ај со ред за сите...
прво од нај горниот:
Не верувам дека некој ќе те обвини, се додека дискусијата е конструктивна и во насока на појаснување на системот (за ова не мора ни ти може и некој друг да го појаснува и објаснува). Ни вие со колегата не ги измисливте инверторите и термалните пумпи па гледам дека до добро се објаснивте на таа тема. Не верувам дека администраторите заради тоа би те обвиниле, а и да се случи тоа секогаш прво е опомена.
Имам уште 2-3 прашања за тебе, и намерно не ги праќам на прајват, затоа што мислам дека сите може да профитираат од одговорите:
1. Не слушнав коментар за потрошувачката за наведените клима уреди кои ги пратив 2 поста погоре (имаше 3-4 поста наеднаш, постои можност да си ги испуштил, затоа те спомнувам) Што мислиш за нив?
2. Дали во светот постои ист(или барем сличен) систем на системот Кано? Ако постои, каде може да се прочита за овие системи и дали имаат некое заедничко име ? За руските подморници веќе прочитав низ форумов, а и по Интернет.
3. Ако не постои таков систем, тогаш логично се наметнуваат следните прашања:
3.а. Зошто овој систем не го патентираш и не го продаваш во цел свет, туку се мачиш во сиромашнава ни Македонија?
3.б. Зошто истражувањето кое си го направил за овој систем не го објавиш во научни списанија?.
ке ме обвинат, пошто ме обвинија више еднаш и е банираа токму заради истата работа, а јас сум сопственик на фирмата кано, и производител на системот кано. во свет го нема овој систем бидејки јас сум тој што го иновирал и направил, само не сум како војо ушески да се фалам и да се декларирам лично јас како некој светец, туку јас продавам готов продукт, проверен и монтирам во мк повеке од 2000 пати и околу 350 пати во соседните земји...
за потрошувачката на климите е релативна работа. она што некој го спомна од 850 вати електрична моќност за 3,2 клима тоа е потрошувачката на компресорот. никаде никој не ги вкалкулира електорниките и вентилите... значи реално, на таа клима имаш потрошња околу 1,3 киловати на час. колку ке користиш, толку ке потрошиш. удри рачун киловат пута цена на киловат пута саати и ете ти потрошња у пари гледано...
Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.
демит фасада турај со 8 сантими стиропор нај малку. ке ги намалиш сметките и за греење и за ладење. таа квадратура што ја грееш со електричен котел, со инсталирана снага од 24 киловати, може да се грее со КАНО 3 и тоа со снага инсталирана од 12 киловати. значи ке трошиш упола помалку од електричниот котел. понатака неможеш да ставиш топлинска пумпа на радијатори и цевки надвор од кошулица зашто за 20 минути ке почне да ти тече вода од сите страни (зборам за ладење нели) т.е. ке почне да кондензира. за да ги смениш радијаторите со фенкојлери, ке треба да воведеш уште една испусна цевка од кај секој радијатор до надвор негде за кондензатот.
Дали и кај топлинските пумпи се намалува капацитетот за 30% по 4-5 години како кај инвертор-климите? (мислам дека така беше напишано на форумов)
Однапред Ви блгодарам
Тоа беше теза на авторот, да не речам од ракав истресена...
не е моја теза а уште помалку од ракав истресена, туку реална и фактичка состојба. намерно не ти посочувам каде да видиш, за да не биде на тацна, на крајот и не служам јас никому за ништо, туку, барај сам во техничките странски форуми, да видиш зашто и како. зарем мислите дека се што ке го купите треба вечно да трае, па така и климите се безусловно нерасипливи и не ослабуваат? поготово таа технологија со притисоци.
да не ви се мешам во стручниот муабет ,ама морам да заклучам дека немаш дојдено во битолаво зима. иако последните две години зимите беа за битолски услови прилично благи. сега или твој тој сајт ги вадат од памет степените или на сите тука им биле расипани термометрите.
јас лично пред неколку години (можеби 5 не ме држете за збор) во битола измерив -24 степени и тоа во 9 вечерта( знам пошто истоваравме нешто а нафтата се здрви,виљушкарот абер немаше за да запали, рацете се лепеја за металот а нозете од дамна престанав да ги осеќам, па си реков ајде да видиме колку е стварно). а пошто тука сме стварно учени на јаки зими и -15 не ни претсатвува некој проблем и е сосем нормална работа , значи тогаш стварно било ладно. за претходните години нејќам ни да зборувам посебно за 1999 мислам или тука некаде.
така е владе. на нет не се пишуваат вистинските температури, затоа што повлекува соодветни последици. сведок сум и јас баш за битола и имам измерено температури од -25, кои се задржале цел месец. само тоа неможеш да им го појасниш на некои луѓе. длабоко сум влезен во мерењата затоа што ме интересира и на таа база правам свои некои одлуки околу функционирањето на термичките зафати поединачно за цела мк... битола е на средното скалило по проблематични градови. има и уште поладни делови во мк, каде што температурата паѓа и под -35 и се задржува така и повеке од 1 месец.
Вистинското прашање е колку денови во годината е толку ниска температурата. Да, и во Скопје можеби доаѓа до -20 степени, ама тоа се една две недели во јануари. Повеќето други денови од зимата е некаде околу 0, што не е проблем за греење (со добра изолација) и за инвертер и за панели.
вистински одговор е што ке правиш тие 2-3 недели кога нема да ти работи инверторот... ке седиш за тоа време и ке хукаш у раце? за тие денови има да пцуеш и влада и мајстори и држава и секој кој ти рекол дека инверторот е подобар од централното греење (парно-топловодно) и сите ке ти бидат криви... ке се доведеш во ситуација да купуваш греалки и да истуриш еден тон пари за да ги преживееш тие денови...
--- надополнето: Sep 21, 2011 11:48 AM ---
фиууу... се уморив од пишување, ама ваљда се разјаснивме... сакав само да додадам дека денес ми е последен ден од одмарање-боловање (работно во канцеларија хаххаа). од утре па натака малку поретко ке се читаме, затоа што почнувам со детален испланиран список на монтажи. сепак ако поставувате прашања преку контакт формата на сајтот на кано инжинеринг, ке има некој доволно стручен да ви објасни и одговори на сите ваши прашања. поздрав од кано тимот...