Најекономично греење (затоплување)

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
реков да не дискутираме за кано системите тука, ке ме обвинат за маркетинг... но еве кратко, кано системот има логаритам на потрошувачка. никогаш не е фиксна потрошувачката нити повлекувањето на електричната енергија...
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Не верувам дека некој ќе те обвини, се додека дискусијата е конструктивна и во насока на појаснување на системот (за ова не мора ни ти може и некој друг да го појаснува и објаснува). Ни вие со колегата не ги измисливте инверторите и термалните пумпи па гледам дека до добро се објаснивте на таа тема. Не верувам дека администраторите заради тоа би те обвиниле, а и да се случи тоа секогаш прво е опомена.

Имам уште 2-3 прашања за тебе, и намерно не ги праќам на прајват, затоа што мислам дека сите може да профитираат од одговорите:

1. Не слушнав коментар за потрошувачката за наведените клима уреди кои ги пратив 2 поста погоре (имаше 3-4 поста наеднаш, постои можност да си ги испуштил, затоа те спомнувам) Што мислиш за нив?
2. Дали во светот постои ист(или барем сличен) систем на системот Кано? Ако постои, каде може да се прочита за овие системи и дали имаат некое заедничко име ? За руските подморници веќе прочитав низ форумов, а и по Интернет.
3. Ако не постои таков систем, тогаш логично се наметнуваат следните прашања:
3.а. Зошто овој систем не го патентираш и не го продаваш во цел свет, туку се мачиш во сиромашнава ни Македонија?
3.б. Зошто истражувањето кое си го направил за овој систем не го објавиш во научни списанија?

И уште нешто, како совет ... на веб страната има многу правописни грешки, и има толку многу работи што човек добива впечаток дека самиот кано систем е од секундарно значење. А ако системот е каков што мислиме дека е, тогаш тој треба да ти биде во преден план ана веб страната, а и на преден план во фирмата - да ти носи најмногу пари.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
2
Поздрав до сите посебно до двајцата (kano и MKDRules) кои се разбираат во греење и опрема за греење и климатизација.
Воедно имам и прашање за избор за греење а може и ладење.? Веднаш да нагласам дека немам место за чување на дрва ниту за котлара.

Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.

Куќата нема посебна изолација но планирам за наредната година да поставам надворешна "demit" фасада ( ако некој се разбира во изолација би бил блгадарен да даде некој совет, да посочи фирма која изведува такви фасади и сл.)

Сега пак мора да барам нов извор на греење, размислував за топлински пумпи (воздушно ладени, затоа што немам место за бушотини за вода и сл.), колку што разбрав такви монтираат "Фонко" (но немаше добри критики на форумов за нив), "Еуротерм" - Прилеп и "Енергија" - Скопје.

Во иднина би надоградил и соларни колектори со висока ефикасност кои можеле да дадат подршка на системот за греење со акумулатори на топлина (бафери) и сл.

За да се искористи ладењето на топлинската пумпа, во неколку простории (каде најчесто се престојува) би ги заменил радијаторите со "фенкојлери". Покрај тоа мислам дека и обичните радијаторите низ кои ќе циркулира ладна вода би ја намалувале температурата во просторијат за некој степен - во летниот период.

Ве молам за ваше мислење, позитивни и негативни страни.

Ако знае некој предложете web страни со тематика за греење, ладење, изолација, соларни системи сл.

Дали и кај топлинските пумпи се намалува капацитетот за 30% по 4-5 години како кај инвертор-климите? (мислам дека така беше напишано на форумов)

Однапред Ви блгодарам
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Дали и кај топлинските пумпи се намалува капацитетот за 30% по 4-5 години како кај инвертор-климите? (мислам дека така беше напишано на форумов)

Однапред Ви блгодарам
Тоа беше теза на авторот, да не речам од ракав истресена...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
3.www.wunderground.com ова е веб страна каде има историски податоци за времето во повеќе градови во светов вклучително и во Скопје, Охрид, и не знам кои други. Освен во Лазарополе температури од - 20 С и пониски немам сретнато кај нас. Друга работа е што тие температури се јавуваат во раните утрински часови 2, 3 , 4 преку ден температурите се значително повисоки.
.
да не ви се мешам во стручниот муабет ,ама морам да заклучам дека немаш дојдено во битолаво зима. иако последните две години зимите беа за битолски услови прилично благи. сега или твој тој сајт ги вадат од памет степените или на сите тука им биле расипани термометрите.
јас лично пред неколку години (можеби 5 не ме држете за збор) во битола измерив -24 степени и тоа во 9 вечерта( знам пошто истоваравме нешто а нафтата се здрви,виљушкарот абер немаше за да запали, рацете се лепеја за металот а нозете од дамна престанав да ги осеќам, па си реков ајде да видиме колку е стварно). а пошто тука сме стварно учени на јаки зими и -15 не ни претсатвува некој проблем и е сосем нормална работа , значи тогаш стварно било ладно. за претходните години нејќам ни да зборувам посебно за 1999 мислам или тука некаде.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647

Вистинското прашање е колку денови во годината е толку ниска температурата. Да, и во Скопје можеби доаѓа до -20 степени, ама тоа се една две недели во јануари. Повеќето други денови од зимата е некаде околу 0, што не е проблем за греење (со добра изолација) и за инвертер и за панели.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Eве нешто во светски рамки бест, нешто што ги задоволува најголемите критеријуми за квалитетно греење... и се разбира го прави неприкосновен шампион во однос квалитетно греење/цена на потрошена енергија...... Е тоа би била добрата вест, но лошата е што за ваков производ треба да се кешира позамашна сума! Се работи за мулти-инвертор од реномираниот Mitsubishi - Inverter Heat Pump.... MXZ-4B71VA
http://www.mitsubishi-aircon.co.uk/default.asp?url=http://www.mitsubishi-aircon.co.uk/mitsubishi_electric.asp?id=152940
уред со инсталирана снага за греење од 8,6Kw... (велат на посочениов сајт дека максималната моќ може да оди и до 10,7 Kw..... на која надворешна, можат да се прикачат до 4 внатрешни единици, што би значело дека без проблем би се загревале 80-100М2..... со фантастичен COP фактор од близу 5!!! Значи просечна потрошувачка од 1,7 Kw/h!!!...што би рекол Младен: Људи моји, је ли ово могуче!? Помалку од калорифер, а загрева цел стан! Е па сега ако со 3-4 инвертори од 2-2,5 (Термор АЕГ...) или недајбоже котел од 15-20 Kw. би се плаќало 10 па и повеќе иљадарки (5-6 месеци)... додека со вакво едно чудовиште сигурно е трипати помалку!..... Калкулацијата кажува дека една ваква инвестиција (цца 2500-3,000 Еур) би се исплатила за 4-5 години.... а Јапанац како што знаеме не прави машини за 4-5 години трајност.....
Да не ми се замери, напоменувам: САМО ЗА: СКОПЈЕ, СТРУМИЦА, ГЕВГЕЛИЈА, ОХРИД!..... ЗА БИТОЛА, ЗА МУРМАНСК, ЗА НОВОСИБИРСК.....:) НЕ Е!.... Само до -15*Ц
Еве поевтина варијанта од исто извонреден производител на инвертор-клими - Fujitsu, но сепак ни одблиску не е како предходниот по економичност! COP факторот скромни 3,3... Ма да и со 3Kw просечно потрошена енергија да грееш стан од 80-100 М2 е фантастично економично, што значи не би требало сметката за ел. енергија за греење да премине 3500 или можеби 4,000 Ден, но е сепак далеку од 10-12,000!.... Овој мултиинвертор чини (само надворешната единица) 1080 Фунти... колку е тоа во наши пари? веројатно околу 1300!?
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.

Тоа е болката што ја имаме сите ние, сите ресурси поскапуваат и математиката која била пред 5 години сега не вреди ништо. Најлошото е што цената на струјата, нафтата и гасот не зависат од нас и постојано растат и ќе растат се додека не ја достигнат европската цена затоа што натаму се стреми и Македонија нели.
Најдобра и најисплатлива инвестиција во секој случај било да е стан, куќа, деловен простор е добра изолација, со добра изолација се намалува потребниот капацитет, се намалуваат инвестиционите трошоци - потребна е помал систем - а тој систем троши помалку енергија.
Доколку размислувате долгорочно, најдобар избор е топлинска пумпа. И во случај цената на електричната енергија да отиде до небо, вие ќе плаќате 4 пати помалку во однос на електрично котле и котел на нафта. Инвестицијата верувам дека е поголема затоа што електрично котле чини околу 400 евра ова е сигурно повеќе но сето тоа ќе се исплати. Топлинските пумпи за централно греење и ладење не се наменети за да траат 3-4 години туку 15-20 години па и повеќе со редовно одржување така да инвестицијата ќе се врати а се понатаму би било ќар.

Според мене подобра работа се воздушно ладените топлински пумпи од проста причина што се полесни за монтажа, одржување и сервисирање. Пред да се постават геотермалните пумпи потребно е да се направат бушотини да се измери протокот на вода да се постават цевки а сето тоа кошта и не верувам дека е вклучено во цената.

Капацитетот не се намалува. Топлинските пумпи од јакиве компании се сите тестирани, стандардизирани со Eurovent и тоа што го пишува како капацитети е така и не смее да се отстапи од тоа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Вистинското прашање е колку денови во годината е толку ниска температурата. Да, и во Скопје можеби доаѓа до -20 степени, ама тоа се една две недели во јануари. Повеќето други денови од зимата е некаде околу 0, што не е проблем за греење (со добра изолација) и за инвертер и за панели.
па во просек пола грејна сезона ( за порано зборам , не за претходните неколку години).
0 степени е студена есен а не јака зима, камо секоја година да е така на свеќа ке се топлам. можеби грешам ама мислам дека берово и битола предначат во ладно( према вестите )
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
ај со ред за сите...

прво од нај горниот:
Не верувам дека некој ќе те обвини, се додека дискусијата е конструктивна и во насока на појаснување на системот (за ова не мора ни ти може и некој друг да го појаснува и објаснува). Ни вие со колегата не ги измисливте инверторите и термалните пумпи па гледам дека до добро се објаснивте на таа тема. Не верувам дека администраторите заради тоа би те обвиниле, а и да се случи тоа секогаш прво е опомена.

Имам уште 2-3 прашања за тебе, и намерно не ги праќам на прајват, затоа што мислам дека сите може да профитираат од одговорите:

1. Не слушнав коментар за потрошувачката за наведените клима уреди кои ги пратив 2 поста погоре (имаше 3-4 поста наеднаш, постои можност да си ги испуштил, затоа те спомнувам) Што мислиш за нив?
2. Дали во светот постои ист(или барем сличен) систем на системот Кано? Ако постои, каде може да се прочита за овие системи и дали имаат некое заедничко име ? За руските подморници веќе прочитав низ форумов, а и по Интернет.
3. Ако не постои таков систем, тогаш логично се наметнуваат следните прашања:
3.а. Зошто овој систем не го патентираш и не го продаваш во цел свет, туку се мачиш во сиромашнава ни Македонија?
3.б. Зошто истражувањето кое си го направил за овој систем не го објавиш во научни списанија?.
ке ме обвинат, пошто ме обвинија више еднаш и е банираа токму заради истата работа, а јас сум сопственик на фирмата кано, и производител на системот кано. во свет го нема овој систем бидејки јас сум тој што го иновирал и направил, само не сум како војо ушески да се фалам и да се декларирам лично јас како некој светец, туку јас продавам готов продукт, проверен и монтирам во мк повеке од 2000 пати и околу 350 пати во соседните земји...
за потрошувачката на климите е релативна работа. она што некој го спомна од 850 вати електрична моќност за 3,2 клима тоа е потрошувачката на компресорот. никаде никој не ги вкалкулира електорниките и вентилите... значи реално, на таа клима имаш потрошња околу 1,3 киловати на час. колку ке користиш, толку ке потрошиш. удри рачун киловат пута цена на киловат пута саати и ете ти потрошња у пари гледано...

Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.
демит фасада турај со 8 сантими стиропор нај малку. ке ги намалиш сметките и за греење и за ладење. таа квадратура што ја грееш со електричен котел, со инсталирана снага од 24 киловати, може да се грее со КАНО 3 и тоа со снага инсталирана од 12 киловати. значи ке трошиш упола помалку од електричниот котел. понатака неможеш да ставиш топлинска пумпа на радијатори и цевки надвор од кошулица зашто за 20 минути ке почне да ти тече вода од сите страни (зборам за ладење нели) т.е. ке почне да кондензира. за да ги смениш радијаторите со фенкојлери, ке треба да воведеш уште една испусна цевка од кај секој радијатор до надвор негде за кондензатот.

Дали и кај топлинските пумпи се намалува капацитетот за 30% по 4-5 години како кај инвертор-климите? (мислам дека така беше напишано на форумов)

Однапред Ви блгодарам
Тоа беше теза на авторот, да не речам од ракав истресена...
не е моја теза а уште помалку од ракав истресена, туку реална и фактичка состојба. намерно не ти посочувам каде да видиш, за да не биде на тацна, на крајот и не служам јас никому за ништо, туку, барај сам во техничките странски форуми, да видиш зашто и како. зарем мислите дека се што ке го купите треба вечно да трае, па така и климите се безусловно нерасипливи и не ослабуваат? поготово таа технологија со притисоци.

да не ви се мешам во стручниот муабет ,ама морам да заклучам дека немаш дојдено во битолаво зима. иако последните две години зимите беа за битолски услови прилично благи. сега или твој тој сајт ги вадат од памет степените или на сите тука им биле расипани термометрите.
јас лично пред неколку години (можеби 5 не ме држете за збор) во битола измерив -24 степени и тоа во 9 вечерта( знам пошто истоваравме нешто а нафтата се здрви,виљушкарот абер немаше за да запали, рацете се лепеја за металот а нозете од дамна престанав да ги осеќам, па си реков ајде да видиме колку е стварно). а пошто тука сме стварно учени на јаки зими и -15 не ни претсатвува некој проблем и е сосем нормална работа , значи тогаш стварно било ладно. за претходните години нејќам ни да зборувам посебно за 1999 мислам или тука некаде.
така е владе. на нет не се пишуваат вистинските температури, затоа што повлекува соодветни последици. сведок сум и јас баш за битола и имам измерено температури од -25, кои се задржале цел месец. само тоа неможеш да им го појасниш на некои луѓе. длабоко сум влезен во мерењата затоа што ме интересира и на таа база правам свои некои одлуки околу функционирањето на термичките зафати поединачно за цела мк... битола е на средното скалило по проблематични градови. има и уште поладни делови во мк, каде што температурата паѓа и под -35 и се задржува така и повеке од 1 месец.

Вистинското прашање е колку денови во годината е толку ниска температурата. Да, и во Скопје можеби доаѓа до -20 степени, ама тоа се една две недели во јануари. Повеќето други денови од зимата е некаде околу 0, што не е проблем за греење (со добра изолација) и за инвертер и за панели.
вистински одговор е што ке правиш тие 2-3 недели кога нема да ти работи инверторот... ке седиш за тоа време и ке хукаш у раце? за тие денови има да пцуеш и влада и мајстори и држава и секој кој ти рекол дека инверторот е подобар од централното греење (парно-топловодно) и сите ке ти бидат криви... ке се доведеш во ситуација да купуваш греалки и да истуриш еден тон пари за да ги преживееш тие денови...

--- надополнето: Sep 21, 2011 11:48 AM ---

фиууу... се уморив од пишување, ама ваљда се разјаснивме... сакав само да додадам дека денес ми е последен ден од одмарање-боловање (работно во канцеларија хаххаа). од утре па натака малку поретко ке се читаме, затоа што почнувам со детален испланиран список на монтажи. сепак ако поставувате прашања преку контакт формата на сајтот на кано инжинеринг, ке има некој доволно стручен да ви објасни и одговори на сите ваши прашања. поздрав од кано тимот...
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
не е моја теза а уште помалку од ракав истресена, туку реална и фактичка состојба. намерно не ти посочувам каде да видиш, за да не биде на тацна, на крајот и не служам јас никому за ништо, туку, барај сам во техничките странски форуми, да видиш зашто и како. зарем мислите дека се што ке го купите треба вечно да трае, па така и климите се безусловно нерасипливи и не ослабуваат? поготово таа технологија со притисоци.

quote]

Ова што викаш дека се намалувал капацитетот, сакаш да кажеш дека ако топлинска пумпа има номинален капацитет од 11 kW на ладење и 13 kW на греење, после 3-4 години таа иста пумпа нема да може да достигне 11 и 13 туку максимум ќе дава 8 и 10 kW a?
Никој не вика дека се нерасипливи туку дека со редовно одржување топлинските пумпи би си го одржувале капацитетот. Тоа што го кажуваш може да се случи ако системот изгуби одредено количество ладилен флуид со текот на времето поради неидеалната заптивеност на поврзувањата. Сепак тоа е рутинска работа, се додава потребното количество на ладилен флуид и пумпата продолжува да си работи нормално.
Само како информација, мој другар има Carrier клима веќе 15 години и сеуште работи фантастично, што искрено ме вчудовиде.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
сакам да кажам дека не е фреонот единствениот елемент во климата и не зависи се од него... дали знаеш од што е компресорот направен..? уствари дали знаеш како функционира компресорот? кога би знаел, тогаш веројатно ке сватиш дека сум во право...

п.с. кериер климите се best made air conditioner ever и никогаш и никој како нив нема да направи клима. јас имам кериер клима стара 22 години и си работи. но не онака како што била нова... а истото важи и за сите други клими... и знаете што, уствари се уморив со натегање за климите... баш ми е гајле дали верувате или не.. јас ви давам инфо, вие се инатите а со ништо не докажувате ништо... кој сака нека верува, кој несака немора... ионака на мојата фирма климите- нивниот сервис и монтажа се трета споредна работа, т.е. за пополнување празно место во празни денови... со и за толку банални уреди не ни сакам да се објаснувам... климата е еден од нај баналните уреди направени, после конвекторите... 4 дела, склопени и споени со некоја електроника, 2 цевки и парче кабел.. е тоа е клима... нема тука предизвик за мене...
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Никој не рече дека фреонот е единствениот елемент во системот...многу добро знам како работи компресорот затоа и упорно се обидувам да ти кажам дека грешиш но залудно е...само без нервози ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Точно само со загуби на фреон опаѓа капацитетот на климата или топлинската пумпа, но тоа се надокнадува, затоа и треба сервис на 2-5 години зависно од климата.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
ај со ред за сите...

прво од нај горниот:
ке ме обвинат, пошто ме обвинија више еднаш и е банираа токму заради истата работа, а јас сум сопственик на фирмата кано, и производител на системот кано. во свет го нема овој систем бидејки јас сум тој што го иновирал и направил, само не сум како војо ушески да се фалам и да се декларирам лично јас како некој светец, туку јас продавам готов продукт, проверен и монтирам во мк повеке од 2000 пати и околу 350 пати во соседните земји...
за потрошувачката на климите е релативна работа. она што некој го спомна од 850 вати електрична моќност за 3,2 клима тоа е потрошувачката на компресорот. никаде никој не ги вкалкулира електорниките и вентилите... значи реално, на таа клима имаш потрошња околу 1,3 киловати на час. колку ке користиш, толку ке потрошиш. удри рачун киловат пута цена на киловат пута саати и ете ти потрошња у пари гледано...
Жал ми е што не ми одговори на моите прашања, еве ги повторно:
3. Ако не постои таков систем, тогаш логично се наметнуваат следните прашања:
3.а. Зошто овој систем не го патентираш и не го продаваш во цел свет, туку се мачиш во сиромашнава ни Македонија?
3.б. Зошто истражувањето кое си го направил за овој систем не го објавиш во научни списанија?.

Но сакав да речам и друго нешто, со инсталација од 2000пати (околу 5% од сите централни системи во Македонија?!), и 350пати во соседните земји, во кој период е ова? Да речеме дека е во 3години. од прилика по 800инсталации годишно. 100евра да кошташе системот, ќе имаше обрт поголем од 50к евра годишно нели?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom