tavanski greenja samo ne vo MKD
aj kazete mi na koj sistem rabotat
jas gi znam kako radijatori sto tece voda vo niv
se uklucuva na pocetok na grejna sezona i se gasi na kraj na sezona
raboti na 24-28 stepena topla voda sto ja gree vo kotelot
momentalnl najeftino da se grees e na gas
samo dodeka dojde gasot kaj nas ke izumreme od stud
taka da grejte si se na struja
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
еден член ме праша дали може да се најде котел-бренер на уље.... бидејки истиот има преполно сандаче, неможе да прима ПП пораки одговорот за истиот е тука, а во мегувреме нека подиспразни малку сандачето:

да ама незнам кај би набавил сега такво нешто. не се произведуваат барем десетина години. од проста причина што си сакаат МАКСИМАЛНА пажња... да не речам целодневна... не практични се, неможеш да наштеловаш и слично... ги нема во општа продажба, само ако на некој му се наога некој стар. во принцип пашат да се стават на котли од нафта. ама реков, тешко дека ке се најде некој... за воља на вистината и јас барам некој веке 3-4 години. работилницата ја делам со авто механичари... имаш претстава колку прегорено уље имам на располагање? и пак се грееме со тоа уље, ама во нафтена печка, оние старите ти текнува? на нив може со уљето. проблем е да се запали, треба со дрво некое, да се загрее резервоарот кај уљето за да омекне, т.е. да стане по течно... инаку е стегнато и прегусто кога ладно и не тече низ дизните... тоа е мана на уљето...

п.с. ако некој има таков бренер за на прегорено уље или за на уље воопшто, а сака да го уновчи нека ми пише ПП...
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
25
Поени од реакции
1
Дали може клима инвертна да грее до -10-15 степени? Некои членови спомнаа дека може.

Мојава ситуација е ваква:

- Соба 17 квадрати
- Нема изолација
- Ми треба греење за не толку долгорочно, 5-7 години максимум
- Да може брзо да згрее, не како дрва на кои треба ептен одржување со пепел, ставање секои 2-3 саати, треба 30-40 минути да се загрее

Некои би рекле од вас изолација е добра, ама пак, изолација веројатно би чинела колку еден клима уред со инвертер? Што мислите, дали инвертер е најдобро решение за горнонаведените услови?

--- надополнето ---

И уште едно прашање за климиве, дали работат добро за нестабилен напон за приградски населби?
 
Да, клима - инвертор може да работи т.е. квалитетно грее на - 15*Ц ... но скапа инвестиција е! Напишав погоре во постовите кои клими ги препорачувам и сметам дека се можеби најдобрата опција за загревање мали и средно големи простории. Ќе повторам ако се одлучиш за клима-инвертор што се нуди на нашиов пазар имаш кинески Панасоник, исто таков Хитачи во Техно Маркет. Истите чинат од 30 - 35 па и повеќе илјади денари (500-600 Еур).... Немора да значи дека е правило но имам од неколкумина корисници слушнато како се жалат на *рикнување* на компресорот по 3 или 4-тата година од користењето....
Како поисплатлива инвестиција би ти предложил да си набавиш јапонски Фујитсу (ги има во продавница ЈОРК позади Собрание на РМ - во истата низа со Леснина МИ Еуростандард Банка, Краш....) Ке те чини околу 620 Евра модел кој лади 3Кв, грее 3,8 Кв.... со три години гаранција, ке повторам многу подобар избор од кинески Панасоник или кинески Хитачи.... инаку сметам би бил идеален за твоите 17м2 (може да загрева дури и поголеми површини).... кое загревање би било доста квалитетно (би имал константно темпетратура 22-25*Ц).... и не би те чинело премногу во сметката..... да речеме за тие 17м2 месечно 1000,- до 1200,- денари. Размиски и за конвектор како опција (Термор, Ваилант, АЕГ....). Исто така квалитетно би се загреал но нешто поскапо.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
25
Поени од реакции
1
Мајка ми има слична големина на соба а сметката е 3000-4000 така што 1000-1200 би било доста поефтино. Инаку за овие конверторите, мислиш поскапо по сметката за струја? Вака гледам доста поевтини се од климата. 600 еур не би биле проблем иначе ако грее квалитетно 5-6 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom