Не ја разбирам дискусијава. Од една страна се тие што не слушаат метал, па ајде сега да докажат дека и самите тие се интелигентни, од друга се металците кои се правдаат дека не треба да се генерализира, ама сепак и тие се од истиот „вид” како оние горенаведените што моментално ги читате на врвот од вашето прозорче.
Контрадикцијата вечно ќе манипулира со нашите чувствителни егоистички „мојот-избор-е-најдобар” умченца. Металот е уметност, не секој го разбира, фала богу. Дали тој што го разбира вистинското значење од, да речеме, 80% од метал песните, се смета за интелигентен и натпросечен, или само успеал преку својата најчесто душевна состојба да се поистовети со темата во таа песна, па автоматски се фали дека тој е еден од ретките кои ја разбрале „вистинската” порака? Навистина не знам зошто споредувате турбо фолк со метал, сепак, колку и да не слушате метал, навистина веднаш ве сметам за неинтелигентни ако речете дека турбо фолкот е исто така музика, и дека неговите обожаватели би можеле да се исто така интелигентни, а можеби и повеќе од металците. Да си интелигентен не е исто со тоа да бидеш, да речеме, прв во математика, просто кажано. Да си интелигентен значи да го одбериш, во најмала рака, она за кое знаеш дека не те оглупавува.
Премногу се сложувам со исказот дека оригиналноста неможе да се споредува со интелигенцијата. Сакајќи еден металец да биде оригинален, може тотално да се обрука, навлегувајќи во бескрајни тунели. Тие за него претставуваат некои си возвишени емоции и филозофии, кои за другите изгледаат како обични реченици напишани од едно 11 годишно дете, кое пишувало состав на тема „Како ми помина денот”.
Сум сретнала доста металци кои го одбрале металот само за да изгледаат поразлично, мислејќи дека тоа ќе ги оддели од нормалните-глупави луѓе. Но со тоа не стануваат интелигентни, туку ексцентрични-глупави
. Сепак, интелигенцијата не му дозволува на еден поединец да биде вообичаен. Изгледа затоа повеќе од талентираните, паметни тинејџери кои очајно сакаат да ја избегнат бледата перцепција на повозразните, нивната поделба на добри и лоши, па одбираат еден невообичаен жанр на музика во којшто ќе можат бескрајно да ги толкуваат песните и текстовите, на начин на којшто тие сакаат, а не како што им проповедува едукативниот оддел на ова општество, кој да беше човек, би бил слепо старче кое само зборува, и се мава во сите бандери кои, подалечни или поблиски, ќе му застанат на патот.
Според мене секаде постојат и глупави, и паметни, па генерализацијата иако потребна за да се развие оваа дискусија, не е потребна, бидејќи не е реална. А поради тоа што на темава се генерализира на големо, можеме да дојдеме до заклучок дека сепак, бескрајните постови на оваа тема се залудни.