- Член од
- 11 мај 2010
- Мислења
- 2.952
- Поени од реакции
- 718
јас со мојата стручност и компетентост, можам да ти тврдам и советувам да се ориентираш на климите како уред за РАЗЛАДУВАЊЕ а не и за греење. математиките за греење не се баш онакви какви што се декларираат. и нај добрата клима-инвертор да ја купиш за следната зима она е со 30% ПОМАЛ КАПАЦИТЕТ одколку кога била нова. едноставно сите клими се такви. компресорите се такви. додека се нови првите месеци се ок, и притисоците се тие, ама за брзо време опаѓа снагата и после тоа може да се задржи како таква следните 10-15 години без проблем. а тоа е епилог од едно единствено објаснување, дека намената на климата пред мноооогу години била да се користи како уред за разладување а не како уред за затоплување. на компресорот му треба повраток од изладен фреон а не затоплен. компресорот и неговиот мотор, како и структурата на металните делови од вентили, клип, калеми, масло и слично им треба разладување.kano јас сеуште не сум набавил клима, а сега размислувам и за климатизација на еден деловен простор од 70тина квадрати. Види ги моите прашања погоре, и мојата дискусија, па препорачај ми нешто ако можеш.
така е направена климата да работи. таков е концептот на тој уред. компресорот под притисок го загрева фреонот, кој пак преку специален вентил-испарувач доаѓа до ниски температури, многу често и под нула. така екстра изладениот фреон (при испарување) проаѓа низ внатрешната единица низ која дува вентилатор (така се ладиш дома во моментот), се затоплува до ниво на максималната искористливост на единицата и сеуште како ладна маса се врати во компресор за да отпочне повторно со истиот процес... меѓутоа пред да биде повторно стиснат под притисок, цевката низ која се враќа, се спушта низ долниот дел на компресорот каде својата ниска температура ја предава на самиот компресор, т.е. го лади истиот...
е сега за да грее таа клима, некој му текнало и сместил еден вентил, кој го премостува оној вентил-испаривач. фреонот не испарува, не се лади и како топол влегува во внатрешната единица, па како топол се враќа во компресор... е тогаш настанува ослабувањето на материјалите и забрзаното трошење и абење на истите... значи да повторам, клима уредот е наменет за ладење. и неможеш да се наслониш на него да се грееш...
затоа мој совет... ориентирај се на некоја дуга алтернатива за греење... на пример парно греење или нешто друго... на тоа поле можам да ти дадам доста стручни совети а и понуди...