Најдобар фудбалер за 2010 година - FIFA Ballon d'Or 2010

Кому би му ја доделиле оваа најпрестижна награда?

  • Вкупно гласачи
    223
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.342
Поени од реакции
15.624
Само мадридисти и интераши се бунтуваат, а? :):)
Шега на страна, Снајдер имаше фантастична сезона, меѓутоа и не значи дека беше најдобар. Чави и Снајдер се мотори и лидери во своите клубови и репрезентации, тоа е ФАКТ. Интер успеа да ја елиминира Барселона од ЛШ(не прашувам како), и тоа е ФАКТ. Ама, ајде да бидеме реални. Што е поентата на Златната топка на ФИФА?? Да се награди стварно вистинскиот најдобар, најподготвен играч во светот, или пак да се награди најдобриот играч на некоја екипа која освоила некој турнир?
Уште еднаш ќе ви ја препорачам ОВАА колумна.
Што трескаш зелени на форум?
Снајдер беше еден од најзаслужните за тројната круна на Интер оваа сезона, он беше играчот што Интер долго време го бараше.
Гледаше ти Светстко Првенство или си го слушаш твојот Филе само и донесуваш заклучоци? Да те потсетам доколку си ја гледал само Шпанија на СП, Снајдер имаше 5 гола и минимум 3 асистенции, 3 пати играч на натпреварот, најзаслужниот што Холандија се најде таму кај што се најде, во финалето.

Ајт.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Iniesta дали играше 3 месеци прошлата сезона ....
Меси - ок , мада нишо повеќе не направи од Снајдер/Чави/рандом кои се организатори на играта на своите тимови

Робен го нема а типот дае 2000 гола и сам го однесе Баерн до двојна (за малку тројна круна)

Робија .... неам коментар , нек си свршат каталонците за победникот , се најбоље итн итн
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.986
Поени од реакции
23.592
И Златната топка од денеска ја изгуби својата вредност !

Еден гол е доволен у сезоната да бидеш најдобар фудбалер :pos:

Член од
1 јули 2008
Мислења
2.034
Поени од реакции
2.063
Златната топка ја изгуби вредноста уште кога истата ја доби Канаваро.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.269
Поени од реакции
8.253
^ Позаслужено од тоа на Канаваро, здравје. Ама сега ако збориме за инает, тогаш ја изгубила вредноста.:toe:
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.679
јбг, ми е криво за снајди што не добива признание, не дека чави и меси не заслужуваат да бидат во топ 3 .
иниеста не беше повреден едно подолго време??
или кој даде победнички гол за освојување титула тој е победник??
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
http://blaugranamk.blogspot.com/2010/11/blog-post_11.html

прочитајте го ова еднаш,два пати..ако сакате и десет пати и ќе разберите зошто треба наградата да му се додели на Месси..иако е блог на Барселона се што е напишано се е чиста вистина ..јас и претходно тврдев дека само месси е човекот кој ја заслужува златната топка но овој текст ме остави без зборови и откако ќе го прочитате размислете дали треба Снајде,Чави или Иниеста да ја освојат оваа награда!
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.034
Поени од реакции
2.063
^ Позаслужено од тоа на Канаваро, здравје. Ама сега ако збориме за инает, тогаш ја изгубила вредноста.:toe:
Можеби според тебе, според мене не. 3-4 добро одиграни натпревари на СП не го прават најдобар играч.

http://blaugranamk.blogspot.com/2010/11/blog-post_11.html

прочитајте го ова еднаш,два пати..ако сакате и десет пати и ќе разберите зошто треба наградата да му се додели на Месси..иако е блог на Барселона се што е напишано се е чиста вистина ..јас и претходно тврдев дека само месси е човекот кој ја заслужува златната топка но овој текст ме остави без зборови и откако ќе го прочитате размислете дали треба Снајде,Чави или Иниеста да ја освојат оваа награда!
Апсолутно се сложувам со колумнава. Наградава е за најдобар играч, а не најдобар играч на освојувачот на ЛШ, СП или што знам јас. Не се незаслужени местата на Чави и Иниеста во најдобрите тројца, но немаше да биде незаслужено и ако Снајдер беше меѓу нив. Сепак, Меси беше оној што годинава се издвои од сите. 4 гола на Арсенал на еден натпревар, хет -трик на секој трет натпревар, повеќе голови отколку настапи... многу плусеви. Се надевам дека четврта година по ред наградата ќе отиде во прави раце.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.269
Поени од реакции
8.253
Можеби според тебе, според мене не. 3-4 добро одиграни натпревари на СП не го прават најдобар играч.
Aко цела сезона се 3-4 натпревари тогаш добро...
Канаваро цела сезона беше одличен во одбраната на Јуве и Италија и сосема беше заслужен неговиот избор за играч на годината. Да не барам сега клипови од таа сезона каде Канаваро ги правеше смешни напаѓачите на противничките екипи.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.839
Поени од реакции
23.229
Што трескаш зелени на форум?
Снајдер беше еден од најзаслужните за тројната круна на Интер оваа сезона, он беше играчот што Интер долго време го бараше.
Гледаше ти Светстко Првенство или си го слушаш твојот Филе само и донесуваш заклучоци? Да те потсетам доколку си ја гледал само Шпанија на СП, Снајдер имаше 5 гола и минимум 3 асистенции, 3 пати играч на натпреварот, најзаслужниот што Холандија се најде таму кај што се најде, во финалето.

Ајт.
Не знам по кој основ заклучи дека трескам зелени и го слушам Филе. Ти знаеш ли дека оваа тројка е најзаслужна што Барселона е најдобриот тим на денешницата, а првите двајца што Шпанија стигна до финале и ја порази Холандија на твојот Снајдер.

И, да. Еве ти еден дел од колумнава:

И за крај, еве ја и изјавата на Весли Снајдер од оваа година: „Мислим дека во овој момент Меси е најдобриот играч на светот“.

Сакате логика? Интер утре да му го понуди Снајдер на Меси, на Барселона ќе и требаат 2 секунди да одговори со „хахахахаха“. Интер да им ги понуди Милито, Снајдер и Маикон заедно за Меси, во Барселона пак би рекле - не. Па кој е тогаш најдобар фудбалер? Утре да играме фудбал против марсовци за спасување на човештвото, кој е првиот играч кој би го избрале? Снајдер? Форлан? Милито?!?!?!

Златната топка е награда за индивидуалци, а не за тимови. Не се избира MVP, не бираме најдобар играч на некој турнир, ниту пак бараме некој кој освоил најмногу. За голем придонес во победите на своите тимови сите споменати до сега ги добиле најголемите можни награди. Златната топка не може да се мери со Лига на Шампионите или Светското Првенство. И тие играчи, и тие тимови веќе се наградени, па не ми е јасно зошто толку ги форсираат тимските успеси. Тие се - само тимски.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
6.387
Златната топка ја изгуби вредноста уште кога истата ја доби Канаваро.
Признај дека немаш гледано повеќе од 2-3 утакмици на Јуве во таа сезона?Или воопшто не пратиш Сериа А ....Не пропеја пиле во одбраната на Јуве таа сезона,капак на се и светското првенство.... Една од најзаслужените златни топки е оваа на Канаваро....:toe:
 
A

apidrone

Гостин
http://blaugranamk.blogspot.com/2010/11/blog-post_11.html

прочитајте го ова еднаш,два пати..ако сакате и десет пати и ќе разберите зошто треба наградата да му се додели на Месси..иако е блог на Барселона се што е напишано се е чиста вистина ..јас и претходно тврдев дека само месси е човекот кој ја заслужува златната топка но овој текст ме остави без зборови и откако ќе го прочитате размислете дали треба Снајде,Чави или Иниеста да ја освојат оваа награда!
Во таа статија пишува дека наградата треба да му се додели на најдобриот играч во светот, а не на играчот кој освоил најмногу, па според тоа наградата „треба“ да му припадне на Меси. Само колку за споредба, во истата таа статија пишува дека „Кристијано Роналдо имал солидна сезона во Реал (25-6 гола во прва сезона од нов клуб и нова лига; моја забелешка), ама Португалија и Реал разочарале, па така со нив и Роналдо.“ Заклучок?
Меси не бил крив што Марадона бил тапа селектор. Па ни Роналдо не е крив што Квеироз е тапа селектор, ако глеаме така на работите. И не, не мислам дека Роналдо треба да ја добие наградата, туку Снајдер. Едноставно, најдобар беше. Сите знаеме како Шпанија дојде до финале и победи. Едвај! Почна со пораз, па се тетеравеше низ елиминациската фаза, среќно ги победи Португалија и Парагвај, единствено Германците ги надиграа, па потоа повторно имаа голема среќа во финалето. Додека Холандија газеше во фазата по групи, со одличен пресврт го елиминираше Бразил, стигна до финале, утна две 100% шанси и изгуби. Мене искрено воопшто не ме импресионираа Шпанците, како што тоа го направија на ЕП 2008.
Затоа се доделува награда секоја година. За да се награди играчот кој покажал најмногу таа година. Ако не, дајте Меси доживотно да го прогласиме за најдобар играч, иако имало и ќе има и подобри играчи од него.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.049
Поени од реакции
7.221

Потполно се согласувам. За оваа сезона најзаслужен за Златната топка е Снајдер и точка. Не само што Интер освои се со него како главна 10-ка, Холандија растури во квалификациите и на СП, штета што го загубија финалето...и да не заборавиме, од заборавен, потценет играч во Реал премина во сосема поинаква лига и направи бум. Ни Меси, ни Иниеста, ни никој друг не ја заслужи повеќе Златната топка ама нека, нека освојат барселонциве уште нешто се надевам тоа ќе им биде една од последните работи што ќе ги освојат оваа(наредните) години.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
^^^
Чисто само да не почнете да зборувате дека тоа шо се зборува во колумната е пристрасно, таа колумна е преведена од еден хрватски новинар, ја имаше по хрватските страници. Нит е пристрасна, нит е праена од некој што навива за Барселона.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom