No ne znam sto e razlikata vo brendovite, kvalitet i tie raboti
Нема да ги коментирам конкретните модели, туку генерален совет.
Квалитет нема кај ниту еден бренд гледај да има подолга гаранција, и се сведува на "како ќе ти се погоди".
Во поблизок круг роднини/пријатели имам видено да рокнат после гарантниот период: Самсунг (43к купен, дефектот беше поскап од нов тв, околу 400 евра дел +работна рака), ЛГ 37к купен(2 пати поправан во рок на гарантен период, таман помина гаранцијата пак на сервис 8000ки, прашање до кога ќе гура пред да летне на ѓубре), Панасоник (откако помина гаранцијата 2 пати носен на сервис, екран и диоди, вториот пат не се исплатеше поправка и пензиониран со 5 год старост), Philips (28k купен, еднаш сервисиран во гарантен период уште е под гаранција, ќе видиме до кога ќе гура), quart (5 години гаранција, 0 сервиси, 7ма година како се користи, а овие со јаките брендови ме заебаваа кога го купив).
Инаку ноунејм брендовите најчесто имаат мака со софтвер/кодеци, али ако ти е на хдми и стримаш од лаптоп ова не те загрижува, плус квалитет на екран (фанатици може да те убедуваат секако, боите, освежување, бла бла, дел од нив не ни разбираат/можат да ги видат тие разлики ако им го покриеш брендот, али ај...).