Гледам стана збор за геотермални пумпи, ај малце појаснување.
Значи вака, топлотните пумпи или чилери (ако ладат) се во суштина исто што и климите.
Се делат на
- Воздушно ладени топлотни пумпи
- Водено ладени топлотни пумпи или популарно наречени геотермални
Воздушно ладените топлотни пумпи/чилери се нешто што е докажано и функционираат одлично.
Добри страни:
- висока енергетска ефикасност, обично 1:3 е односот на вложена/дадена енергија
- чисти се во поглед на користење оти работат на струја ( нема дрва, ќумур, нафта да се занимаваш и валкаш со тоа цело време)
Лоши страни:
- работат до -15, а некои до -20 C степени, колку повеќе паѓа температурата толку им опаѓа ефикасноста, оптимална надворешна температура им е -5
Водено ладените топлотни пумпи (геотермалните) имаат уште поглема ефикасност од воздушно ладените, затоа што работат на уште пониски температур
Добри страни:
- висока ефикасност, нешто поскапи од воздушно ладенитe, но работат одлично на многу ниски температури, затоа што температурата на земјата веќе на неколку метра е 10 C
Лоши страни:
- премногу зависат од бунарот, неговата количина на вода и квалитет на водата, и од искуство на изведени исталации, треба интервенција за да работат, менување на филтри, па и пумпи
И најдобриот ситем на топлотни пумпи, а воедно и најскап е водено ладени со затворен систем.
Цел систем од цевки се поставува во земја и во зависност од потребната снага се користи и соодветна должина на цевки.
Добри страни:
- системи со најголема ефикасност и функционираат одлично, на било какви температури, и кога ладат и кога топлат
Лоши страни:
- цена
За овие истаталации потребно е добро инженерско искуство, дури и во Фонко немаат баш, иако ги произведуваат.
За да имате претстава, систем со водено ладена топлотна пумпа со бунарска вода и плус 3 колектори, греаат во зима 250 m2 куќа за 6000 денари месечна сметка, а лади во лето за нешто помалку.
Цена на таков систем е отприлика 20.000 еур.