- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Има ли некое рационално објаснување за ситуацијата со загадување во грејната сезона, при што мерната станица Битола II (Центарот на БТ кој е густо населен) скоро цела сезона , е позагаден од Битола I Делот што гравитира и е поблиску до РЕК Битола... бујрум денес 16,00 БТ2 центарот:Претеруваш со убиство од небрежност ...
Факт е дека не е хумано да се користи дрво за греење во град како Скопје, да многу големи градови го имаат тоа забрането.
Вината е и во граѓаните сеуште не сме свесни што ни се случува, сите чекаме на министрите да ни го решат проблемот, се збори само за тоа дека Скопје, Битола, Тетово, Струмица се загадени а за решение не се збори.
Главен фактор се и електраните (најголеми загадувачи од електрани во Европа) во косово и бугарија и плус Рек, сите воздушно се многу блиску до градовиве.
Се согласувам треба субвенции за инвертери и ПВЦ.
Штом си толку свесен за ситуацијава со загадувањево зошто користиш струја произведена во Рек Битола а Рек Битола е 3та електрана во Европа по загадување, а Битола во топ 10 во свет, зошто свесно правиш "убиство" на Битолчани?
Sent from my SM-G930F using Tapatalk
Битола 1 (поретко населен дел) а поблиску до РЕК
Загадување има од РЕК, не велам не... но зарем не работи РЕК и вон грејна сезона, кога Битола има чист воздух!?... Истото е и со Скопје. Од некои причини преку цела година го следам загадувањето во Ск ... Додека од Ноември до крајот на Март загадувањето е многу честа појава, неретко трае со недели, па и месец...а со огромни количини на ПМ2,5 и ПМ10 честички кои одат и до 500-600 микрограми во кубен метар ... вон грејната сезона (од Април до крај на Октомври) има ''загадени“ денови кои ќе ги изброиш на прсти од една рака и тоа загадување кое не преоѓа 100 микрограми и не трае повеќе од ден два.... и уште толку денови (зборувам за СК) кога има пикови на одредени локации... што знам летоска некој идиот запали отпад или гуми близу мерна во Газибаба, таму отишло на 500 микрограми во кубен, додека цело СК ''спие'' на доста под 50 микрограми во кубен што се смета дека е под дозволена граница... Имаше неколку дена во СК кога беше цело загадено сред лето ден-два! Имавме тогаш виулица голема, силен ветер ја дигна прашината и цело СКпј беше загадено!.... Околу загадувањето на воздухот, не треба многу мудрување туку да се погледнат, настрана нашиве од министерство за животна средина и МАНУ.... експертизите кои ги направија стручни лица од Финска, а друга независно од нив од Австрија... и двете дојдоа до слични резултати, најголеми загадувачи се: Домаќинствата со греењето (на цврсти горива (и ретко кој користи мазут) 40-50% ....Сообраќајот со 20% Индустријата и депониите со 18%.... уличната и градежна прашина 17%.... Е сега да...и маглата придонесува загадувањето да биде уште поголемо! На некои градови и местоположбата Ск на пример кое е котлина, практично во дупка обиколено со планини! Велиме големи загадувачи се индустријата, депониите сообраќајот уличната прашина, или термоцентралата РЕК ....но да го земеме едно Кочани! Нема индустрија скоро никаква едвај да има и млади луѓе во градот, многу слаб сообраќај два семафора, недела 16,00 редок сообрачај... но истото се дави во загадување!? Зошто? Па од греењето е.... и маглата која придонесува ПМ10 и ПМ2,5 честици кои практично се лепат на неа, наместо да одат во атмосферата... да останат долу меѓу луѓето! Исто е и со топланите во СК... иако се тврди дека не загадуваат (демек на земен гас) бидејки испуштаат водена пареа, тоа не е точно... тие можда и не загадуваат директно, но многу придонесуваат за загадувањето, за неа за водената пареа се лепат добар дел од канцерогените ПМ честички и остануваат долу меѓу луѓето или на улиците тротоарите! Ете го Кочани.
Последно уредено: