Најдобар избор на TV

koj e najdobriot tv na pazarot so najdobra cena i slika


  • Вкупно гласачи
    157

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Некој искуство или мислење за овие телевизори


Едниот има VA панел другиот IPS панел.
Што е разликата....некаде прочитав во контрастот?

Исто така ако има некој мислење за Филипс воопшто како марка дали вреди поточно за овие телевизори или да одам на сигурно со ЛЏ мада јас би сакал да е Андроид систем.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
LG најдобар бидејки OLED.
Исто и за Sony, ама знаеме сите што маани OLED панелите имаат. Затоа друга најдобра алтернатива е QLED од "Samsung.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Совет за 60 или 65 инчи qled телевизор?
По можност да не е прескап, значи некој entry qled модел.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Не чинат тие "од 1000 евра" .....еве еден добар за само 1650 евра
Зошто не чинат?
Што му фали на овој пример -
https://www.neptun.mk/categories/televizori/SAMSUNG-QE-58-Q60-TAUXXH

Знам дека OLED е појако, ама толку е буџетот :) Има нешто подобро за париве?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Зошто не чинат?
Што му фали на овој пример -
https://www.neptun.mk/categories/televizori/SAMSUNG-QE-58-Q60-TAUXXH

Знам дека OLED е појако, ама толку е буџетот :) Има нешто подобро за париве?
Супер е тој што го наведе! .....не го видов
Само да не е обичен LED....тоа веќе ми е одамна заклучено. QLED или OLED (најдобро!)....разликата е неспоредлива со само LED.
Јас се зезнав, буквално кажано со LG 65-кава
Према дневната за кај мене 65 е идеално, а може и поголем.......но никогаш повеќе обичен LED. Втора година го користам......за ТВ не е проблем, но на некој BluRay и тоа како доаѓа до израз.
Не дека е толку лошо, но не се споредува со QLED, а за OLED нема дискусија.
Со еден збор совет за сите, кои имаат буџет (а се работи за примарен телевизор) доволен за QLED или најдобро OLED.......бегајте од стандарден LED
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Со нашиве тв оператори небитно дали е Led, Oled, Qled, 4K и што ти ја знам каков. Кога ќе пуштиш SD тв канал ништо не ти мењава каков е екранот и телевизорот каков квалитет има. Е сега ако често се користи за гледање видеа преку интернет тогаш менува квалитет. Затоа при избор на телевизор мора да се размисли добро за што највеќе ќе ти користи во животот телевизорот. Нормално тука треба да се додаде и колкав буџет имаш за купување телевизор.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Со нашиве тв оператори небитно дали е Led, Oled, Qled, 4K и што ти ја знам каков. Кога ќе пуштиш SD тв канал ништо не ти мењава каков е екранот и телевизорот каков квалитет има. Е сега ако често се користи за гледање видеа преку интернет тогаш менува квалитет. Затоа при избор на телевизор мора да се размисли добро за што највеќе ќе ти користи во животот телевизорот. Нормално тука треба да се додаде и колкав буџет имаш за купување телевизор.
Држи вода, ама за 10+ години сешто може да се случи и за различни работи да го користиш телевизорот. Затоа нешто појака конфигурација не смета.
Автоматски споено мислење:

so mislenje imate za st od setec 100 evra 32 inci ?
Во помала просторија и за гледање тв е ок.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Да ви кажам OLED е секако ниво над сите.
Ниво над другите со подобри бои, контраст, темни црни бои.
Исто така е ниво над другите во цена, а е и ниво над другите во проблеми.

Сите знаеме за OLED Burn - In проблеми, тоа и јас сум го зборувал овде на форумот многу пати.
За оние кои што не знаат проверете си и ќе видите.
Што мислите, зошто нема толку многу OLED монитори. Оти со таск барот и иконите на Windows, тоа после година дена ќе се испечатат и испржат сите икони.
Решение постои, и се вика Pixel Shifting (поместување на пиксели) за да се намали веројатноста од појавување на Burn - In, ама тоа едно што го прави искуството со телевизорот уште полошо (замисли да гледаш тв и на секоја минута да ти се мрдаат пикселите, ќе си помислиш трипаш или нешто XD), туку и троши повеќе струја.

Јас пре би жртвувал да имам екран со полоши бои, полош контраст, него ли да имам екран кој што после 4 - 5 години ќе се појавуваат лога и текстови.

Еве ќе ви упростам. Ако гледате Сител, МТВ, Телма или слично често, тогаш со OLED телевизор да едно 5 години ќе го гледате нивното лого запечатено на екранот.

Решение за ова наведов погоре, и избегнување статички објекти да се прикажуваат толку често.

Затоа за мене QLED >> OLED

Јакото нешто, и освртот ќе биде Micro LED, ама тоа дур да дојде ќе има доста време, и кога ќе искочи ќе биде многу скапо.

Micro LED е буквално се што има OLED минус Burn - In проблемите, и проблемите со избледување на боите.

А инаку за OLED телевизори дефинитивно LG на прво место, после нив Sony, па Phillips на крајта.

Е сега исто така зависи за кого и како. Некои кои што имаат повеќе пари да фрлаат и да менуваат телевизори на секои 4 - 5 години тогаш не гледам никаков проблем да се оди со OLED телевизор, ама за тие како мене кои што менуваат телевизор на 10 - 12 години, не ви препорачувам да одите со OLED телевизор оти ќе се заебете.

За QLED Samsung се најдобри, имаат мислам во нептун за 80,000 или слично.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
Самсунг смарт ТВ нема youtube после 5 години
 

Kajgana Shop

На врв Bottom